• Latest

Судењето за убиството на Ѓорчевска и Жежовски продолжува на 27 јануари

January 20, 2025

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Судењето за убиството на Ѓорчевска и Жежовски продолжува на 27 јануари

January 20, 2025 15:13
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Со изведување на видео записи од безбедносни камери денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски. Судењето продолжува на 27 јануари.

Обвинителство на денешното рочиште презентираше видео записи од системот Сејф сити, за кои рече дека се обезбедени со пребарување по регистарски таблички на возилата Цитроен и Рено Кангу.

Возилото Цитроен на убиениот Панче Жежовски, со кој е грабната Вања на видео од критичниот ден на 27 ноември 2023 година во 6 часот и 28 минути е забележано на крстосницата на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ со улицата „Ферид Бајрам“, во Чаир, како се движи кон Центар. Во 6 и 29 минути продолжува по булевар „Цветан Димов“ кон Бит Пазар и кај крстосницата со Мавровка врти по булевар „Гоце Делчев“ кон мостот „Гоце Делчев“ и во 6 часот и 33 минути се приклучува на булевар „Илинден“ и на крстосницата кај Влада, се исклучува по улица „Орце Николов“.

Во 6 и 36 минути Цитроенот е забележан на паркингот на улица „Михаил Цоков“, кај хотелот „Парк“ и продолжува кон зградата на Вања на улица „Наум Наумовски Борче“.

Возилото Рено Кангу на критичниот ден на 27 ноември околу 6 часот и 25 минути е забележано како се движи по улица „Бутелска“, по „Христијан Тодоровски Карпош“, па булеварот „Цветан Димов“ кон Центар. Кај Мавровка во 6 часот и 29 минути врти по булевар „Гоце Делчев“ кон мостот „Гоце Делчев“ од каде продолжува кон булевар „Партизански одреди“ кај Соборниот храм, кон Карпош. Се исклучува на улицата „Ленинова“ во Дебар Маало.

На видео од 7 часот и 30 минути возилото Кангу се гледа како движи од Дебар Маало и со вртење во лево се вклучува на „Илинденска“ на место каде според сообраќајните знаци не смее да врти лево. Потоа на крстосницата на булеварот „Илинден“ со улицата „Наум Наумовски Борче“ се забележува како продолжува по „Илинденска“ кон Зоолошка и врти десно по булеварот „8 Септември“ кон мостот кај Александар Палас во правец кон Момин поток. Во возилото има едно лице, само возачот.

Претходно, Цитроенот беше прикажан на безбедносните камери Сејф сити, како се движи на улиците во Скопје и неколку дена пред критичниот ден на 24 ноември 2023 година, од улица „102“ во населба Маџари во 6 часот и 36 минути и преку надвозникот кај Триангла се приклучува на булевар „Александар Македонски“. Потоа се гледа како возилото во 6 и 40 минути од булеварот врти кон улицата „Интернационални бригади“, кај Дојрана, потоа право покрај Ист Гејт по булеварот „Гоце Делчев“, кај Мавровка и по мостот „Гоце Делчев“, кај Влада врти лево и потоа продолжува по улицата „Орце Николов“ и кон зградата од каде е грабната Вања на критичниот ден, неколку дена подоцна на 27 ноември.

На видео од 25 ноември 2023 година во 21 часот возилото Цитроен се забележува како повторно се движи од Триангла, во Маџари по булевар „Александар Македонски“, каде потоа е забележано заедно со возилото Рено Кангу.

На првите неколку видеа, презентирани од Обвинителството, се гледа како обвинетиот Влатко Кешишев наплаќа и полни балон со бензин на бензинска станица Макпетрол, кај Транспорниот центар Скопје во близина на партијата Десна околу 5 часот наутро на 27 ноември 2023 година.

Во судница беа презентирани и неколку видеа од безбедносни камери од возилото Рено Кангу, како се движи во Центар, од седиштето на партијата Десна, кон салата Јане Сандански во Аеродром и потоа во правец кон Автокоманда, околу 5 часот и 33 минути на 27 ноември 2023 година.

На видео записи од камерите на Сејф сити, беше прикажано движење на возило мерцедес, сопственост на обвинетиот Велибор Манев на 20 ноември 2023 година во 9 часот и 30 минути како се движи по булевар „Гоце Делчев“ кај Ист Гејт.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

Бранителот на Палевски, адвокат Јовица Страшески, пред крајот на денешното рочиште приговараше на изведувањето на дел од доказите, за кои, како што рече, не е јасно како се поврзани со со обвинетите и кривично правниот настан, со оглед дека на видеата не се гледаат јасно ниту регистарските таблички ниту лицата во возилата.

– Ниту Рено Кангуто, ниту Цитроенот денеска Обвинителството не докажа дека има движење кон живеалиштето на Вања. Сите денеска изведени докази не се релевантни, ниту поврзани со кривично правниот настан и обвинетиот Љупчо Палевски Палчо, изјави Страшески.

Приговор на листа на докази на Обвинителството, изрази и прво обвинетиот Палевски Палчо, посочувајќи дека на листата од 197 докази има дуплирани докази.

– Барам да си ја уреди листата на докази оваа супер обвинителска екипа што ме обвинува. Сакам да најавам дека на следното рочиште ќе барам изземање на целото обвинителство, за што ќе приложам докази, изјави Палевски

На минатото рочиште, обвинителката Жаклина Трајковска во кратка содржина пред Судот образложи 180 од вкупно 197 докази, кои се однесуваат на локациите каде биле најдени жртвите, наодите од увидите на истражните органи, најдените траги, обдукциските наоди, како и извештаи од психијатриските вештачења.

Како што посочи обвинителката, жртвите биле усмртени со истрел во главата од непосредна близина, со ист калибар на куршум од 9 милиметри, посочувајќи дека обдукцијата покажала дека Вања не била задушена, односно и двете жртви биле живи во моментот на егзекуцијата. Според ДНК анализата од самолепливата лента која била на устата на Вања, пронајдени се мешани траги од девојчето, како и, најверојатно траги од обвинетиот Велибор Манев.

На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат виновни.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Извор: МИА

Фото: МИА архива

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ