• Latest

Царината електронски ќе ја определува вредноста на увезените половни возила

June 1, 2018

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Царината електронски ќе ја определува вредноста на увезените половни возила

June 1, 2018 13:44
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Вредноста на увезените половни возила од денеска во царината ќе се пресметува електронски. Електронски систем што од денеска е пуштен во работа ќе ја определува електронскиот систем врз основа на внесување на бројот на шасијата на возилото. 

Ова го соопшти директорот на Царинската управа на Република Македонија, Ѓоко Танасоски на денешната средба со новинарите.

– Со ова електронско определување на вредноста на моторното возило се овозможува транспарентност и она на што се жалеше деловната заедница – субјективизмот при определеување на цената на возилата што се царинат, така што на овој начин ќе добиеме реална цена што нема да подлежи на субјективизам, рече директорот на Царинската управа.

Појаснува дека царинската постапка го задржува сегашниот тек со таа промена што вредноста ќе се определува  врз основа на внесување на бројот на шасија во електронскиот систем што ќе ја исфрли вредноста и затоа, оценува директорот, во тој дел од постапката при самото определување на вредноста на половното возило ќе се избегне каков било субјективизам или можност за корупција.

Појасни дека во досегашното решение оставен е простор за субјективизам во определување на вредноста на половното возило во делот што каталогот „Шваке“ дава минимална и максимална цена за царинење на возилото во зависност од дополнителната опрема.

– Со новиот начин на електронско определување нема да има влијание странично врз вредноста на половното возило, истакна Танасоски.

Во однос на увозот на возила во Македонија, од Царината најавија дека се подготвуваат нови закони за акциза и за возила според кои возилата нема да подлежат на акциза, но давачките при увозот нема да се променат. Тоа, како што посочија, ќе се должи што со новиот закон за возила ќе имаат данок чија висина ќе зависи од вредноста на возилото, емисија на CO2  и дали е дизел или бензин.

Новите закони, како што истакнаа, се подготвуваат поради потребата да се усогласат со законодавството до ЕУ. Законските решенија треба во владина процедура да влезат до крајот на годинава.

Царината во првите пет месеци реализирала наплата на приходи за 4,3 проценти повеќе од планираното за 2018 година и за 10,7 проценти повеќе од 2017 година.

– Со ова се остваруваат прогнозите што ги дадовме и на крајот на претходната година, а и на почетокот на оваа, дека Царинската управа со зголемување на самата дисциплина и на економските оператори, како и на подобрување на самата опретивност и работа на царинските служби има позитивно влијание врз приходите во буџетот, изјави директорот на Царината. (МИА)

Tags: возилаелектронски системцарина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ