• Latest

Триесет години во енциклопедијата на мртвите

December 2, 2019

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Триесет години во енциклопедијата на мртвите

И таму обајцата се обидувавме да ги пронајдеме сопствените личности, да го пронајдеме нашето јас и притоа горевме од желба меѓу пајажината и влагата што ги беше ишарала ѕидовите да здогледаме некоја првобитна чистота, некогаш, велеше тој, во светот на девственото детство, некогаш во самите себе.

December 2, 2019 11:04
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИЛАН БАНОВ

Деновиве кога навршија три децении од смртта на веќе легендарниот Данило Киш и кога, како што би рекол Тој, годините создале „горчлив талог на искуството“, не само со повод, повторно си го поставувам прашањето: зошто никогаш не успевам да се ослободам од него и зошто низ повеќегодишната клепсидра, низ тој песочник на времето, не истекува во неврат ни зрнце сеќавање од неговата присутност? Или, зошто не минува ден во кој нема да ја свртам енциклопедијата на мртвите за одново да го пронајдам на некоја денешна мансарда каде, еве го гледам, со густа борхесова четка ја чисти мемлата од неа. И да, зошто го сакам Киш и зошто, со извесни скратувања и сосема ситни интервенции, се навраќам на нешто напишано пред десет години.

Со Данило првпат почнавме да разговараме пред некои педесет години на неговата „Мансарда“ и, се сеќавам, иако јас во Скопје и сè уште во гимназиските клупи, а тој некаде во Стразбур, како лектор на тамошниот универзитет, имавме жив внатрешен дијалог во кој тој трпеливо, со елгрековски манир ми го сликаше тој простор означен како сатирична поема. И таму обајцата се обидувавме да ги пронајдеме сопствените личности, да го пронајдеме нашето јас и притоа горевме од желба меѓу пајажината и влагата што ги беше ишарала ѕидовите да здогледаме некоја првобитна чистота, некогаш, велеше тој, во светот на девственото детство, некогаш во самите себе. Во знак на сеќавање на таа наша прва средба, многу години подоцна ја преведов „Мансарда“, поучен од него дека литературата ја неутрализира, дури и ја победува смртта.

Еден ваков дождлив и сив декемвриски ден во 1972 година, откако веќе „направи од нас приказна во народот“ во „Псалм 44“, откако под костените во Бемовата улица ми ги раскажа своите „Рани јадови“, за потоа да ме прошета низ „Градината, пепел“ во која талкавме низ патеките и можностите на животот за да се пронајде љубовта и за да не биде залудно потрошена таа куса временска отсечка, Киш повторно го сретнав на белградскиот саем на книгата. Овој пат разговаравме низ еден „Песочник“, низ една „сложена игра во која го вовлекува читателот и која станува облик на една контролирана страст по вистината и по човечката судбина, несреќа…“ И тука, во тој „Песочник“  живееше страв, насилство, беда, смрт, но во песокот вирееше и една длабоко хумана цел: да се осознае, да се покаже и да се победи лудилото околу и во нас.

Потоа заминав во војска и книгата речиси цела година ми стоеше на војничката касета, сè додека следната година не ја доби НИН-овата награда и додека некој не ми ја украде. Прво бев лут поради кражбата, но потоа, верувајте, среќен што некој украл книга, и тоа не каква било, туку книга на Данило Киш, книга за трагичната горчина на времето; горчина разблажена со волшепството на прозниот текст.

Во живо Данило го видов само еднаш, некаде кон средината на осумдесеттите, пред крајот на неговиот живот, во Белград, во Клубот на писателите во улицата Француска бр. 7. Седеше на соседната маса со некои свои пријатели, пиеше црвено вино, зборуваше гласно и сосем, сосем едноставно, покажувајќи ми дека вистинските ерудити немаат баш некоја особена потреба да го покажат тоа. Да, и никогаш нема да си простам што не станав од масата за да го поздравам, да му кажам дека јас сум оној што секојдневно разговара со него, еве деновиве, токму за баналноста која е неуништлива како пластично шише, туку, небаре неговиот Симон чудотворецот, се закопав длабоко под земјата на неразбирливиот срам и продолжив да го водам нашиот внатрешен дијалог. А толку сакав да зборуваме за Борис Давидович-Новски, за тоталитаризмот, за системот на логорите, вистинските и оние вградени во нашите глави, за слепилото, национализмот и глупоста што не опкружува и задушува…

И да му ја покажам својата лојалност со тоа што, онака сочно, ќе ја опцуев сета онаа медикритетска булумента која, бранејќи ја идеологизираната стварност, заглибена во кичот и во своето евидентно бездарништво, ја поведоа хајката и го прогласија за плагијатор.

Којзнае, да не испаднев кукавица, можеби таа вечер во Француска 7 ќе ми го покажеше скалпелот на професорот Тулп употребен во „Часот по анатомија“, во таа брилијантна полемичка книга со среќен крај за сите нас. А, веројатно ќе станеше збор и за тој La Part de Dieu кој, еве, децениски нè поврзува. Нејсе, дијалогот го продолжувам во себе.

…И му велам: има право Салман Ружди кога тврди дека си меѓу десетте најголеми романописци на Европа од 1945 до денес; точно те проценил Милан Кундера откривајќи ти дека си величествен а невидлив. Да, невидлив од погледите, шушуката некаде рака под рака со Марина Цветаева за песната „Новогодишна“, или кришум ги изговараш „Стилските вежби“ на Рејмон Кено, но бездруго и во смртта пишуваш за нас живите (?!) некоја нова По-етика за да го искажеш незадоволството од светот, за да ни ја покажеш неговата совршена несовршеност, за да иронизираш против „ужасот на егзистенцијата“…

И, барем мене, низ сиве овие години ме увери дека твојот рецепт за литературата и за животот е оној вистинскиот:

„Ставаш многу зелени состојки од животот, добро парче стварност (со скршена коска), сол на врвот од ножот, трошка шеќер од трска (никако захарин!), добра доза зачин наречен иронија (која може да го замени ловорот!). И сето тоа го мешаш во некој сад. Се вари на тивок оган, со месеци, со години ако треба. Се служи свежо или се остава да отстои. И се повлекуваш во тишина.“


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон.
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 60.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
ПРЕЗЕМАЊЕТО (и делумното) НА КОЛУМНИТЕ Е ЗАБРАНЕТО ЗА СИТЕ ПРЕД 15 ЧАСОТ НА ДЕНОТ НА НИВНОТО ОБЈАВУВАЊЕ. Врз основа на посебен договор за соработка и размена, ниедно ограничување не важи за Слободен печат. Овие правила важат за сите, без оглед на тоа од каде е преземена содржината што оригинално е објавена на медиумкста платформа на ЦИВИЛ.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ