Пушачите веројатно се поранливи на COVID-19 бидејќи чинот на пушење значи дека прстите (и евентуално контаминираните цигари) се во контакт со усните што ја зголемува можноста за пренесување на вирусот од рака во уста. Пушачите можеби веќе имаат белодробно заболување или намален капацитет на белите дробови што значително го зголемува ризикот од сериозни болести, предупредуваат од Светската здравствена организација.
Продуктите за пушење, како на пример бонгови и наргилиња, често подразбираат заедничко користење на делови од инструментите кои доаѓаат во директен контакт со устата и на црева, што може да го олесни преносот на коронавирусот што ја предизвикува заразната болест COVID-19 во социјални средини.
Условите што ги зголемуваат потребите од кислород или ја редуцираат способноста на телото да го користи соодветно ќе ги стават пациентите во поголем ризик од сериозни белодробни заболувања како пневмонија.