• Latest

Тавила: Потребна е внимателност при релаксирање на рестриктивните мерки

April 23, 2020
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Тавила: Потребна е внимателност при релаксирање на рестриктивните мерки

April 23, 2020 14:08
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Ковид е „вирус-убиец“, кој нема брзо да биде елиминиран, поради што властите мора да бидат крајно внимателни при релаксирање на рестриктивните мерки и постепеното економско заживување, порачува доктор Жихан Тавила, шефица на канцеларијата на Светската здравствена организација во земјава.

Таа потенцира дека процесот на релаксирање на мерките мора да се одвива во рамнотежа меѓу социо-економските бенефити и здравствено-епидемиолошкиот ризик.

„Врвот на заразата не треба да го очекуваме на крајот од април, туку во наредните неколку недели, бидејќи никогаш не се знае како ќе се однесува вирусот, особено по омекнувањето на рестрикцијата за движење“, вели Тавила во интервју за ТВ Клан Македонија.

Според неа, ние сме сега во најкритичниот месец и како што посочува, допрва, во наредните недели,  треба да се очекува пикот на епидемијата. Уште неколку земји, додава шефицата на СЗО, се во иста ситуација, што значи дека допрва треба да го почувствуваме импактот на вирусот со целата негова сила.

„Пред се пикот не треба да го очекуваме на крајот од месецов. Да, има такви калкулации, но никогаш не може да се знае како ќе се однесува вирусот. Особено не откако ќе дојде до релаксација на строгите мерки кои се во сила. Сепак се надеваме дека ќе стигнеме до пикот што е можно побрзо, јас би рекла во следните неколку недели. Но транзицијата во „нова нормала“ е само по себе ситуација. Нема да преминеме кон сосема нормална состојба. Инструкциите велат дека без внимателно планирање  и во отсуство на постепеност на исполнување на клиничките капацитети, како и со предвремено укинување на мерките за меѓусебно дистанцирање – најверојатно ќе се заврши со неконтролирано разгорување на заразата. Уште повеќе заразени и силен втор бран. Затоа СЗО вели дека транзицијата од овие рестриктивни мерки треба да оди во фази, на тој начин што ќе се овозможи извесно економско заживување, но  исторемено ќе продолжат мерките за потиснување на вирусот. Значи со ставање приоритет на оваа рамнотежа меѓу социо-економските бенефити и здравствениот епидемиолошки ризик од вирусот. Тие чекори се всушност шест услови. А токму тоа Владата сега го прави, ги анализира тие услови  за релаксација на мерките, за да не дојде до нагло олабавување и враќање на вирусот“, вели Тавила.

Владата, пред се, потенцира таа, треба да не увери дека има контрола на ширењето на заразата.

„Не можеме да го искорениме вирусот, засега не можеме да зборуваме за негова елиминација. Вирусот ќе остане со нас некој период. Но тоа што треба да го стори Владата,  Министерството за здравство и епидемиолошките институции, е да имаат целосна слика и да кажат дали го контролираат пренесувањето на болеста, за да не дојде до експлозија на инфекцијата. Второ, на Владата и велиме  – внимавајте, грижата за економската ситуација не значи дека не треба да продолжите со градење капацитети, како во болниците, така и во јавните здравствени институции. Се треба да функционира за да се идентификува, да се тестира, да се влезе во трагите на вирусот и да се изолираат контактите. Овој процес не треба да назадува, туку треба да се интензивира откако ќе почне олабавувањето на мерките“, смета Тавила.

Според шефицата на канцеларијата на СЗО во земјава, досега имало добра серија активности преземени од Министерството за здравство и Владата. Тие, вели, ги следат насоките дадени од СЗО, во сите аспекти.

„Да не беше така ќе имавме ситуација со која здравствениот систем немаше да може да се справи. Немаше да бидат прегледани сите пациенти и ќе се случеше голема трагедија. Но ситуацијата е под контрола, можам да ве уверам, со оглед на се што се случува околу нас. Сепак, не треба да го минимизираме ризикот од натамошна трансмисија на болеста. Мора да се грижиме за луѓето со кревко здравје, за постарите, за домовите за стари луѓе. Не треба да дозволуваме групирање, ниту укинување на превентивните мерки. Треба да продолжиме со физичкото дистанцирање, со миењето раце. Досега сето ова требаше да го научиме.Овие навики се од животна важност. Би сакала на Македонците да им порачам дека треба да останат обединети, ангажирани и кога ќе почне транзицијата, најавена постепено од Владата. Ако не го поддржат тој процес, може да дојде до големи проблеми“, вели Тавила од СЗО.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ