Вчера во Скопје, во близина на гробиштата Бутел, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Скопје. При сообраќајна контрола во Скопје, полициските служебници дале знак за запирање на мотоцикл, кој го управувал малолетникот, но тој не застанал и се дал во бегство.
По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, малолетникот е запрен и лишен од слобода, а при извршен преглед, кај него бил пронајден и одземен пиштол „Ц3“ и куршуми. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во друг случај, приведен е 18-годишен скопјанец кој пред угостителски објект во Скопје учествувал во две одделни тепачки, а во едната извадил и пиштол, но бил совладан од обезбедувањето на објектот по што му бил одземен пиштолот.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека 18-годишниот М.К. е приведен синоќа 20 минути по полноќ.
– Според пријавеното, пред угостителскиот објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу него и М.З.(20) и А.И.(19) од Скопје, од друга страна. Исто така, според пријавеното, во одделен случај пред истиот угостителски објект, настанала физичка пресметка помеѓу М.К. од една страна и А.И. и С.Х.А.(21) од друга страна, при што М.К. извадил пиштол и го вперил кон нив, но бил совладан од обезбедувањето на објектот и пиштолот му бил одземен, стои во информацијата од МВР.
По целосно документирање на случајот, како што најавува МВР, ќе следуваат соодветни пријави.