• Latest

Странд: Северна Македонија да ги усвои уставните измени, се надевам нема да има билатерални прашања што ќе го попречат процесот на проширување

October 2, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (1): Отисокот на руското влијание во Северна Македонија

November 9, 2025
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Странд: Северна Македонија да ги усвои уставните измени, се надевам нема да има билатерални прашања што ќе го попречат процесот на проширување

October 2, 2025 15:40
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Се надевам нема да гледаме премногу билатерални прашања коишто ќе го попречат процесот на проширување на ЕУ во иднина. Jа поттикнуваме Северна Македонија да оди напред кон отворање на првиот Кластер што е можно побрзо, како и да ги усвои уставните измени што беа договорени“, изјави денеска финскиот министер за европски прашања Јоаким Странд, на заедничката прес-конференција со министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

Странд нагласи дека Финска ги охрабрува земјава како и останатите држави од Западен Балкан да го искористат овој момент, и повтори дека нема да се повторуваат вакви билатерални прашања што ќе го попречуваат пристапниот процес.

Тој ја поздрави државава за остварениот напредок на економски раст и на Реформската агенда, каде што, како што нагласи, земјата е предводник во добивањето финансии во согласност со Планот за раст на Западен Балкан.

Финскиот министер подвлече дека во моменталната безбедносна ситуација во Европа треба да го засилиме единството и да работиме уште поинтензивно да се интегрираме економски во Европа – обединета Европа. Проширена Европска Унија ќе ја зајакне нашата безбедност и ќе ги направи нашите економии поотпорни и ќе им донесе просперитет на луѓето.

На новинарско прашање што доколку и по Нова година не се придвижат работите на планот на ЕУ за земјава, Странд одговори дека тоа што во моментиот Албанија и Црна Гора се движат побрзо го гледа како позитивен момент за цел Западен Балкан.

-Ако продолжите да работите со амбицијата којашто ја имате и со резултатите што ги дава господинот Муртезани, немам кај мене загрженост дека ќе заостанете, дури мислам и дека ќе забрзате, и ќе се приближите до овие две земји, рече Странд.

На прашањето за реформите, посебно во областа на животната средина, Странд кажа дека има многу нешта кои треба да се сторат кога ги разгледуваме различните кластери, области и сектори.

Како што истакна Странд, борбата против корупцијата и владеењето на правото се многу поважни теми но се разбира, рече, треба да се нагласат и нештата поврзани со животната средина, но тие нешта ќе бидат и полесни за справување како членка на ЕУ.

Министерот Муртезани, од своја страна, изрази искрена благодарност за доследната и принципиелна поддршка на Финска, оценувајќи дека таа останува меѓу најгласните поддржувачи на европската интеграција на Северна Македонија. Во оваа насока, министерот се осврна на реализираните твининг проекти со фински институции и на подготвеноста за нивно продлабочување во областа на јавната администрација, медиумите и дигиталната трансформација, пренесе МИА.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ