• Latest

Техно-менаџерски „know-how“ патриоти

March 16, 2023

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Техно-менаџерски „know-how“ патриоти

March 16, 2023 14:24
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Не знам драги пријатели за вас, ама последно време многу „јаки фаци“ се намножија како јутјубери (така ли се нарекува оваа категорија?), „светски, а домашни предавачи“, луѓе кои знаат сè за историја, филозофија, бизнис, економија, а не знам дали приметувате: најгрлатите за своите компетенции, звања од типот на „м-р.“ и „д-р.“, сите од ред десничари и ултраконзервативни типчиња и типки, без разлика на кое годиште припаѓале.

Кога ги најавуваат, дури не мора да се и тоа, туку се чувствува таа лажна надменост, практично им се гледа во очите; или поточно кога самите себе се најавуваат, човек добива впечаток како некој од нив да ги напишал најважните песни на Стоунси, Мишел Фајфер ја оставил без здив, на Кит Ричардс му ја украл жената, Ал Пачино го убил во клучна сцена од некој трилер, шлокал текили на екс со Хемингвеј, скитал по разни дупки со Хју Лори во кои се свири прекрасен џез? А на крајот, како и обично – ништо од тоа. Всушност ниту вие, ниту јас за него сме слушнале, и кога ќе го најават, обично седнуваме пред телевизор, на маса ставаме проја, лук, леб, дробиме зелена салата, и со чаша ракија нестрпливо го чекаме тој мисловен потрес. И кога вака, повторно ништо.

Разни ликови ни влегуваат во нашите животи откако дојде оваа демократија, и како сите да се такмичат во иста супа, па кој што во неа и од неа ќе улови? Без разлика за кого станува збор, нема да верувате, секогаш ќе се најдат илјадници кои ќе „платат карта“ за кои и Стоунси може да им завидат. Сметаат дека таквата инвестиција многукратно ќе им се врати, затоа што тие дошле само да предупредат, мотивираат и посоветуваат за „иднината на нашата држава“.

Ако вие мислите дека јас сега ќе соопштам дека се работи за некакви „патувачки шарлатани“ од десниот спектар кои се обидуваат да го пофаќаат неопределениот и определениот сноберај, па „околишам као киша око Крагуевца“, се лажете. Секогаш прво гледам и слушам, а потоа коментирам ако има што да се коментира. Друго, мене сите тие ми се исти, оти приметувам дека не би го разликувале Моцарт од Салиери; трето, сè укажува на тоа – чисто појавно – дека се работи за сериозни луѓе, барем според дисциплините со кои се занимаваат, а кога ќе ги слушнеш така на купче, па малку ќе ги промешаш, сфаќаш дека тоа нема врска со паметот и здравиот разум.

Се насобраа во јавниот простор купишта „бизнис гуруа“ и останати дилери од типот на техно-менаџерски „know-how“, и замислете – сите се патриоти. Ги знаете, мил им е патриотизмот, ама уште помил им е „sвездениот статус“ во македонскиот (пост)капиталистички свет, онака како што, да речеме, во „класична“ смисла на науката уживаат статус на sвезди еден Стивен Хокинг или Ричард Докинс. А останатата публика коja ги слуша напитоците на нашите Гуру-а, сепак не се „јајчари“ кои не знаат како да го потрошат денот, туку „топ менаџери“, што значи тоа се луѓе кои тесна специјалност им е економија со времето е парите. Така што веројатно тие знаат за што ги гледаат нашите „патриотски селебрити“, и кои сме сега ние да им сметаме?

Откако дојде време за „новиот човек“, откако оној комунистичкиот се распука на масовните гробишта после падот на Берлинскиот sид, многу луѓе нешто се навредени и разочарани, сите имаат нешто да префрлат и кажат за Францускиот договор, а реалната објективизација на општеството е дека рамката во самиот преговарачки статус е непроменета. Базичниот фундамент на тој договор е прифатен од официјален Брисел и Македонската Влада. И практично луѓето нè молат: ќе добиете пари, ќе добиете фондови, ставете ги Бугарите во Уставот, обидете се да направите политички консезус за ова прашање, а дури потоа делете се на сите возможни вредносни, идејни и политички прашања. Ни велат: не си пукајте во нога, не останувајте сами и сиромашни. Тргнете напред затоа што подобар политички и економски договор нема да добиете.

Ништо не ни чини, секој Договор ни е тесен, секоја постела ни е Прокрустова. Па, по ѓаволите тогаш и со нас, само не смееме да бидеме поразени како „остаток од нешто“ затоа што тоа е вредно за чување: нема Нови Луѓе од неуништива сорта кои ќе не заменат, нема ниту нови „секретари на идеолошки комисии“ иако денес таквите се нарекуваат „хјуман рисорс менаџери“.

Иднината ни припаѓа нам. Ако и оваа шанса ја прокоцкаме, и чекаме некои нови 10 или 15 години за влез во Европа, е, богами и заслужуваме да пропаднеме уште побрзо и уште појако, сите заедно: јутјубери, менаџери, адвертајзинг експери, обични граѓани, активисти… Е, богами ќе заслужиме. Сите на купче.

Фронтлајн.мк


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ