Во следните денови НАТО ќе и испорача одбранбени системи на Украина против напади со беспилотни летала, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг на безбедносната конференција што се одржува денеска во Берлин.
Најважното нешто што можеме да го направиме сега е да го испорачаме она што го вети НАТО, а тоа е уште повеќе системи за противвоздушна одбрана, истакна Столтенберг.
Системите за противвоздушна одбрана ќе можат да ја одбранат Украина од дронови од иранско производство со кои Русија веќе неколку дена интензивно ја напаѓа енергетската инфраструктура на земјата.
НАТО ќе испорача специјални системи против дронови во наредните денови, кои ќе можат да одбранат и напади од ирански беспилотни летала, додаде Столтенберг.
Украинските власти соопштија дека голем број дронови уништиле речиси една третина од електраните во земјата во изминатите денови.