• Latest
(архива) Прес на ЦИВИЛ на отворено, јуни, 2020 година.

ЦИВИЛ на прес конференција со информации од изборниот мониторинг, Орданоски прашува дали треба укинување на строгите, формални, предизборни кампањски „стеги“

September 21, 2021
Фото: Скриншот ЦИВИЛ Медиа

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЦИВИЛ на прес конференција со информации од изборниот мониторинг, Орданоски прашува дали треба укинување на строгите, формални, предизборни кампањски „стеги“

September 21, 2021 09:15
in ВЕСТИ, ТОП 5
(архива) Прес на ЦИВИЛ на отворено, јуни, 2020 година.

(архива) Прес на ЦИВИЛ на отворено, јуни, 2020 година.

Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ ќе одржи прес конференција на која ќе стане збор за информациите и анализите што произлегуваат од досегашниот мониторинг на изборниот процес. Прес конференцијата на ЦИВИЛ ќе се одржи денеска (вторник), 21 септември, во 12 часот на македонски и во 12:30 часот на албански јазик, во Прес центарот на организацијата што се наоѓа на 3. кат во Бизнис центарот „Палома Бјанка“.

Не треба ли да се размисли за укинување на строгите, формални, предизборни кампањски „стеги“, кои и така никој не ги почитува? Овде кампањите се водат 365 дена во годината, пауза не се прави – видовме – ни за државни или верски празници. Ниту некој има суштинска контрола врз потрошените пари, ниту условите за кандидатите се „фер и избалансирани“, а институциите кои би требало тоа да го контролираат само ги доведуваме во ситуација да се компромитираат, бидејќи треба да спроведат закони и прописи за кои сите се свесни дека се (речиси) неспроведливи, пишува Сашо Ордановски во денешната колумна „Изборите се како битката кај Ватерло!“.

СЕДНИЦА Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за европски прашања, за труд и социјална политика и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Предлог-законот за Академијата за судии и јавни обвинители, во прво читање е единствена точка на дневниот ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

На предложениот дневен ред на Комисијата за европски прашања се Предлог-законот за заштита на физичките лица во врска со обработката на личните податоци за цели на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции, предлог-законите за адвокатурата, за граѓанската одговорност за навреда и клевета, за Академијата за судии и јавни обвинители и Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, сите во прво читање.

Членовите на Комисијата за труд и социјална политика треба да ги разгледаат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи во второ читање и Годишниот извештај за работењето на Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2020 година и финансиските извештаи на оваа институција за 2020 година.

Предлог-законот за дополнување на Законот за ловството во прво читање, поднесен од група пратеници е единствена точка на дневниот ред на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство.

КУЛТУРА Со доделување на фестивалските признанија и награди, вечер во Битола завршува 42. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Во големата сала на битолскиот Центар на култура, жирито предводено од Суки Меденчевиќ од Босна и Херцеговина и членовите Филип Бергсон од Велика Британија, Вим Ванакер од Белгија, Соња Просенц од Словенија и Димо Попов од Северна Македонија, ќе доделат златна, сребрена и бронзена „Камера 300“, како и награда мала „Камера 300“ за кинематограферите кои конкурираа за престижните награди.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ