• Latest

Стерјовски: Во Албанија нема бугарско малцинство

August 22, 2022

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Стерјовски: Во Албанија нема бугарско малцинство

August 22, 2022 14:47
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во интервју за албанската телевизија „Еуроњуз Албанија“, лидерот на единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски изјави дека Бугарија ја смета за бугарска, не само македонската заедница во Албанија, туку и во балканските земји и тоа е поврзано со политиката на Софија кон Скопје, пренесува МИА.

-Во Албанија нема бугарско малцинство. Сета оваа е поврзано со политиката и односот на бугарската држава, што таа го има воопшто со македонската нација и со Македонија, но и секаде каде што има македонско малцинство во другите балкански земји, Бугарија тврди дека тие се Бугари. Бугарија ја прошири својата пропаганда и во областите каде што живее македонското малцинство во Албанија, во областа Гора, Преспа и Голо Брдо, вели Стерјовски.

Додава дека, искористувајќи го членството во Европската Унија, Бугарија, заканувајќи се со вето извршила притисок врз Албанија да признае непостоечко малцинство.

-Искористувајќи го членството во Европската Унија, Бугарија, изврши притисок врз Албанија и така беше признато во 2017 година непостоечко бугарско малцинство, кога не се исполнуваше ниту еден критериум за признаено на вакво малцинство затоа што од сите пописи направени во Албанија од создавањето на албанската држава до денес нема ниту едно лице кое се изјаснило за Бугарин. Исто така, во сите извештаи што Албанија ги прави за меѓународните организации кои ги следат правата на малцинствата, во ниту еден од овие извештаи не стои дека албанската држава изјавила дека има бугарско малцинство. Токму под притисокот на Бугарија во 2017 година и заканата со вето на членството на Албанија во ЕУ беше признаено непостоечко бугарско малцинство, посочува тој.

 

Оценува дека македонското малцинство се чувствува загрозено а однесувањето на Бугарија „внатрешно мешање во работите на Албанија, од каде пак нема никаква реакција“.

-Македонското малцинство се чувствува загрозено. За жал, немаме одговор од албанската држава за сета оваа бугарска пропаганда што се одвива во областите каде што живее македонското малцинство. За нас, активноста на Бугарија, која со методите на 19 век се обидува да го асимилира македонското малцинство во Албанија е мешање во внатрешните работи на Албанија. Како пратеник во Парламентот на Албанија, многупати сум ја искажал оваа загриженост, особено работата на бугарската амбасада и сите активности што ги спроведува за асимилација на македонското малцинство во Албанија. Побарав реакција од албанските институции, но, за жал, за Албанија приоритет беше отворањето на преговорите за членство во ЕУ и да нема проблеми со Бугарија и ја остави слободно да се шири оваа бугарска пропаганда и за жал, имаме грубо мешање во внатрешните работи на Албанија за асимилација на македонското малцинство, посочува Стерјовски.

Побарав, нагласува, реакција од албанските институции, но, такво нешто нема.

-Но, за жал, за Албанија приоритет беше отворањето на преговорите за членство во ЕУ и да нема проблеми со Бугарија остави слободно да се шири оваа бугарска пропаганда. За жал, имаме грубо мешање во внатрешните работи на Албанија за асимилација на македонското малцинство, изјави Стерјовски за „Еуроњуз Албанија“, најавен како поранешен пратеник и лидер на МАЕИ.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ