• Latest
Добро утро со Орданоски

Трипати ура за европските советници!

May 31, 2019
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Трипати ура за европските советници!

May 31, 2019 07:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Д[/dropcap]енот по добивањето на најдобриот европски Извештај, во историјата на Македонија, за напорите за нејзино интегрирање во ЕУ, со јасна безусловна препорака за добивање датум за отворање на преговорите со Унијата, Зоран Заев беше изложен на цинични критики во Собранието на РСМ за ангажманот на некои негови советници за помош во тие интеграции.

И кој беше најгласниот критичар на Заев во Собранието? Г-динот Антонио Милошоски, „главом и брадом“, од сите можни пратеници!

Да се потсетиме дека односниот пратеник е еден од предводниците на тимот на Груевски кои имаа можност десет години да одработат за ваков Извештај на ЕК, но го работеа и го одработија токму спротивното. Последната година кога г. Милошоски беше дејствителен фактор во македонската власт, Македонија беше оценета како „заробена држава“ (и така натаму) од страна на Европската Унија.

Во таа смисла, би сакал да ги поканам, на скопска локација по избор, сите знаени и незнаени европски советници на г. Заев за да ги почестам по две-три пива со струмички кикирики, за одлично завршената работа за европската иднина на Македонија. Ќе го известиме и г. Милошоски да ни се придружи, а сериозната европска тема на која ќе дебатираме ќе биде: „Ако пиењето ти пречи на работата – батали работа!“… што велеше еден познат скопски кафеџија.

Знаеме, Милошоски нема да може да дојде, бидејќи ем не пие, ем многу работи, оти е дел од тимот за преговори на неговата партија за судбината на СЈО. Осомничен за извршен криминал токму од страна на СЈО, сега тој, замислете, истиот ден кога го критикуваше Заев за тимот кој му помага во неговата европска политика, ни толкува што и каква треба да биде иднината на ова Обвинителство. И, според неговите ставови, Катица Јанева не само што би требала да биде „укината“, туку веднаш да биде и обвинета за злоупотреба на својата службена положба, бидејќи со наводно кршење на законот се дрзнала вон рокот и надлежноста да покрене обвинувања какво што е она за него – кое, инаку, по содржината не е спорно да биде предмет на судски процес.

Ова навистина го има само во Македонија: Трајко Вељановски, осомничен за инспирација и организација на активности во врска со тероризам, претседава со актуелната собраниска Комисија за надзор на работата на тајните служби… Осомничени и обвинети од СЈО водат преговори за реформи на ТОА обвинителство… Пратенички правно-политички олупини тераат високопарни моралистички дебати за оставката на Павле Богоевски… Советниците на Груевски се нудат и прифаќаат ангажмани за советнички места и кај Заев… А „метлата“ на Заев најмногу ја исмеваат оние кои би требало да се фатат за лопати за да ги зачистат сопствените Авгиеви кадровски штали.

Карванот врви, кучињата лаат и секојдневно си гризат недолжни граѓани.

Проблемот со овој вид на квази-политички „карвани“ е што добар дел од јавноста, вклучувајќи ги и медиумите, со тек на време „затапуваат“, се навикнуваат на ваквите појави и речиси и да не прават разлика помеѓу содржината, целта, обемот или моралните аспекти на разни употреби и злоупотреби во власта. На пример, во последните две години на режимот на Фамилијата се ОБЈАВИЈА договорите на таа владејачка структура со американски и други лобистички компании, тешки речиси МИЛИОН долари – за кои, патем, никогаш не се докажа од каде се платени тие пари – со кои се купуваше симпатијата по светските метрополи за владеењето на Груевски. И тоа Милошоски сака да го прошверцува како да е исто, кога го обвинува Заев дека за илјада евра „народни пари“ месечно плаќал некаков советник чиешто окружување, наводно, заради тоа го фалело премиерот во колумни и по телевизиски емисии?!

Па, кај Грујо такви на платен советнички список имаше не еден-двајца, туку 70-80, кои наутро ни чевли не би обуле за 500 евра месечно! Плус индустријата за лаги и клевети на Мартин Протуѓер која, фала на прашање, и денеска троши стотици илјади евра годишно, иако ни имињата не им ги знаете.

Еве, за проверка: знае ли НЕКОЈ во пошироката јавност како се вика, кој е, што е, од каде е главниот уредник на порталот „Курир“, на пример? Не е ли крајно време, со помош на „истражувачко новинарство“, да ги запознаеме тие тишлери и конобари во овие медиуми, како што секој ден ја гледате мојата ококорена фотографија со мојот потпис под овие коментари? Може ли тие еднаш да прифатат дебата во некој медиум, за што било, да се соочиме, јавно да им ги поднаместиме малку „ребрата“ и „вилиците“, барем како што г. Милошоски презема ризик да ги брани своите ставови, по цена и да му ги извлечеме „ушите“?

Од реалноста не треба да се бега. Ама лошо е и да се забега.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share761Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ