Администрацијата на претседателот Доналд Трамп во вчера го повика Врховниот суд да им дозволи на службениците да го расчистат Министерството за образование, клучен приоритет за претседателот кој е попречен од низа одлуки на пониските судови, пишува Си-Ен-Ен.
Итната жалба стигна до високиот суд неколку дена откако Првиот окружен апелационен суд на САД, со седиште во Бостон, одби да ја поништи одлуката на понискиот суд со која се запреа масовните отпуштања во министерството, кое беше создадено за време на администрацијата на Картер. Трамп поднесе повеќе од десетина итни жалби до Врховниот суд откако се врати на функцијата во јануари.
Според Си-Ен-Ен, во својата жалба до Врховниот суд, администрацијата тврди дека нејзините напори во Министерството за образование вклучуваат „внатрешни управувачки одлуки“ и „елиминирање на дискреционите функции кои, според мислењето на администрацијата, е подобро да им се остават на државите“.
Иако Трамп постојано ветуваше дека ќе се ослободи од одделот, адвокатите на администрацијата му рекоа на Врховниот суд во нивното поднесување во петокот дека „владата беше кристално јасна во признавањето дека само Конгресот може да го елиминира Министерството за образование“.
Трамп нареди масовни отпуштања во одделот претходно оваа година. Проблемот за администрацијата е што одделот е создаден од Конгресот, па затоа пониските судови пресудија дека не може еднострано да се расформира од Белата куќа. Во исто време, администрацијата има моќ да ја намали големината на федералните агенции, сè додека тие можат да продолжат да ги извршуваат своите законски барања.
И тоа, Министерството за правда му рече на Врховниот суд, е токму она што администрацијата се обидува да го направи.
Д. Т.