• Latest

Ципрас: Како што најдовме ние, така и Бугарија треба да најде политичка волја за заемно прифатливи решенија

June 17, 2021
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ципрас: Како што најдовме ние, така и Бугарија треба да најде политичка волја за заемно прифатливи решенија

June 17, 2021 11:16
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Колку и да е тешко, пријателот Бугарија, треба да најде, како што најдовме ние, политичка волја за заемно прифатливи решенија што нè водат напред, наместо да нè затвораат во минатото, вели лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во интервју за МИА.

На три години од потпишувањето на Договорот од Преспа со што се стави крај на деценискиот спор, поранешниот грчки премиер во разговор со дописничката на МИА од Атина, ги коментира односите меѓу двете соседни земји, вели дека многу работи се сменија, стигнавме далеку, но можеме да одиме уште подалеку и уште работи да се сменат на подобро, пренесува Слободен Печат.

Истакнува дека со Договорот од Преспа, ЕУ беше принудена да го одмрзне процесот на проширување, да ја зајакне нејзината улога во регионот и да даде зелено светло, не само за Северна Македонија, туку и за Албанија.

Ципрас открива што би направил поинаку од актуелната грчка Влада, доколку СИРИЗА беше сега на власт, а во интервјуто за МИА го потврдува и неговото учество на првиот Преспа форум за дијалог што го организира Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, а ќе се одржи на 1 и 2 јули 2021 година во Отешево и Охрид со цел зајакнување на стабилноста, регионалната соработка, добрососедските односи итн.

Договорот од Преспа меѓу двете земји беше потпишан на 17 јуни 2018 година во Псарадес, од грчката страна на Преспанското Езеро. Една година подоцна во Грција се одржаа тројни избори, локални, европски и парламентарни, кои беа и предвремени, тогаш владејачката СИРИЗА загуби и од 7 јули 2019 година, дојде на власт Нова демократија.

Партијата на актуелниот грчки премиер Кирјакос Мицотакис, иако како опозиција беше против договорот и го сметаше за штетен за националните интереси на Грција, сепак, сега како Влада, го почитува, а билатералната соработка меѓу двете земји бележи напредок.

Господине Ципрас, денеска се навршуваат точно три години од потпишувањето на Договорот од Преспа. Гледајќи ги работите од оваа временска дистанца и од позиција на опозиција, што е променето меѓу двете земји?

– Многу работи се сменија кон подобро и можат уште повеќе да се сменат. Во периодот 2014-2017 година ЕУ соопшти замрзнување на пристапниот процес, нејзиното влијание драстично се намалуваше во корист на други сили со свои планови, а Западен Балкан тонеше од една во друга криза. Со Договорот од Преспа ја принудивме ЕУ да го одмрзне процесот на проширување, да ја зајакне нејзината улога во регионот и да даде зелено светло, не само за Северна Македонија, туку и за Албанија. Замислете во каква ситуација ќе се наоѓаше Западен Балкан, доколку не постоеше оваа разврска и како негативно ќе го повлечеше развојот на настаните и за други, како на пример во врска со разговорите Белград- Приштина. Пред сè, воспоставивме стратешки однос на соработка и пријателство. Однос што ѝ овозможува на Грција активно да го поддржува европскиот курс на Северна Македонија, драстично да се развива регионалната економска и енергетска соработка и да го надгледува воздушниот простор како земја сојузник.

Докажавме дека Грција, навистина е столб на мирот, стабилноста и безбедноста во регионот. Докажавме дека прогресивните сили, навистина можат да го сменат светот и дека е изводливо изнаоѓањето заемно прифатливи договори, доколку постои почитување. Меѓусебно почитување и почитување на меѓународното право. Не беше лесно за мене и за Зоран, ниту за Никос Коѕијас и Никола Димитров. Во преговорите имаше и несогласувања и конфронтации. Но, меѓу нас постоеше почитување и политичка волја дека работите треба да се променат кон подобро, без разлика колку и да е тешко. Така се гради пријателство и во политиката и на човечко ниво.

За жал, веќе подолго време гледаме тенденции за враќање во минатото со замрзнувањето на Меѓу владината конференција од страна на Бугарија. Го разбирам разочарувањето на народот од Северна Македонија. Единствено можам да кажам е дека колку и да е тешко, пријателот Бугарија, треба да најде, како што најдовме ние, политичка волја за заемни прифатливи решенија што нè водат напред, наместо да нè затвораат во минатото.

СИРИЗА ги загуби изборите во 2019 година, а можеби одигра улога и Договорот од Преспа. На крајот, вредеше сето тоа? Кога би можеле да го вратите времето, би смениле нешто?

– Како прогресивни политичари, тука сме да промовираме решенија, дури и ако имаат политичка цена. Можеби, кога би го вратил времето назад, би направил уште поголеми напори за да му ги соопштам на целиот грчки народ придобивките од договорот, кои сега, сè повеќе луѓе ги препознаваат, согласно соодветните истражувања.

Како и да е, Грција се смени, Северна Македонија се смени и никој не може да нè врати назад. Секојпат кога го слушам Зоран Заев кога вели дека премиерот Мицотакис води битки за почитување на договорот и за европската иднина на Северна Македонија, се насмевнувам и си мислам: Никој не може да нè врати назад.

Доколку сега бевте на власт, ќе направевте нешто поразлично во политиката кон Северна Македонија во однос на она што го прави актуелната грчка Влада?

– Доколку бевме Влада ќе одевме уште порешително напред во спроведувањето на договорот и во унапредувањето на нашите стратешки односи со Северна Македонија. Ќе пристапивме кон одржување на вториот Совет за соработка на високо ниво, веќе ќе ги имавме ратификувано меморандумите за соработка што се во корист на двете страни, ќе беше напредната работата за трговските ознаки и ќе беше спроведена одлуката од јуни 2019 година за учебниците во Северна Македонија, како што беше спроведена од Грција.

Главно, сметам дека е многу важна секојдневната соработка на двете земји за следење и спроведување на договорот врз основа на конкретен план. Имплементацијата на Договорот не се одвива во лабораториски услови. Само со постојана комуникација, почит, упорност и градење доверба можеме заедно да им одговориме на оние кои сакаат да го поткопаат Договорот. Па така, високо ќе ја поставевме целта за спроведувањето на Договорот од страна на Грција и истото ќе го побаравме и од нашите пријатели. Во оваа рамка, како што беше случај со многу други јавни ентитети во Северна Македонија, особено за време на владата на СИРИЗА, навремено ќе беше решено и прашањето со дресовите на репрезентацијата, на начинот предвиден во Договорот од Преспа.

За две седмици, повторно ќе бидете од другата страна на границата, во близина на Преспа за да учествувате на првиот Преспа форум за дијалог. Која е пораката што ќе ја испратите и како гледате на вашето учество?

– Пораката е дека стигнавме далеку, но заедно можеме да одиме уште понапред. Секако, мислам на нашите две земји, но и не само на нив. Сметам дека Преспа форумот е многу позитивна иницијатива и затоа што духот на Преспа се однесува на целиот наш регион, на Европа и многу пошироко, на секој регионален спор и разлика. Треба да продолжиме да ги истакнуваме важноста и придобивките што ги има решавањето на разликите базирано на меѓународното право, за мирот, стабилноста и заеднички развој. И треба, уште еднаш да ја инспирираме, но и да ја убедиме Европската Унија да ја зајакне нејзината улога во оваа насока. На Балканот и пошироко.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ