• Latest

Стојковски: Предизвик за македонските евроинтеграции се случувањата со бугарските клубови, тоа може да го забави процесот

November 25, 2022
Парламент во Грција/Фото: МИА архива

Европската комисија ја казни Грција со 392 милиони евра за злоупотреба на земјоделски субвенции

June 17, 2025

ЕК ѝ изрече на Грција казна од речиси 400 милиони евра поради злоупотреби со земјоделските субвенции

June 17, 2025
Лидерите на Самитот Г7 во Канада. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Лидерите на Г7 повикаа на „деескалација“ на Блискиот Исток, вклучително и прекин на огнот во Газа

June 17, 2025

Битиќи: Владата не презема ништо за високите цени иако има механизми

June 17, 2025

Капитулација

June 17, 2025
Последициод рускиот комбиниран воздушен напад на Кијив. Фото: Телеграм канал на Володимир Зеленски

Најмалку 14 мртви, 55 повредени во масивниот руски воздушен напад врз Кијив

June 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп ги повика Иранците да го напуштат Техеран додека иранско-израелскиот конфликт влегува во петтиот ден

June 17, 2025

Има ли комарци на Пониква?

June 17, 2025

24 ЧАСА: Родителите на жртвите од Кочани бараат објаснување од ОЈО; Тошковски тврди дека е намалена е стапката на криминал; Војната меѓу Израел и Иран – можност за Русија да продолжи со агресијата против Украина

June 16, 2025
Фото: Фејсбук

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали верувате дека стапката на криминалот е намалена?

June 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Стојковски: Предизвик за македонските евроинтеграции се случувањата со бугарските клубови, тоа може да го забави процесот

November 25, 2022 15:17
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На почетокот на овој месец Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ со македонскиот преговарачки тим беше во Брисел на првиот состанок за билатералниот скрининг кој започнува со Поглавјето 5, и се однесува на „Јавни набавки“.

Андреја Стојковски директор на Институт Преспа за „Локално“ вели дека активностите што ги има преговарачки тим во Брисел се буквално дел од преговорите иако за отворањето на поглавјата услов се Уставните измени во Парламентот со кои Бугарите треба да влезат во преамбулата.

– Една од основните цели на скринингот е да се утврди разликата што постои во секое од преговарачките поглавја, меѓу законодавството на земјата кандидат и правото на ЕУ. Маричиќ и преговарачкиот тим им ја претставуваат на експертите од Европската комисија македонската законодавна рамка и нивото на усогласеност со правото на ЕУ во ова поглавје од преговарачкиот процес, вели Стојковски.

– Тие се букавално дека од преговорите – зашто објаснувачкиот скрининг значи претставување од страна на ЕУ што е тоа врз основа на кое што нас ќе не оценуваат, или што е тоа за што ќе преговараме. Ние во основа на тој објаснувачки скрининиг одлучуваме потоа, поточно подготвуваме претставување што во суштина сме направиле досега и каде се наоѓаме во процесот. Од Владата и Секретрајатот за Европски прашања известија дека имаме околу 42 до 45 проценти усогласеност. Тие 42 или 45 проценти на усогласенсот со Европското законодавство треба да го прикажат на билатералниот скрининг. И кога ќе го направат тоа на билтералниот скрининг потоа Европската комисија поодготвува скрининг извештај врз основа на што државите членки утврдуваат преговарачки позиции”, вели Стојковски.

Скрининг-процесот за Македонија е предвиден да заврши во ноември 2023 година.

Предизвик за македонските евроинтегарции се и случувањата со клубовите со Бугарија

Почетокот на преговорите на Македонија со Унијата се случи оваа година на 18 јули кога официјално Скопје ја одржа првата меѓувладина конференција со ЕУ по прифаќањето од Македонија и Бугарија  на таканаречениот француски предлог. Но промената на Уставот е услов за официјално да започне отворањето на поглавјата.

Сега пред Собранието е предизвикот да се донесат уставни измени, односно внесување на Бугарите во македонскиот Устав, што е услов за продолжување на преговорите со ЕУ по поглавја. За уставни измени е потребно дво-третинско мнозинство. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ кажа дека нема да поддржат отворање и интервенции во Уставот се додека Европската Унија не даде гаранции дека земјата ќе влезе во Унијата и дека нема да биде предмет на дополнително вето од источниот сосед Бугарија.

Сепак властите се оптимисти дека Македонија може да ги заврши преговорите со ЕУ во 2030 година.

Стојковски вели дека тој би сакал тоа и порано да се случи но имајки ја предвид бавноста на ЕУ и случувањата таму, и тоа е добро.

„Би бил и пооптимист и би сакал и порано но имајќи превид колку е ЕУ бавна, добро е“, коментира тој.

„Предизвик за македонските евроинтеграции се и случувањата со бугарските клубови. Тоа може да го забави процесот“, смета Стојковски.

„Оние кои ги прават сите овие инциденти, напади, кршења, вандалски чинови во принцип не станува збор за луѓе на кои туку така им текнало, туку станува збор за подготвени и иструирани напади. Станува збор за стратегија на интереси и цели на некои други. Оттука може да го забави процесот, стратегијата е токму тоа, да се провоцираат двете страни за да се направи проблем и да може тоа да се искористи. Во принцип едната страна тие што ги прават нападите ги провоцираат бугарските власти за нивна реакција, од друга страна овде истите тие што ги прават нападите ги притискаат нашите власти и ги напаѓаат заради оценка дека станува збор за вандалски чин итн и се обидуваат да изнудат реакции кои ќе направат нов проблем“, вели Стојковски.

Во меѓувреме во јавноста често се зборува дека со отворање на скриниг процесот со ЕУ што се случи во јули годинава може да се очекува дека ќе почнат да влегуваат повеќе пари од пристапните европски фондови во државата. Стојковски вели дека праксата досега била таква. Но за тоа нема гаранции, и многу работи зависат и од квалитетот на нашата адмнистрција, но и од други причини.

Пристапнините фондови се утврдени со условите за ИПА уште пред добивањето на француксиот предлог, односно пред испорачувањето на Францускиот предлог.

За регулативата на ИПА е утврдено дека за сите држави од Западен балкан, за сите држави во процесот на пристпување да има 9 милиони определни во 5 прозорци на принцип на конкурентност и на отворен пристап.

„Се разбира ќе се води сметка за географските карактеристики и демографските карактеристики на државите, значи поголема држава побројна популација – повеќе пари, но зависи од капцитетот на државите за искористување, исто така зависи од тоа во каква фаза на процесот е државата. Нема гаранција дека од тие пари ќе ни следуваат повеќе, но праксата досега била вообичаено таква или искуството така покажува односно може да се очекува ама не може да се гарнтира тоа. Тоа зависи најмногу од нашиот квалитет на администрацијата да подготви проекти кои се одржани, одржливи и подобни за финасирање од Унијата“, вели Стојковски.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    501 shares
    Share 200 Tweet 125
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    223 shares
    Share 89 Tweet 56
  • УНХЦР: Во светот има 122 милиони насилно раселени лица

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Османи до Мицкоски: Можеш да вреѓаш, да се закануваш, да фрлаш клетви и анатеми, да колнеш, но, ние Албанците не сме гости во оваа земја туку домаќини

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Предлогот од ЛДП за воведување една изборна единица на 53. седница на Собрание

    98 shares
    Share 39 Tweet 25

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ