• Latest

Цената на сливите од два до осум денари, предложени субвенции за откуп

August 14, 2018
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Цената на сливите од два до осум денари, предложени субвенции за откуп

August 14, 2018 07:52
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Од два до осум денари за килограм, толку според земјоделците е годинашната откупна цена на модрите сливи за разлика од лани кога беше 20 денари. Овоштарите од Радовиш бараат дел од сливите да одат за откуп, а дел за индустриска преработка, додека производителите од Пијанец за денеска во 10 часот најавија мирен протест пред општинската зграда на Делчево.

Протестот го поддржува и здружението на фармери, сточари, лозари, тутунопроизводители и пчелари „Земјоделци – Македонија“ кое на својот фејсбук профил вчера објави фото-статус со порака: „Цена под 12 денари за килограм е нерентабилна“.

Владата, пак, денеска на седница треба да го разгледа, а се очекува и да го усвои предлогот на Министерството за земјоделство – секој регистриран откупувач и трговец да добие по два денара субвенција за откупен килограм сливи.

– Оваа мерка произлезе од работните состаноци што ги одржа нашиот тим изминативе денови со производителите и со откупувачите на сливи, а беше предложена како мерка од заеднички интерес. И во следниот период ќе го следиме откупот за да се избегнат непријатности и да се реагира навреме, соопшти Министерството кое реагираше веднаш откако беше алармирано за ситуацијата со откупот на сливите.

Според Јован Стојменовски од Пијанец, сината слива не може да достигне повеќе од два денара за килограм. – Ги повикувам сите производители на сливи од регионот да дојдат на протестот, да донесат гајби сливи и да им поделат на парламентарците. Сите 1.000 производители не можат да земат толку пари колку што еден пратеник зема плата, изјави вчера Стојменовски.

Благојчо Георгиевски од селото Град кој има над 300 тони сливи и е производител 18 години, вели дека годинава има проблеми со извозот. – Рудине откупува мала количина, но сега ги нема и откупувачите од Струмица и Радовиш со кои претходно соработувавме, истакнува Георгиевски.

Незадоволни од ниските откупни цени, производителите на сливи од Радовиш пред три дена го блокираа патот Радовиш – Струмица, истакнувајќи дека целосно е запрен откупот на пунктовите во селата.

Министерството тогаш апелираше земјоделците да не потпаѓаат на политички монтирани информации и на создавање вештачка криза. Воедно информираше дека се подготвуваат мерки за стабилизирање на откупот.

Според овоштарите, засега се неоткупени 5.000 тони сливи само од делчевскиот крај за кои, наводно, се уште нема доволно откупувачи, како и околу 4.000 тони сливи од Берово и Пехчево.

Производителите предупредуваат дека годинава е лош и пласманот на вишните од кои 1.000 тони воопшто не се собрани од нивите.

Во годинашната Програма за финансиска поддршка производителите на сливи имаат можност да аплицираат за субевнеција од три денари за килограм предадени сливи во преработувачки капацитети. Од Програмата за директни плаќања за одржување насади од слива се исплаќа субвенција од 33.000 денари за хектар и 39.600 денари за површини од еден до пет хектари.

За субвенции досега се пријавени 2.788 лица со вкупно 2.121 хектари површина.

Просечните приноси за 2018 година се 20 тони на хектар. (МИА)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ