• Latest

Трет ден блокада на Собранието, според опозицијата ефикасна, за власта неуспешна

May 13, 2022
Фото: Скриншот

Макрон: Мора да продолжиме да ја зајакнуваме нашата воена поддршка за Украина

October 24, 2025
Општина Аеродром (фото извор: ФБ профил на Н. С.)

Министерството за здравство со препораки и мерки за состојбата со сметот во Скопје: Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот

October 24, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за расистичката изјава на советникот Темелков за Ромите во Неготино

October 24, 2025
Фото: украинска авбасадорка Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Нападите врз Херсон го одзедоа животот на 3 луѓе, уште 22 се повредени – меѓу нив и деца

October 24, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source: screenshot AP

Врховниот суд на ОН го осуди Израел за ограничувањата на помошта за Газа за време на војната

October 24, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Лукоил – новите санкции на Трамп и неодговорените прашања на ЦИВИЛ

October 24, 2025

ЕК: Фејсбук, Инстраграм и ТикТок го прекршиле Законот за дигитални услуги на ЕУ

October 24, 2025

Анализа на содржина: Пропагандно амплифицирање на Орбановите пораки во „Канал 5“

October 24, 2025
Фото: Meanwhile in Ukraine

Роберт „Маѓар“ Бровди: Пред 69 години Унгарија смело рече „не“ на црвената диктатура…денес Орбан живее со искривена интерпретација на тие настани

October 24, 2025

Хоџиќ: Да се обединиме околу демократијата и да се вратиме на патот кон ЕУ – државата оди во опасен правец

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Трет ден блокада на Собранието, според опозицијата ефикасна, за власта неуспешна

May 13, 2022 08:36
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Работата на Собранието на Република Северна Македонија изминатите три дена се одвива со најавените активности на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за активна блокада, преку реплики, барања за промени на дневниот ред, процедурални забалешки… По такви дводневни активности завчера вечерта во тензична атмосфера беше усвоен дневниот ред на 71 седница, по што од владејачката СДСМ оценија дека блокадата на опозицијата е неуспешна, но од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека таа е ефикасна и најавија нејзино продлжување се до постигнување на целта – одржување предвремени парламентарни избори. Од двете партии изнесоа меѓусебни обвинувања за неработење и неодговорност кон државата и граѓаните, пренесува МИА.

-Блокадата на Собранието создадена од ВМРО-ДПМНЕ нема да доведе до предвремени парламентарни избори. Парламентарни избори ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година, рече вчера на прес-конференција  Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

Тој најави дека ќе направат се што е во нивна можност, се што предвидува во Деловникот, Собранието да не биде блокирано. -Ние ќе примениме се што е пропишано со Деловникот и ништо надвор од тоа. Вчера гледавте и бевте сведоци вие и целата македонска јавност дека качувањето горе на бината каде што претседателот ја води седницата впрочем е напад на функцијата претседател. Очигледно е дека намерата е да се предизвика инцидент. Тоа нема да го дозволиме. Нема да дозволиме да се вратат слики од минатото, но ќе ги примениме сите деловнички можности за да се одблокира работата на Собранието, рече Митревски, порачувајќи дека во време на најголема светска економска и енергетска криза, Собранието мора да биде функционално и ефикасно да носи решенија во интерес на граѓаните и заштита на нивниот стандард.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, пак ги обвини пратениците од СДСМ дека не си ја заработуваат ниту платата, истакнувајќи дека во период од јули до декември минатата година, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имале три пати повеќе активности од тие на СДСМ. Бројките од активностите во Собранието, како што рече, покажуваат дека пратениците од СДСМ и ДУИ не си ја работат работата и не си ја заработуваат ниту платата.

Според него, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и до сега се спротивставиле на сите штетни закони и не дозволиле нивно проаѓање во Собранието, но, како што потенцираше, тоа ќе биде скоро и невозможно во наредниот период.

-Со активната блокада нема да дозволиме ниту најмала шанса да поминат лоши закони и ќе ја притиснеме власта на избори. Од друга страна пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат со предлагање на законски решенија за подобар стандард на граѓаните, најави Стојановски.

Во текот на вчерашната расправа во Собранието координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во процедурална забелешка обвини дека Центарот за комуникации за јавноста на СДСМ изнесува невистини дека опозициските пратеници не одат на работа и оти не работат.

Тој потенцира дека опозицијата ќе биде во Собранието и „активно ќе го блокира секое штетно законско решение“.

Претседателот на Собранието Талат Џафери пак, рече дека не е надлежност на Мицевски да кажува за присутноста во салата.

– Деловникот има пропишано процедура, согласно која, пратениците кои се спречени да присуствуваат на седницата треба да го известат претседателот на Собранието. Деловникот пропишува процедура во случај ако пратеникот неоправдано не дојде трипати по ред на седници, има деловничка можност да му се одбие пет отсто од платата за секое недоаѓање. Не може да се одземе од плата и од патни трошоци со одлука на пленум. Има Закон за плати и надоместоци на избрани и именувани лица по кои се исплаќа платата, рече Џафери.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој пред почетокот на активната блокада во Собранието бараше да се одржи лидерска средба за одржување предвремени парламентарни избори, што не беше прифатено и вчера упати повик до премиерот Димитар Ковачевски, порачувајќи му „да се вразуми и да разбере“.

-Јас сум му можеби политички конкурент и ВМРО-ДПМНЕ можеби е политички конкурент на СДСМ, но ние не сме непријатели на Македонија и на институциите, рече  Мицкоски.

За состојбите во законодавниот дом вчера се огласија и од Европската комисија, од каде ги повикаа сите партии да се однесуваат конструктивно.

– Ги повикуваме сите политички сили во Парламентот да работат заедно и конструктивно за да ги унапредат реформите поврзани со ЕУ во интерес на граѓаните, изјави вчера портпаролката за проширување во Европската комисија, Ана Писонеро, на прашање за став на Комисијата за последните инциденти во Собранието и „активната блокада“ од страна на опозицијата.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ