• Latest

ТИМ Институт: СДСМ со подобар рејтинг и поголема доверба од ВМРО-ДПМНЕ

August 30, 2019
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ТИМ Институт: СДСМ со подобар рејтинг и поголема доверба од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ објави анкета, според која, граѓаните имаат најголема доверба во оваа партија, а важни им се економијата, правдата, борбата против корупцијата и реформите, даваат висока поддршка за ЕУ и НАТО...

August 30, 2019 15:23
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На наредните избори ќе победи коалицијата на СДСМ, одговориле 26,6 отсто од испитаниците во анкетата на ТИМ Институт, што од 10 до 20 јули на примерок од 1.024 испитаници ја спровел за потребите на владејачката партија. Во победа на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ верувале 23,9 отсто од испитаниците, а 5,1 отсто својата доверба и ја дале на ДУИ. Околу 40 отсто испитаници не посочиле свој фаворит за следните избори.

Истражување на СДСМ. Прашање: За кого ќе гласате?

Три четвртини од испитаниците би гласале на наредните избори, покажало истражувањето „Ставови и перцепција на граѓаните за социополитичката состојба во Република Северна Македонија“.

За СДСМ би гласале 24,4 отсто, а за ВМРО-ДПМНЕ 21,1 отсто. На следните избори ДУИ би добила доверба од 5,6 отсто од избирачите. Повеќе од 43 отсто од испитаниците рекле дека нема да гласаат, уште не одлучиле или одбиле да одговорат.

Речиси 30 одсто од испитаниците одговориле дека ставовите на СДСМ и коалицијата  се најблиски до нивните лични ставови, а 20 отсто нашле блискост со ставовите на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Блискост со ставовите на ДУИ чувствуваат 6,3 отсто од испитаниците.

„Кога и да има изброи, СДСМ би победила, но добро е за државата, за економијата и граѓаните, мандатот да биде завршен до крај. Како одговорна партија, остануваме со граѓаните, продолжуваме со спроведување на мерките и политиките што обезбедуваат економски раст, реформи во институциите, градење неселективен правен систем и целосна интеграција на државата во ЕУ и НАТО.“, соопшти СДСМ објавувајќи ги резултатите.

На прашањето дали владата заслужува повторно да биде избрана, 45,2 отсто испитаници сметале дека заслужува , а 43,8 дека не заслужува. Но, на прашањето „дали опозицијата заслужува да биде избрана на место на сегашната влада“,  29,1 отсто одговориле „ДА“, а 56,8 отсто „НЕ“.

Поддршката од меѓународната заедница е најпозитивна карактеристика на СДСМ за безмалку 60 отсто од испитаниците, а следат „визија за иднината и добри политики и програма“ и „досегашните резултати“ со по околу 48 отсто позитивни одговори.

Генерално, испитаниците имале повеќе позитивни мислења за карактеристиките на партијата во сите категории.

Истражување на СДСМ. Прашање: Која партија сметате дека ќе победи на наредните избори?

Најголеми замерки СДСМ добила во категориите „чесност и искреност“, со 41 отсто негативни мислења, „работливост и ефикасност“ (40 отсто негативни мислења) и 39 отсто за досегашните резултати.

Во исти шест карактеристики, опозициската ВМРО-ДПМНЕ добила многу понегативни оценки. Најдобрата оценка со 36 отсто позитивни мислења ја добила за тим и кадри, 33,4 отсто за работлвост и ефикасност и 32,4 за досегашни резултати.

Најлошо оценета карактеристика на најголемата опозициска партија, според 53,1 отсто од испитаниците, е немањето поддршка од меѓународната заедница, нечесноста и неискреноста (51,5 отсто негативни мислења) и немањето визија за иднината и добри политики и програма (47,3).

Генерално негативни оценки добила и ДУИ. Најлошо била оценета во категоријата „чесност и искреност“, „работливост и ефикасност“ и „визија“, а единствената позитивно оценета категорија е „поддршка од меѓународната заедница“, во која има повеќе позитивни од негативни оценки.

За граѓаните најважен проблем со кој се соочува земјата во моментов е „економија, вработеност“ (25 отсто), „криминал и корупција“ (20 отсто) и „владеење на право, судство, правда“ (15 отсто). Најголеми проблеми лично за граѓаните претставувале „економија, вработеност“ (24,2 отсто), „личен стандард“ (24 отсто) и „здравство“ (10 отсто)

Граѓаните не веруваат дека ниту една партија би можела да ги подобри состојбите во  „владеење на правото, судство, правда“, во криминалот и корупцијата, во личниот стандард, во здравството и во образованието. На прашањето „која партија најдобро би се справила со наведените проблеми“, овие пет категории добиле најмногу одговори „ниту една“.

Од трите партии, испитаниците и дале најголема доверба на СДСМ за потенцијалот да се справи со проблемите. Најдобро е оценет потенцијалот на партијата да ги спроведе евроатлантските интеграции (43,8 отсто), меѓуетничките односи (36,6) и човековите права, демократија и слобода (32,9). Најмалку доверба во СДСМ испитаниците имале во справување со криминалот и корупцијата, 23,9 отсто.

Повеќе од половина испитаници го прифаќаат Преспанскиот договор, иако на секој четврти не му се допаѓа, но сметал дека бил неопходен. Речиси ист процент, по една третина испитаници, целосно го поддржуваат или целосно се спротивставуваат на договорот.

На прашањето „како гласавте на референдумот“, 45 отсто испитаници одговориле дека гласале „ЗА“, 34 отсто не излегле, а околу 8 отсто гласале „ПРОТИВ“

Повеќе од три четвртини од испитаниците го поддржуваат членството во НАТО, а околу 19 отсто биле против. Членството во ЕУ, пак, добило поддршка од 82 отсто испитаници.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share94TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ