На 17 јуни, студентите кои веќе неколку месеци ги блокираат факултетите, инсистирајќи на одговорност за смртта на 16 лица при падот на настрешница во Нови Сад, поднесоа кривична пријава против српскиот претседател Александар Вучиќ до Обвинителството во Белград, бидејќи, како што наведоа, „поради рејтингот“, тој ги посетил повредените од пожарот во дискотеката во Кочани, во Северна Македонија, во Клиничкиот центар на Србија, јавуваат српските медиуми.
„Не сакаме политички конфликти, не сакаме одмазда, туку одговорност“, рекоа студентите пред зградата на Првото основно обвинителство во Белград.
Во говорот што го прочита еден од студентите во блокадата, кој не се претстави, се наведува дека Вучиќ влегол во болницата „без маска и ракавици, но во придружба на одредени медиуми, додека пациентите лежеле пред него во болка“.
„Тоа не беше само арогантен гест, туку и понижување на здравствената заштита и повредените лица. Изгорената кожа не е билборд, правдата за нив е правда за сите“, рече претставникот на студентите во блокадата.
Студентите во блокадата рекоа дека бараат од обвинителството да „постапи според законот“. На студентите во блокадата им се придружи и Здружението на здравствени работници, кои го истакнаа слоганот „Здрав систем, здрави луѓе“ на голем транспарент.