• Latest

Таравари: Невозможно е со магично стапче за 8 месеци од македонско да направите норвешко или шведско здравство

February 16, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Таравари: Невозможно е со магично стапче за 8 месеци од македонско да направите норвешко или шведско здравство

February 16, 2025 13:46
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Наследивме девастирано и комплетно дегенерирано здравство и нормално е дека е невозможно со магично стапче за 7 до 8 месеци од македонско здравство да направите норвешко или шведско здравство, изјави  министерот Арбен Таравари во Неделното интервју за Радио Слободна Европа.

Во изминатите месеци, како што вели, прават сѐ според можностите да се подобрат состојбите, спомнувајќи дека е потпишан колективниот договор со медицинскиот кадар и медицинскиот персонал.

-Покачени се платите на докторите за 5 отсто минатата година, од 1 ноември, и во март треба уште 5 отсто повторно, додека за медицинските сестри е покачена до 17 отсто платата. Ова е една од работите што е направена, рече Таравари.

За најавеното вработување на 600 приватни специјализанти, вели дека болниците може набргу  сами да објават конкурси и да ги вработат. Соопшти дека 300 ќе бидат вработени до крајот на март, 300 други до крајот на декември 2025.

-Имено 1200, односно 1180 средномедицински кадар, генерално, коишто беа договорци по пет, 10 и повеќе години, исто така, до крајот на март, треба на сите овие да им се даде решение во здравствените установи. Меѓутоа, чекаме заедно со специјализантите и овие да бидат третирани, посочи министерот во интервјуто.

Наскоро тој очекува ГОБ „8 Септември“ да стане  регионална болница и дека интензивно се работи на подготвување на целата документација. Како што рече, не само „8 Септември“, регионални болници ќе станат и клиничките болници во Тетово, Штип и во Битола.

-Идејата е и „8 Септември“ да се дисперзира и идејата е цела Онкологија да функционира слично на Трансфузиологија. Значи, институтот, односно Клиниката за онкологија и радиотерапија да биде одговорна за сите центри, и во „8 Септември“, и во Битола, и во Штип, и во Тетово. Така би функционирало најдобро, под ист чадор да се сите, како што функционира и Трансфузиологија одамна во Македонија. Ваквата организираност на Клиниката за онкологија со филијали во овие градови би било најфункционално. Ќе видиме, времето ќе покаже дали ќе функционират или нема да функционираат, изјави Таравари.

Во интервјуто за РСЕ министерот за здравство одговара и на прашања за наталожените долгови на болниците и за нивната рационализација. Во врска со долговите смета дека треба да се најде решение, а едно од можните решенија, вели, „можеби и кога ќе ја направиме Стратегијата да размислиме да почнеме од почеток“.

Во однос на потребата од  рационализирање на болниците, Таравари одговори дека „имаме луксузно здравство во моментот“ затоа што во два блиски града работат болници што даваат исти услуги за пациентите.

– Невозможно е во Струга и во Охрид, кои што се седум километри еден од друг, овие два града да имаме седум болници. Невозможно е Тетово и Гостивар, коишто се 25 километри, односно 20 минути патување со кола или 30 минути, да имаат две огромни болници во кои ќе се третираат и педијатрија, и ортопедија, и хирургија, и гинекологија. И вакви повеќе болници низ државата, во градови, коишто се на 20-30 км, а имаат две огромни болници. Ние мора долгорочно да размислуваме, додава Таравари во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ