• Latest

Тренчевска: Северна Македонија со значителен напредок во креирањето и имплементацијата на родово одговорни семејни политики

September 22, 2022

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Фото: Х профил на Марта Кос

Утрински вести со – Рама!

November 18, 2025

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025

Десетици илјади Словаци протестираа против Фицо по повод годишнината од падот на комунистичкиот систем

November 18, 2025

Фон дер Лајен: Проширувањето е инвестиција во мир, безбедност и заедничка иднина

November 18, 2025

„Децата молчат, ние мора да зборуваме“: Почнува кампања „1 од 5“ за спречување сексуално насилство врз деца

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН го прифати американскиот план за мир во Газа

November 18, 2025

Загрепскиот небодер ‘Вјесник’ во пламен: Огнот беснее по катовите, штетата огромна, нема човечки жртви

November 18, 2025

Студентите од Србија под кибер-офанзива: „Некој сака да го замолчи нашиот глас“

November 18, 2025
Фото: Скриншот од Фејсбук страната на германската амбасада во Приштина

Министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул денеска во Скопје

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Тренчевска: Северна Македонија со значителен напредок во креирањето и имплементацијата на родово одговорни семејни политики

September 22, 2022 18:09
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска учествуваше на Регионална конференција на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) за родово одговорни политики во Истанбул, Република Турција.

Како што соопшти МТСП, Тренчевска зборуваше за постигнатиот напредок во однос на родово одговорните демографски политики во нашата држава и идните чекори кои ќе бидат во согласност со менувањето на семејните формации и структури и еволуцијата на демографските трендови.

-Родовата еднаквост е еден од клучните принципи на Владата на Северна Македонија. Креирањето на родово одговорни политики и буџети, како и политики за усогласување на семејните и професионалните обврски се наш приоритет, истакна Тренчевска.

Министерката посочи дека, креирањето и имплементацијата на родово одговорни семејни политики во Република Северна Македонија има значителен напредок во последните неколку години.

Министерството за труд и социјална политика превзеде цврсти чекори во поддршката на компаниите да воведат политики за унапредување на рамнотежата меѓу семејниот и професионалниот живот на своите вработени. Една од нив е поддршката на компаниите да понудат згрижување на деца за вработените во нивните организации. Овозможување на флексибилно работно време и работа на далечина, како и други бенефиции за вработените, се политики кои заедно ги креираме со социјалните партнери, информираше Тренчевска.

Таа се осврна на воспоставувањето на Ресурсниот центар за родово одговорни политики и родово одговорно буџетирање, каде што се собираат најдобрите практики и се обезбедува континуирано инвестирање во родова еднаквост. Ова е единствен ваков ресурсен центар кој има за цел во иднина да стане Регионален ресурсен центар.

Примерите од другите земји, воведени и применети со поддршка од УНФПА се голема инспирација. Северна Македонија има многу да понуди и да научи, и затоа со нетрпение очекуваме да ги споделуваме нашите искуства и да ги здружиме напорите со другите земји во регионот, истакна министерката.

Споделените искуства и научените лекции од дискусиите на Конференцијата, додаде таа, доаѓаат во вистинскиот момент за Република Северна Македонија, бидејќи започнува многу важен процес – Развој на нова Стратегија за демографија.

Експертизата на УНФПА за развој на сеопфатен стратешки документ, кој ќе ги опфати клучните демографски прашања со кои се соочува нашиот регион е од исклучителна важност. Мора да се соочиме со демографските предизвици и да најдеме решенија кои се применливи во сегашниот контекст и се засноваат на човековите права. Бидејќи, само кога споделувањето на домашните обврски оди рака под рака со семејните политики на работното место, имаме добитна комбинација, порача Тренчевска, стои во соопштението. 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ