• Latest
Dnipropetrovsk region, January 15, 2023 (photo: Pavlo Petrov)

Три години руска воена агресија против Украина: Факти за војната, воените злосторства и борбата за слобода

February 24, 2025
Депортација на кримските Татари, 1944 (фото извор Ukrainian Institute of America)

Холандскиот парламент ја призна советската депортација на Кримските Татари во 1944 година како геноцид

June 20, 2025

Натанјаху за личната „цена“ во војната со Иран: Поради ракетните закани син ми два пати ја одложи свадбата

June 20, 2025
Фото: Скринчот од видео на news.com.au

Поделената опозиција во Иран го чувствува својот момент, но не се подготвени да започнат масовни протести

June 20, 2025
Фото: Архива

Уште еден смртен случај: Возач со „голф“ прегази жена во Охрид додека шетала на тротоар

June 20, 2025

Државните возила ќе добијат таблички со црвена и жолта боја најдоцна до септември

June 20, 2025

Додик повторно надвор границите на БиХ, во Русија во интервју зборува за Трамп, Путин и „колапсот на Европа“

June 20, 2025
Трамп го развеа знамето на Виножитото за да ги  пробие ЛГБТК
 гласачите пред изборите. Фото: Скриншот YouTube

Трамп го прекинува финансирањето на опцијата за ЛГБТК млади на националната телефонска линија за самоубиство

June 20, 2025

Во Косово четири активни потерници за Милан Радоичиќ, тој сè уште е на слобода

June 20, 2025
Никушор Дан избран за претседател на Романија. Фото: Скриншот од видео на France24

Спорот околу ДДВ ги закочи преговорите за нова влада во Романија

June 20, 2025

Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски

June 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Три години руска воена агресија против Украина: Факти за војната, воените злосторства и борбата за слобода

February 24, 2025 15:19
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Dnipropetrovsk region, January 15, 2023 (photo: Pavlo Petrov)

Dnipropetrovsk region, January 15, 2023 (photo: Pavlo Petrov)

Share on FacebookShare on Twitter

Руската војна на агресија против Украина започна во 2014 година, а не во 2022 година

Целосната воена инвазија во 2022 година беше продолжување на злосторството на вооружената агресија што Руската Федерација го прави против Украина од февруари 2014 година, кога се обиде да ја анексира и привремено ја окупира Автономна Република Крим, градот Севастопол и привремено окупира одредени области на регионите Доњецк и Луганск на Украина. Пред точно единаесет години, неиспровоцираната вооружена агресија на Русија против Украина го поттикна уништувањето на глобалниот поредок по Втората светска војна, изграден врз основа на меѓународното право.

Во 2022 година, Русија ја ескалираше својата агресија во целосна воена инвазија, заканувајќи се не само на Украина, туку и на цела Европа.

Целиот свет беше згрозен од ужасните воени злосторства и злосторствата против човештвото извршени од страна на руската армија во Буча, Јахидне, Ирпин, Изиум, Мариупол и други градови, уништувањето на хидроцентралата Каховка, егзекуцијата на украинските воени заробеници и цивили и намерното уништување на станбени згради, училишта, болници и друга цивилна инфраструктура.

Украина е суверена и независна држава во рамките на нејзините 603,628 km²

Територијалниот интегритет на Украина е неприкосновен. Крим е Украина, а регионите Доњецк, Луганск, Запорожје, Харков и Керсон се административни територијални единици на Украина.

Во привремено окупираните територии на Автономна Република Крим и градот Севастопол, како и делови од областите Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон во Украина, руската окупациска администрација се обидува да го избрише националниот идентитет и поврзаноста на луѓето со Украина и да ја потисне нивната желба за слобода и независност.

Херојскиот отпор на украинскиот народ ги скрши империјалните амбиции на Русија и нејзините обиди да ја одвои Украина од Европа

 Напорите на Русија да ја избриши Украина од светската мапа и да го уништи украинскиот идентитет не успеаја. Украинскиот народ и бранителите продолжуваат да покажуваат храброст и херојство, борејќи се не само за своето постоење, државност и опстанок на своите граѓани, туку и за самата суштина на слободата.

За тоа време, светот беше сведок на вистинската храброст на бранителите на островот Змиини, херојството на бранителите на аеродромот Доњецк, Азовстал, Бахмут и другите градови и населени места, неумораната работа на волонтерите и невидената подготвеност и на украинската војска и на цивилите да го бранат секое парче украинска земја.

Непоколебливиот курс на Украна кон Европа е поддржан и од огромното мнозинство Украинци. Ове не  е само уставна норма, туку волјата на 88% од Украинците – да станат дел од ЕУ.

„Мир преку сила“ е единствениот пат кон сеопфатен, праведен и траен мир – не само за Украина, туку и за цела Европа – Русија разбира само сила

Единствениот остварлив начин да се стави крај на вооружената агресија на Русија е да се врати безбедноста и стабилноста преку концептот „мир преку сила“. Само силните позиции на Украина на бојното поле, во комбинација со постојаниот притисок врз Москва, може да ја убедат Руската Федерација во бесмисленоста на нејзината агресивна војна и да ја принудат да запре.

Патот до сеопфатен, праведен и траен мир за Украина и Европа лежи во промената на пресметките на агресорот преку конкретни акции. Двоумењето во обезбедувањето воена помош за Украина и изјавите кои не се поддржани со решитени чекори никогаш нема да го принудат рускиот диктатор, Владимир Путин, да ја прекине својата офанзива. Ниту еден мировен план кој не ги менува стратешките проценки на руското воено раководство нема да има влијание врз агресорот или неговите планови.

Мирот е награда само за силните. Затоа силна Европа е единствената опција, а единството е суштинско за силата.

(СТАТИСТИКА) Злосторства на агресија и воени злосторства

  • 156.878 регистрирани злосторства на агресија и воени злосторства извршени од руските окупатори (од 19 февруари 2025 година, податоци на Канцеларијата на јавниот обвинител на Украина).
  • 20.859 регистрирани злосторства против националната безбедност на Украина (од 19 февруари 2025 година, податоци на Канцеларијата на јавниот обвинител на Украина).
  • Вкупно, од февруари 2023 година, украинските одбранбени сили забележале најмалку 6.129 случаи на употреба на муниција што содржи опасни хемикалии од страна на Русија. Во декември 2024 година се регистрирани 434 случаи.
  • Повеќе од 95% од украинските заробеници биле мачени во Русија (според ООН).
  • Повеќе од 170 комори за мачење се идентификувани и во суштина секој што се вратил од руско заробеништво бил подложен на различни форми на насилство.
  • Повеќе од 16.000 украински цивили се задржани во руските затвори.
  • Од почетокот на целосната инвазија, спортската заедница на Украина загуби повеќе од 559 спортисти и тренери, додека 20 беа ранети, 22 се во заробеништво, 16 беа ослободени од заробеништво и 10 лица се водат како исчезнати.

(СТАТИСТИКА) Злосторства против деца 

  • Најмалку 599 деца беа убиени од Русија, уште 1.762 беа повредени (од 19 февруари 2025 година, податоци на Канцеларијата на јавниот обвинител на Украина).
  • Украина има информации за најмалку 19.546 извештаи за нелегална депортација или присилни трансфери на украински деца од страна на Русија. Вистинскиот број на депортирани украински деца е веројатно многу поголем.

(СТАТИСТИКА) Оштетување и уништување на инфраструктурата

  • Секој месец руските сили фрлаат речиси 4.000 наведувани воздушни бомби. 3.200–3.500 водени воздушни бомби се фрлаат исклучиво против цивилното население и инфраструктурата на Украина.
  • 1.982 медицински објекти беа оштетени, а 301 беа целосно униптени од Русија. Вкупните загуби на медицинскиот сектор од војната се најмалку 17.8 милијарди американски долари.
  • 166.192 станбени згради, 3.864 образовни и 943 медицински установи, 667 културни и 212 верски објекти и 8.617 водоводни и електрични мрежи беа оштетени или уништени од страна на Русија од почетокот на руската целосна инвазија.
  • Над 200 училишта беа уништени и повеќе од 1.600 училишта оштетени од страна на Русија.
  • 525 локации на спортската инфраструктура на Украина се уништени и оштетени од страна на Русија, вклучително и 16 спортски објекти кои имаат статус на олимписки, параолимписки и бази за обука на глуви натпреварувачи.
  • Од 1.750 руски проектили и беспилотни летала што го нападнаа енергетскиот систем на Украина минатата година, 900 ја погодија електричната мрежа само за време на тековната грејна сезона, почнувајќи од 17 ноември 2024 година.
  • Во 2024 година, во Кијив сирените се огласија 501 пати, при што руската армија изврши околу 200 воздушни напади врз главниот град на Украина. Вкупно, во 2024 година, главниот град издржа 6 масивни и 15 комбинирани воздушни напади.

(СТАТИСТИКА) Напади врз културното наследство

  • Вкупно, околу 7 милиони културни добра се изгубени , а 1.7 милиони сé уште остануваат на привремено окупираните територии на Украина. 828 предмети од украинското културно наследство се потврдени дека се украдени од Русите, но вистинската бројка е многу поголема и вреојатно ќе се зголеми.
  • Русија оштети или уништи 2.185 украински објекти на културната инфраструктура на Украина, вклучувајќи 784 библиотеки, 120 музеи и галерии, 39 театри, кина и филхармонии, како и 1.333 објекти од културното наследство на Украина, вклучувајќи споменици, монументална уметност и архитектура. Околу 170 локалитети на културно наследство во Одеса веќе претрпеле различен степен на оштетување.

(СТАТИСТИКА) Одбранбените способности на Украина

  • Во 2024 година, украинските одбранебени сили соборија 1.310 крстаречки и балистички ракети и 7.800 ирански беспилотни летала Шахед.
  • Украина уништи и онеспособи речиси 33% од руската црноморска флота. Во текот на 6 месеци од своето постоење, Силите на беспилотните системи на Вооружените сили на Украина спроведоа повеќе од 220 операции длабоко во Русија, лансирајќи повеќе од 3.500 беспилотни летала.
  • Од 24 февруари 2022 година, кодицирани се повеќе од 1.300 нови модели на оружје и воена опрема произведена од украинските претпријатија. Беа кодицирани околу 65 модели на копнени роботски системи од различни типови. Речиси сите се од украинско производство.
  • Од 2025 година, околу 40% од украинското оружје е домашно производство.
  • Украина моментално е број еден во светот по производство на беспилотни летала. Во Украина има 200 компании за производство на беспилотни летала. Заедно си нашите партнери, Украина произведе повеќе пд 1.6 милиони беспилотни летала од различни типови минатата година. Вкупниот број беспилотни летала што сега сме способни да ги произведуваме годишно во Украина е 4 милиони.

(СТАТИСТИКА) Руската воена машинерија

  • Вкупните загуби на Русија во регионот Курск изнесуваат повеќе од 48.000 војници, вклучувајќи околу 20.000 убиени.
  • Воениот буџет на Русија за 2025 година е 25% поголем од минатогодишниот.
  • Од 2014 година, Украина одржа повеќе од 200 рунди преговори со Русија, вклучително и во формат „Нормандија“. Украина и Русија во овој период постигнаа 20 договори за прекин на огнот. Ова не ја спречи Русија да го растури мировниот процес и да започне сеопфатна инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.

(СТАТИСТИКА) Обезбедувае храна

Украина испорачува производи во повеќе од 100 земји за повеќе од 400 милиони луѓе.

  • На 26 ноември 2022 година, претседателот на Украина, Володомир Зеленски, ја започна хуманитарна програма за храна „Жито од Украина“.
  • Вкупно, >286 000 тони земјделски производи веќе се испорачани во 13 земји во Африка и Азија, вклучувајќи ги Сомалија, Етиопија, Кенија, Јемен, Мавританија, Нигерија, Судан, Џибути, Мозамбик, ДР Конго, Малави, Танзанија и Палестина во рамките на програмата. Ова помогна да се нахранат повеќе од 11 милиони луѓе.
  • Околу 30% од вкупниот капацитет на земјоделскиот сектор на Украина е уништен и речиси 20% од земјоделското земјиште е окупирано. Вкупните загуби на земјоделскиот сектр на Украина поради руската инвазија изнесуваат 80 милијарди американски долари.
  • Повеќе од 225.000 хектари деминирано земјоделско земјиште се засеани и ожнеани. Денес, 1 хектар украинска земја значи дека 18 луѓе во светот се спасени од глад за една година.

(СТАТИСТИКА) Еколошки злосторства

  • Над 7.100 еколошки злосторства се веќе регистрирани со 3.1 билиони украински гривни штета на екосистемот на Украина, предизвикана од руската агресија.
  • Во првите 2 години од целосната инвазија на Русија, влијанието на климата ги надмина годишните емисии на стакленички гасови на 175 земји.
  • Речиси 139 000 km2 или околу 25% од вкупнта површина на Украина, останува потенцијално контаминирана со руски мини и НУС (неексплодирани убојни средства).

#StandWithUkraine
#StandForJustPeace


Подготви: Редакција ЦивилМедиа

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    227 shares
    Share 91 Tweet 57
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Хил: САД повеќе нема да интервенираат како досега, Косово и Србија треба сами да ги решат своите проблеми

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Лаги

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ