• Latest
Фото: ЦивилМедиа

Тренчевска: Во државата немаме заокружена законска регулатива што ќе биде посветена на дискриминацијата и еднаквите можности

October 1, 2020
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025

Од бугарски ‘куфери со пари’ до УСБ стик – нови лаги на ВМРО-ДПМНЕ за Заев

October 7, 2025

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет (9 октомври, ден 2, целосна програма)

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Тренчевска: Во државата немаме заокружена законска регулатива што ќе биде посветена на дискриминацијата и еднаквите можности

October 1, 2020 14:20
in ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Фото: ЦивилМедиа

Фото: ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

На панел дискусијата „Дискриминација и вработување во јавниот и приватниот сектор“ што ја организира ЦИВИЛ како дел од проектот Европа е нашиот дом, со поддршка од Министерството за надворешни работи на Федерална Република Германија, учествуваше и Јована Тренчевска од Министерството за труд и социјални политики, со свое излагање за законот за спречување и  заштита од дискриминација.

Тренчевска: Ви благодарам на поканата да бидам дел на оваа дискусија којашто зборува за едно многу чувствително прашање, а тоа е прашањето на дискриминација, и како претставник на министерството за труд и социјална политика, за креирање на политиките за еднакви можности и недискриминација, би сакала да дадам осврт на тоа што е вклучено во законот за заштита од дискриминација. Знаеме дека во минатото, одлуката на Уставниот суд да се укине Законот за спречување и заштита од дискриминација, предизвика бурни реакции, па дури и емоции, не само кај професионалците и активистите коишто се бават со ова прашање, туку и кај граѓаните, затоа што прашањето коешто го третира овој закон, се рефлектира доста во секојдневното живеење на граѓаните, и во остварувањето, пристапот до остварувањето на основните човекови права и слободи.

Од тој аспект, сакам да кажам дека живееме во време во коешто главна опција и насоченост треба да ни биде градењето на една социјална, демократска, праведна и современа држава, општество, во кое почитувањето на човековите права, еднаквоста и недискриминацијата треба да биде темелна вредност. Поаѓајќи од тука, во моментов, во државата немаме една заокружена законска регулатива, којашто ќе биде посветена на дискриминацијата и еднаквите можности, и затоа, во програмата на владата за 2024 година, еден од високите приоритети беше токму донесувањето на законот за спречување и заштита од дискриминација.

Тој приоритет е веќе реализиран и на една од првите седници на владата беше разгледуван предлог текстот на Законот за спречување и заштита од дискриминација, и истиот е веќе во собраниска постапка, на 5 октомври е закажана комисијата за европски прашања каде што ќе биде разгледуван текстот по предлог законот, а веќе на следниот ден, на 6 октомври, е првото читање на собраниска седница. Зошто е важно да го имаме овој закон, и што е она што го регулира овој закон во однос и на прашањето на оваа дебата на којашто денеска сме присутни. Законот за спречување и заштита од дискриминација ги вклучува сите европски и меѓународни инструменти и стандарди во однос на почитувањето на човековите права и слободи, односно, во однос на еднаквоста и недискриминацијата.

Предлог законот беше позитивно оценет од  Венецијанската комисија, од Советот на Европа и од Европската комисија, дека е еден современ европски закон, и со тоа ми дава право да кажам дека со неговото усвојување од собранието, навистина ќе имаме една подобрена, ефективна заштита од дискриминацијата по било кој основ, којшто е вклучен во одредбите од  законот. Законот ќе се применува и во приватната, и во јавната сфера, и во одредбите од законот експлицитно се наведени областите каде не смее да има дискриминација,  меѓу кои, едно од наведените е токму работата и работните односи. Во однос на она што нема да се смета за дискриминација, односно популарно познатите исклучоци од дискриминација, или мерките коишто не се сметаат, исто така се експлицитно наведени, што е она што во јавниот и приватниот сектор како мерка, како закон, како правило, ќе биде донесено а нема да се смета за дискриминација, тоа е таа позитивна дискриминација. Нема да се смета за дискриминација дејствијата што се преземаат со единствена цел – да се отстрани нееднаквото уживање на човековите права и слободи, се додека не се постигне ефективна, односно фактичка еднаквост на лице или група, ако разликувањето е оправдано и објективно, и ако средствата за постигнување на таа цел се пропорционално, односно соодветни и неопходни. Такви се различниот третман на лица коишто не се државјани на Република Северна Македонија, во врска на уживањето на правата и слободите утврдени во Уставот на РСМ во законите, и во сите меѓународни конвенции и договори коишто ги има ратификувано Собранието, а кои произлегуваат непосредно од државјанството на РСМ.

Исто така за мерка којашто нема да се смета за дискриминација, е различниот третман на лица или врз некоја од основите коишто се вклучени во законот, поради природата на занимањето или активноста, или поради условите во кои се одвива тоа занимање , а кое претставува суштествено одлучувачко барање. Во тој случај, целта треба да е легитимна, а условот да не го пречекорува потребното  ниво на негова реализација. Тоа се мерките коишто се дел од  законот кој ги предвидува, и дел од мерките коишто се однесуваат на квотите за еднаква застапеност на жените и мажите коишто се вклучени во изборниот законик. Тоа е онаа мерка која не би претставувала дискриминација, и за да можеме да ги воведеме тие мерки, тоа се привремени мерки, се додека една историска неправда, којашто е нанесена, како што е примерот со жените и мажите во Изборниот законик, се додека не се постигне еднаква застапеност. Тоа значи дека имаат ограничено времетраење, и откога ќе биде воспоставена таа еднаква застапеност, мерките треба да бидат укинати,  во спротивно, истите би биле дискриминација.

Во однос на немањето документи за лична идентификација и непостоењето на граѓаните од ромската етничка заедница во системот ( фантоми) , Тренчевска ја објасни постапката што ја преземале со поддршка од граѓанскиот сектор за нивно идентификување.

Во однос на Ромите, коишто ги спомнавте, односно оние коишто немаа име и презиме, или популарно наречени „фантоми“, со помош на граѓанскиот сектор беа идентификувани, имаше неколку огласи во МСТП, меѓутоа и во управата за матична евиденција, повици за сите овие луѓе да се јават за да   утврдиме за колкав број станува збор. Се дојде до одредена бројка на лица кои немаат никакви документи за идентификација и затоа ги немаше никаде во системот, се измени законот за матична евиденција,   на овие лица ќе им се издаваат привремени  лични карти,  за да можат да си ги остварат своите права  од социјална, здравствена и од работен однос.

Во моментот се прават правилниците по коишто ќе се издаваат овие лични карти, да се преточи законот во подзаконски акти, сакам да додадам дека луѓето многу бргу ќе можат да си ги остварат основните права од областа на здравствена, социјална заштита, да може да ги вклучиме во социјалната заштита, во гарантиран минимален приход  доколку се невработени, а секако се невработени, и да можеме преку ГМП да ги вклучиме на пазарот на трудот за да си ги остварат своите основни, егзистенцијални потреби, изјави Тренчевска.

 

Обработка на текст: Дијана Тахири

Камера: Атанас Петровски

Монтажа : Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ