• Latest

Талеска: Новинарите треба да ја презентираат вистината, а не да слугуваат

February 21, 2018
Скриншот од видео на WION

Украински дронови ја нападнаа Москва во текот на ноќта, пријавени експлозии во повеќе делови од градот и околниот регион

October 27, 2025
Фото: Х

Литванија ја затвора границата со Белорусија на неодредено време откако балони го нарушија воздушниот простор трета ноќ по ред

October 27, 2025
Фото: Полициска управа на Црна Гора

Црна Гора итно го укинува безвизниот режим со Турција откако синоќа беше претепан и избоден жител на Подгорица

October 27, 2025

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Талеска: Новинарите треба да ја презентираат вистината, а не да слугуваат

February 21, 2018 14:10
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Моника Талеска е долгогодишна новинарка, која со своето искуство и професионализам дава максимум од себе за новинарството како на локално, така и на централно ниво. Во моментот таа е советничка за односи со јавноста во Општина Прилеп и во разговор со ЦИВИЛ Медиа, зборуваше од двете позиции за слободата на медиумите, предизвиците со кои се соочуваат, како и за потребите за подобрување на состојбата на медиумите Македонија. 

ЦИВИЛ Медиа: Што за вас претставува слободата на изразување и слободата на медиумите?

Талеска: Секој граѓанин треба да има право да го каже слободно своето мислење, своите ставови, да ги дефинира, да ги манифестира секаде, се разбира во една рамка што значи цивилизирано однесување. Во овој контекст особено е значајна слободата на медиумите.

Медиумите се всушност креатори на јавното мислење. Продукцијата на вести засновани на начелата на новинарство, што значи тшчно, вистинито и балансирано информирање, се темелот на она што значи објективно новинарство, креирање на јавното мислење, согласно овие начела. Само тогаш, кога имаме слободни медиуми, ќе имаме е објективно јавно мислење. Во спротивно се соочуваме со она што значи спин конструкција, креирање на лажна слика за реалноста, а вистината е нешто друго.

За 12 години Македонија, македонските граѓани, македонското новинарство, беа заробеници на една слика на објективната реалност. Најголем дел од медиумите беа слуги на власта. Многу новинари отстапија од новинарските начела, а голем дел и од постулатите на едно граѓанско општество. На тој начин станаа слуги и сервис на режимот, а медиумите одиграа една значајна улога во одржување на недемократска власт.

Граѓаните беа загобени, институциите, исто така, но со доаѓането на новата власт, забележителен е еден процес на враќање на медиумите на добар пат. Навистина, тешко, споро оди овој процес, меѓутоа кога зборуваме за националните медиуми, можеме да кажеме дека се враќаат кон базичното новинарство.

Ако ова го проектирам во локални рамки, не може да се каже. Во Прилеп нема многу новинари што се отвораат кон процесите… имаме еднострано информирање, за жал, сè уште е таква состојбата… Дел од локална телевизија или весник сè уште своето информирање го темелат на спинови и деинформирање. Но, како што вели народната поговорка, вистината е танка, но не се кине…

ЦИВИЛ Медиа: Дали некогаш сте се соочиле со притисоци од бизнис или политичките центри на моќ и како сте се справиле со нив?

Талеска: Ќе звучи можеби позиционо, како да сум приврзаник на некоја политичка партија, иако не сум и сметам дека тоа се коси со етиката, моралот и кодексот на еден новинар. Во моментот сум ангажирана како советник за односи со јавност во Општина Прилеп и можам и од таа позиција да говорам, но и како новинар.

Во 12 години режим, во првите неколку не, но потоа имаше толку силен притисок на еден локален медиум, којшто власта целосно го згасна и затвори. Можам да кажам дека сум очевидец на процес на уништување и руинирање на локален медиум што во себе инкорпорираше телевизија, радио и весник. Со тоа беше пресечен како со ножици гласот на народот. Овој медиум имаше традиција од 50 години ги ставија пред свршен чин да не можат да добијат објективна информација.

Јас лично со претходната власт бев изложена на притисоци и закани, дури и лични закани примив и од претходниот градоначалник Марјан Ристески, со еден недоличен вокабулар, со едно многу примитивно однесување. Зошто? Затоа што токму на ПивоФест, како дописник на ТВ Телма, сакав да информирам за реконструкцијата на џамијата во Прилеп какокултурен споменик. Барањето на став во било кое време е право на медиумот и новинарот. Никогаш, претставниците на институциите, особено од локалната самоуправа и градоначалникот од било која провиниенција не смее да се меша во работењето на медиумите.

Во тој период бев изложена и на други притисоци, закани, бев туркана, фрлани беа реквизитите, камерата, микрофонот…колата ми ја оштетија во повеќе наврати… Одите на прес-конференција, поставувате прашање, секогаш те оцрнет бидејќи ја барате вистината.

Она што сакам да го порачам како советник за односи со јавноста, ова досега беше како новинар, а го знаат прилепските новинари, иако дел од нив прават спинови дека во секој момент можат да добијат информации за сè што е во интерес на граѓаните. Среќа имаме градоначалник што има демократски хабитус. и покрај тоа што дел од медиумит прават спинови, дезинформираат или неинформираат за работата на локалната власт, тој има навистина доблест да ги повика и да поразговара и да ја презентира вистината…

ЦИВИЛ Медиа: Што е потребно за одбрана на слободата на медиумите?

Талеска: Закон има. Според мене потреба е свесност кај граѓаните дека се манипулирани. Со следење на вестите  од два -три медиуми, секако дека секој граѓанин без оглед на тоаколку има или нема едукација за новинарство, ќе дојде до она што значи објективна вистина.

Меѓутоа есенцијата на оваа прашање лежи во природата на новинарот. Колку новинарот како човек е посветен и е одраз на она што значи граѓанска одговорност. Колку тој како човек ги почитува законите, колку го почитува кодексот на новинарството, колку во себе ја носи свесноста дека мора да биде одговорен пред себе, да ја презентира вистината, да ги презентира фактите, а не да биде нечиј слуга.

Секој новинар е човек, секој човек има слабости. Кој на каков начин ќе подлегне на притисоците или ќе го транпа својот професионален или човечки дигнитет за одредени интереси, тоа е сепак личен избор.

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Моника ТалескаПрилепслобода на медиумите
Share113Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ