• Latest

Трајковски: Политичарите ги знаат зелените вредности, но прашање е колку ги применуваат или работат на нивната примена

October 20, 2020

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Трајковски: Политичарите ги знаат зелените вредности, но прашање е колку ги применуваат или работат на нивната примена

October 20, 2020 09:02
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, одговори на повикот на Зелен ЦИВИЛ за отворање на темата за зелените вредности, социјалната правда и антинационализам.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се зелените перспективи на вашата општина?

Трајковски: Зелените перспективи во нашата Општина ќе донесат имплементација на сите досегашни напори и активности за, би рекол, „паметен“ развој на една општина, односно реализација на стремежите за заштита на животната средина, економски развој и демократските вредности во целина. Овие заложби се предизвици и се високо на мојата агенда како градоначалник.

Зелените перспективи во Делчево одат во насока за поголеми зелени површини, а во таа смисла, во тек се измени на ДУП за да овозможиме повеќе паркови, уреден кеј на реката Брегалница, редовно засадување садници на јавните површини и сл. Значајно, за перпективата на Делчево, но и на сите општини од регионот, е регионалното управување со отпад и отворањето на регионалната депонија во Мечкуевци во Свети Николе. Ова ќе реши огромен проблем со управувањето со отпадот и затворање на старите и преполнети депонии.

Интензивно работиме да обезбедиме здрава животна средина што подразбира и комунална хигиена, перманентно чистење на дивите депонии и уредување на јавните простори, јакнење на свеста на граѓаните за значењето на животната средина. Но и работиме да обезбедиме чиста вода за пиење. Затоа, веќе три години сме фокусирани на реализацијата на големиот проект „Водоснабдување на Делчево“ донација од Швајцарската Конфедерација и Владата на РС. Македонија и со кој е предвидена изградба на пречистителна станица, фотоволтаична централа, реконструкција на водоснабдителниот систем во Делчево и во населените места Ѕвегор, Габрово. Проектот е во последната година од реализација и очекувам Делчево и населените места да добијат квалитетна вода за пиење со минимум загуби. Фотоволтаични панели се поставени на три јавни објекти, општинската зграда и двете основни училишта во градот, а преку проект од ИПА-програмата за прекугранична соработка, во Делчево и 7 села во општината, се заменети 760 живини со лед –светилки со што се доби поефикасно осветлување, заштеда и намалување на СО 2 во воздухот. Со што штедиме енергија и до 70 отсто, а за 30 отсто има зголемување на бројот на улични светилки.

Оваа година сме посветени на прашањето на зелената економија. Активни партнери сме на Здружението на граѓани „Регионален центар за застапување“ во реализацијата на Проектот „Регионално поврзување и заедничка примена на концептот за зелена економија“ чија цел е јакнење на улогата на граѓанските организации и јакнење на капацитетите на бизнис- секторот од микрорегионот за важноста на имплементацијата на концептот зелена економија и зелено претприемништво во нивната секојдневна работа.

Согласно предвидените активности во периодот кој следува проектниот тим ќе направи анализа и истражување на компаниите од различни сектори во микрорегионот Пијанец – Малеш за тоа како го применуваат концептот за зелена економија во нивното работење, а потоа ќе се зајакнат капацитетите преку обуки. Во рамки на проектот ќе биде изработено и промотивно видео кое ќе се однесува за зелените работни места како дел од примената на овој концепт во Македонија .

Исто така, би го потенцирал и проектот јакнење на капацитетите на општинската администрација за Архуската конвенција која предвидува вклучување на граѓаните при донесување одлуки од областа на животната средина. Конвенцијата овозможува преку Законот за слободен пристап до информации да се информираат граѓаните за документи и постапки кои општината ги работи во делот на животната средина.

Грижата за зелените вредности подразбира грижа за човековите права и слободи, грижа за човековото достоинство во корелација со грижата за животната средина. Тоа се, воопшто, клучните предуслови на кои ги темелиме плановите за развој на нашата општина и мислам дека како општина сме на добар пат да обезбедиме подобар квалитет на животот на граѓаните.

ЦИВИЛ Медиа: Кога говориме за зелените вредности, познато е дека тие не се однесуваат само на заштитата на животната средина која, пак, често се меша со поимите поврзани со комуналната хигиена. Зелените вредности подразбираат почитување на човековото достоинство, што подразбира и социјална правда и антинационализам, стратегии за одржлив развој, што подразбира напуштање на принципите на либералниот капитализам… Колку, според Вашите анализи, знаат политичарите во нашата земја?

Трајковски: Верувам дека политичарите ги знаат зелените вредности, но прашање е кој колку ги применува или работи на нивната примена или, пак, има предуслови за нивна реализација. Сите сакаме општество без предрасуди, здрава животна средина, подобар квалитет на животот на граѓаните, но на овој степен на општествен развој, ќе ни треба уште време да го достигнеме саканото ниво.

Во Делчево, решаваме децениски прашања во однос на основната инфраструктура, изградба на патишта, водоводи, канализациски ситеми, односно работиме на подобрување на квалитетот на животот во сите сфери што, секако, има инпут во оваа сфера. Како општина постојано се бориме и со отпадот кој се фрла насекаде, па споредбено со европските земји, каде рециклирањето на отпадот е нормална работа, ние сè уште сме на почетокот на овој процес за управување со отпад. Но, не се само интенциите на една општина за комуналната хигиена, туку тука е и свеста на граѓаните и свеста на економските субјекти. Од друга страна, надлежностите на општините и спориот процес на децентрализација многу ги кочат процесите.

Горан Трајковски, градоначалникот на Општина Делчево

ЦИВИЛ Медиа: Вашиот став за растечките политички и етнички мотивирани тензии во нашата земја? Кому одат во прилог, а кој губи?

Трајковски: Губиме сите. Предрасудите го враќаат назад општеството и наместо да сме посветени и максимално вложени за подобар квалитет на животот, за вредности, за економски успеси, да работиме и да се бориме за повисоки плати и подобар стандард на граѓаните, ние сè уште се докажуваме кој е патриот, кој предавник, се создава тензија, отпор кон националностите, секојдневно сме преплавени со говор на омраза и политички и етнички мотивиран. Како држава успеваме да се искачиме на повисоко скалило кое води кон европеизација на системот и сме на чекор до остварување на децениските цели на државата да бидеме рамо до рамо со европските земји, но ценам дека има сè уште сили кои нè влечат назад, а тоа е менаџирано и од опозицијата која не може да разбере дека народот нема кратко паметење и знае како тие ја практикуваа власта цели 11 години.

Сметам дека како народ сè уште не пораснавме, лесно потпаѓаме под влијанија и наместо да се вложиме максимално со сите сили и да грабиме кон вредностите, ние, како да тапкаме на место дефокусирани од основните принципи на едно демократско општество и неговиот развој.

ЦИВИЛ Медиа: Што треба да се направи во овој поглед?

Трајковски: Јакнење на свеста и посочување на проблемите со вистинско име, според мене, се вистинските алатки за да излеземе од овие примитивни стеги. Поголемата транспарентност на институциите ќе ја дадат потребната доверба. Кога имаме јасно поставена цел- да ја донесеме Европа дома, а не нашите деца да одат таму, тогаш и колку да е потребен долг процес, мора да го поминеме, но доколку сме свесни и совесни, тој процес може да си го олесниме и да созрееме како граѓанско општество. Да почнеме од воспитувањето по градинките и училиштата, од мали нозе да се учи за заедништво, за соживот, да се прават компромиси и да се наметнат вредностите и квалитетот како нужен предуслов за успех, тогаш сметам дека имаме шанса како демократско општество.

обработка на текст: Дехран Муратов

Share40Tweet25Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ