Израелскиот министер за одбрана Израел Кац го предупреди врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, дека „Техеран ќе гори“ ако продолжи да испукува ракети кон израелските цивили, пренесе Гардијан.
„Иранскиот диктатор ги зема граѓаните на Иран како заложници, создавајќи реалност во која тие, а особено жителите на Техеран, ќе платат висока цена за очигледната штета нанесена врз граѓаните на Израел.
„Ако Хамнеи продолжи да испукува ракети кон израелскиот домашен фронт, Техеран ќе гори“, изјави Кац.