• Latest

Стојановска: Објавената фотографија од Јанева во домашен притвор е нарушување на приватноста

November 22, 2019

Зеленски: За една недела Русите употребија околу 1.270 беспилотни летала, 39 ракети и 1.000 лизгачки бомби против Украина

July 7, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Колку нашата држава е спремна да се справи со пожарите?

July 7, 2025
Азербејџански војници. Фото: Министерство за одбрана на Азербејџан (mod.gov.az)

Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензиите со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

July 7, 2025
Фотографија: Скриншот - Франкфуртер Алгемајне Цајтунг (faz.net)

„Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Концертот на Томпсон во Загреб – рехабилитација на усташкиот режим пред половина милион луѓе

July 7, 2025
Фото: Wikimedia commons

Јулска сесија на Европарламентот, на агендата и Извештајот на Вајц за земјава

July 7, 2025
80 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo: Screenshot Sky Tv

Во поплавите во Тексас загинаа најмалку 80 луѓе, меѓу кои 28 деца

July 7, 2025

(ГРАЃАНСКИ ФОРУМ) РЕАКЦИИ: Да се воведе данок на глупост за да се пополни буџетот, да се изгласаат уставните измени или да си одат – им порачаа граѓаните на властите

July 7, 2025
Фото: ДЗС

Нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Al Jazeera English

Израел изврши напади врз цели на Хутите во Јемен, први по прекинот на огнот меѓу Израел и Иран

July 7, 2025
Фото: News Coverage  / Инстаграм

Украина спроведe една од најоддалечените операции на саботажа на руската воена инфраструктура во близина на Владивосток

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Стојановска: Објавената фотографија од Јанева во домашен притвор е нарушување на приватноста

November 22, 2019 13:38
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Приватноста на домот, приватноста на местото каде што едно лице престојува е категорија заштитена и гарантирана со Уставот и со Законот за заштита на личните податоци.

Во медиумите денеска е објавена фотографија на која поранешната обвинителка со која се нарушува приватноста на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева осомничена во Рекет. Таа е фотографирана како седи на терасата од станот каде што престојува во домашен притвор во Скопје, а притоа се открива и адресата.

„Во однос на јавниот интерес многу податоци што беа објавени во јавноста во изминатиот период се оправдани. Во конкретниов случај зборуваме за специјалниот јавен обвинител. Но, повторно се наоѓаме во ситуација кога медиумите бркајќи го оној момент на ексклузивност го забораваат правото на приватност кое што не значи дека јавната личност го нема заради тоа што од која и да е причина е јавна личност“, вели за МИА Елена Стојановска од Метаморфозис, експерт за заштита на лични податоци.

Таа додава дека во случајов има нарушување на приватноста на домот и престојувалиштето што е гарантирано со Уставот.

„Тоа значи дека дали некој престојува во домашен притвор, во затвор или во болница, тоа во моментот на престојување се смета за негово престојувалиште, место на кое што единствено смее и може да живее па согласно тоа приватноста на домот или престојувалиштето би требало да биде гарантирана, без разлика на тоа дали станува збор за јавна личност или не“, вели за МИА Елена Стојановска од Метамофрозис, експерт за заштита на лични податоци.

Таа е децидна дека приватноста на домот, приватноста на местото каде што едно лице престојува е категорија заштитена и гарантирана со Уставот и со Законот за заштита на личните податоци, а кога некое лице е во улога на пациент не смее да се заборави и Законот за заштита на правата на пациентите.

„Бркањето на ексклузивност со истовремено прекршување на Уставот и на два други закони, не може да биде оправдано по ниту еден јавен интерес“, вели Стојановска.

Ова не е прв случај да бидат објавени фотографии од близина на живеалиште или место каде што некое осомничено лице престојува.

„Вакви случаи имавме и во минатото кога еве како пример ќе потсетам кога имаше објавена снимка снимана низ клучалка од затворска ќелија, имавме можност да видиме каде живее осомничен за сериски убиства, буквално со камера се влезе во дворот и се издаде адресата на живеење на тоа лице“, вели Стојановска.

И во актуелниот случај со Јанева објавена е адресата каде што таа престојува.

„Во овој случај адресата на живеење се смета за личен податок од причина што кога ќе се доведе во корелација со останатите податоци, односно во овој случај тоа е фотографијата, врши директна идентификација на лицето. Забораваме која би била штетата од објавувањето на оваа фотографија и што порака пренесува оваа форографија, која е важноста на информацијата во тоа дека седи на тераса“, рече Стојановска.

За неа е спорна битноста на информацијата, но исто така може да се проблематизира и времето кога е таа направена.

„Ние не можеме да знаеме дека таа фотографија е од вчера“, вели Стојановска во изјавата за МИА.

Загрозувањето на приватноста односно злоупотребата на личните податоци, кај нас е казниво според Кривичниот законик. Во членот 149 се наведува дека тој што спротивно на условите утврдени со закон без согласност на граѓанинот прибира, обработува или користи негови лични податоци, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Доколку тоа го стори службено лице казната е од три месеци до три години.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ