• Latest

Центар за граѓанска иницијатива ја промовира партиципативната демократија

April 15, 2019
Фото: Скриншот од видео на Алсат М

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Центар за граѓанска иницијатива ја промовира партиципативната демократија

April 15, 2019 17:57
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Центарот за граѓанска иницијатива (ЦГИ) го реализира проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата“ чија цел е да ги поддржи механизмите за институционална одговорност и да го унапреди учеството на граѓаните малцинствата и специфичните групи во управувањето, политичката независност и демократскиот процес. Со проектот, ЦГИ ќе даде придонес кон јакнењето на капацитетите на организациите на граѓанското општество, малцинствата (етнички, верски) и специфични групи (жени, гласачи за прв пат, студенти) во формирањето на политичко мислење за зголемување на политичкото учество како и јакнење на капацитетите на медиумите за да придонесат кон процесот на партиципативна демократија.

ЦГИ ќе изврши процена на капацитетите на целните групи во насока на нивното познавање на документите за граѓанско учество, нивната мотивација за вклучување во демократските процеси и нивната перцепција за објективноста на известувањето на медиумите. Врз основа на тие процени, целните групи ќе учествуваат во процес на градење на капацитетите за креирање на нивното политичко мислење преку користење на релевантни информации. Посебен фокус на проектот е формирање партнерства меѓу медиумите, граѓаните и претставниците на локалните самоуправи, ќе се подобри комуникацијата меѓу нив и ќе обезбеди непречен тек на објективни и релевантни информации.

ЦГИ, како носител на проектот, во соработка со медиумската платформа на ЦИВИЛ, ќе работи со малцинствата (етнички, верски), одредени групи (жени, гласачи за прв пат), во избраните општини: Општина Прилеп, Ресен, Крушево, Долнени, Битола, Куманово, Велес, Штип, Дебар и Гевгелија.

Зголемено учество на граѓанските организации, малцинствата и специфичните групи во процесот на донесување одлуки на локалната заедница и националните нивоа е дел од резултатите што се очекуваат од овој амбициозен проект. Понатаму, проектот ќе ги поддржи напорите да се создадат услови младите да ги преземат лидерските улоги во различни развојни иницијативи на нивните заедници. Малцинствата и специфичните групи (жени, гласачи по прв пат) ќе се оспособат да бараат транспарентност, одговорност и одговорно управување, а воедно ќе го зголемат интересот на малцинствата и специфичните групи за учество во политиката и креирањето на информирано политичко мислење. Според планот на ЦГИ, малцинствата и специфичните групи ќе се запознаат со нивните права и одговорности како граѓани во демократија и се способни самостојно да ги вршат.

Активностите на проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата“ започнаа на 1 март, а ќе се реализираат до 31 декември 2019 година, а овој проект е финансиски поддржан од донаторот ifa/Zivik.

 


Основната цел на ЦГИ е сите граѓани да имаат еднакви човекови права, да бидат вклучени во процесот на донесување одлуки и имаат еднаков пристап кон образованието.
ЦГИ е една од водечките граѓански организации во регионот којашто развила партнерства со сите важни чинители, работи во интерес на граѓаните, и придонесува за подобар живот во заедницата.
Во соработка со граѓанските организации, владини организации и бизнис секторот ЦГИ ги мотивира граѓаните да дејствуваат на развивање на граѓанското општество во Р. Северна Македонија и пошироко.

Веб страница на ЦГИ

Share42Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ