• Latest
Добро утро со Орданоски

Тројка од источните соништа: Бачев-Мицкоски-Касами!

January 11, 2019

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Тројка од источните соништа: Бачев-Мицкоски-Касами!

January 11, 2019 07:45
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Ш[/dropcap]тета е што Груевски, со своите хушкачки инструкции на фејсбук, дополнително ги компромитира очајничките напори на Мицкоски самиот да ја поштеди Македонија од нејзината подобра иднина, кога веќе работите си го добиваат својот сосема логичен тек: најголемата фракција во ВМРО-ДПМНЕ, на чие чело стои овој со дислоцираното командно место во Будимпешта, рамо до рамо му се придружи на Јанко Бачев кој и не крие дека е измислен за да спроведува антизападна агенда во Македонија; а само неколку рамења понатаму е групацијата на Билал Касами за чии неколку функционери нема логично политичко објаснување зошто го рушат Преспанскиот договор, освен ако не се стават во контекстот на заедничкиот антизападен проект на Мицкоски и Бачев.

Иста инспирација, иста мета, исто растојание. Исти банкомат? Ај, да не претеруваме…

Сепак, каква иронија: Албанецот Касами е клучниот играч за исполнување на македонскиот националистички проект на Бачев и Мицкоски… Може ли некој да објасни каде е овде лево? Може: кога ќе ги споредите обвинувањата на Бачев и Мицкоски (со промените во Уставот се поништува македонскиот идентитет!) со барањата на Касами (со промените во Уставот да се поништи македонскиот идентитет!), тие обострано се елиминираат, но веднаш потоа и дијалектички се испреплетуваат во националистичкиот балкански светоглед.

Всушност, пробивот на Македонија кон Запад ќе остави некои политичари во Македонија без леб. Затоа е оваа драма и паника до последен здив. Еве, што ќе прават Груевски/Мицкоски откако земјата ќе влезе во НАТО? Објективно, после сè, која политичка платформа ќе ја тераат, врз која идеја ќе ја обединат партијата?

Да речеме. кога за две, пет или осум години нивната партија ќе освои власт, дали навистина мислат дека ќе можат да ги поништат меѓународните договори, членствата во меѓународните организации, превземените обврски и добиените бенефиции кои ќе произлезат од спроведувањето на Преспанскиот договор? Како мислат да го направат тоа – во понеделникот по победата ќе го информираат НАТО, на пример, дека го поништуваат нашето членство во таа Алијанса?

Така, не само што се и понатаму тотално конфузни и без одговор на елементарното прашање за евро-атлантската иднина на земјата за тоа на кој начин би постигнале подобар договор од Преспанскиот, бидејќи овој не им се допаѓа; туку истата конфузија ја шират и со празните митингашки срцедрапателни ветувања дека откако, кога и да е, ќе дојдат на власт, ќе ги поништат сите сегашни одлуки на двотретинското мнозинство во Собранието. Па, со таков политички аматеризам мислам дека ни Левица не се занесува.

А потоа оној фејсбук-аперкат на Гордана Јанкуловска! Од каде само го извади, како во филмовите на Сталоне! Не е јасно дали Груевски ќе може да се освести додека му бројат до десет… Госпоѓата е во право (слободен превод): Заќути таму во тој хотелот со седум ѕвезди, џубре едно нарцисоидно, и престани да се однесуваш како да си уште во позиција, после сè, нешто паметно да кажеш! Чут! Сркај од тоа крем-брулето и глас веќе да не си пуштил, барабо една кукавичка!

Така говореше Мирната Жена од Сечуан.

А додека ги читате овие редови, во Собранието се носи важната одлука за нашата и за иднината на нашите деца. Просто немаше шанса тоа да се изведе без уште една петпарачка политичка драмолетка, овој пат во изведба на некаков Касами.

Ми го секираат Заев, не за друго…

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

Share741Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ