• Latest

Сугарески: Со новиот закон за легализација нема да се создаде урбанистички хаос

December 12, 2019
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Сугарески: Со новиот закон за легализација нема да се создаде урбанистички хаос

December 12, 2019 12:32
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Најавениот нов закон за легализација на дивоградби изградени до октомври 2019 година сè уште се дефинира, набрзо треба да биде доставен до Владата, но нема да  создаде урбанистички хаос и да овозможи легализација на сите објекти, туку  само на тие за кои ќе се исполнат условите, тврди министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Досега со законот е дефинирано дека за легализација на нелегалните објекти ќе може да аплицираат и граѓаните кои ги испуштиле роковите за доставување документација со сегашното законско решение,  како и дека ќе се плаќаат комуналии за дивоградбата плус 50 проценти од тој износ како казна, а од таа давачка ќе бидат ослободени лицата од социјален ризик. За оние кои поднеле барање според стариот закон, укажа денеска Сугарески, ќе важат одредбите според кои за легализација се плаќа по евро за метар квадратен.

Сугарески очекува високата цена за легализација со новиот закон наспроти сегашното решение да придонесе да престане градењето на диво. При дефинирањето на законот се разгледува и барањето од архитектите да се дозволи легализација само ако објектот е сеизмички изграден. Се уште се дефинираат одредени работи со Агенцијата за катастар на недвижности, како што се каналските водови, како и со Министерството за животна средина за да биде во целост доставен во Владата и понатаму доколку таа го утврди  да оди на гласање во Парламентот. Дефинирани се работите  за цената за комуналии плус 50 проценти како еден вид казна, како и тоа дека ќе бидат ослободени лицата од социјален ризик. Работиме интензивно на работите што не се усогласени со цел најбрзо да биде доставен до Владата, рече Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Агенцијата за катастар на недвижности.

Според Сугарески, засега не може да се процени колку нови барања за легализација ќе има затоа што не се знае колку граѓани не ги искористиле роковите со сегашниот закон, но треба да се има предвид инстересот кај општините за легализација со оглед на предвидениот период за легализирање заклучно со октомври годинава.

– Сакам да ги отфрлам сите шпекулации дека со новиот закон ќе се направел тотатален урбанистички хаос. Тоа не е точно и стојам  зад тоа тврдење затоа што ќе има дел одредби што апсолутно го регулираат тој дел. Ако ги гледаме сите  аспекти од 2017 година наваму драстично е намален бројот на изградба и со ова треба да биде расчистена дилемата за утврдување на правниот статус на објектите, или ќе се легализираат  тие што ги исполнуваат условите или ќе се уриваат. Нема секој секаде да може да легализира, таа теза со индигнација ја отфрлам. Тоа нема да се случи. Даваме можност онаму каде што тоа е дозволиво согласно со урбанистичките планови и затоа се правени усогласувања со министерствата за животна средина, за економија, за култура…, рече Сугарески.

На  новинарско прашање кога конечно ќе се стопира градењето на диво Сугарески потенцираше дека во Законот за градење многу јасно е дефинирано дека има казни за диво градење, па дури и затворски казни, како и дека треба да се разграничи дека државата легализира инфраструктурни проекти, а општините останатите.  – Улогата на општинските градежни инспектори е сериозна и тие треба да ги почитуваат надлежностите што ги имаат. Проценката на една општина дека може со еден или двајца  инспектори да функционира е лажна и затоа согласно со  систематизациите што ги имаат тие може да  примаат инспектори со цел да не настане хаос, наведе Сугарески.

Како што информираше директорот на Катастарот Борис Тунџев  со постојниот закон се спроведени решенија за легализација на 245.544 објекти.

Тунџев очекува со новиот закон за легализација да се направи посебен исчекор во легализацијата на инфаструктурните објекти. – Досега многу мал процент од тие објекти е запишан во  Катастарот на инфраструктура, атоа посебно е поволност за сите иматели на инфраструктурни објекти, почнувајќи од електроенергетските компании, телекомуникацисите услуги и други професионални компании кои  имаат сопствена инфраструктура. Ги  повикувам општините да си преземат мерки за сите комунални претпријатија кои се преминати во нивна сопственост, како водоводна и канализациска мрежа, истакна Тунџев.

Со актуелниот Закон беа поднесени над 430 илјади барања за легализација, а во рокот што се продолжуваше во два наврата имаа право да аплицираат сопствениците на дивоградби изградени до 3 март 2011 година.

Извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ