Здружението „Цар Борис Трети“ денеска е избришан од Централниот регистар по службена должниост.
На 30 март министерот за правда, Кренар Лога го потпиша решението за неусогласеност на називот на овој клуб со измените на Законот за здруженија и фондации со кои се забрани да се користат називи со личности кои биле поврзни со фашизам, нацизам, геноцид, Третиот рајх итн.
Бугарските клубови имаа рок до 16 февруари да ја усогласат работата со измените во законот за здруженија и фондации донесени лани во ноември, но не го сторија тоа. Претходно беше избришано здружението „Иван Михајлов“ од Битола.