• Latest

ЦИВИЛ: Нема зошто гласачите да ја вршат работата на институциите!

August 10, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЦИВИЛ: Нема зошто гласачите да ја вршат работата на институциите!

August 10, 2018 10:03
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Стара приказна, во старо руво – лош Избирачки список. По првиот ден од јавниот увид во Избирачкиот список, реагира ЦИВИЛ – Центар за слобода со соопштение до јавноста. Соопштението го пренесуваме во целост:

Во текот на првиот ден од јавниот увид во Избирачкиот список во пресрет на Референдумот, до ЦИВИЛ дојдоа десетина пријави за проблеми. Старите проблеми, наспротив уверувањата од политичарите и ДИК, сѐ уште се евидентни. Ова е повик до граѓанките и граѓаните да реагираат и да пријават во ЦИВИЛ.

Фантомите во Избирачкиот список се вратиле и удобно се сместиле на адресите на граѓанките и граѓаните што се јавија во нашата организација. Добивме и една пријава за починато лице што сѐ уште фигурира во Избирачкиот список.

Во еден случај, граѓанин ни пишува дека веднаш се јавил во ДИК да пријави неколку „ненајавени гости“ на својата адреса. Од таму, како и на претходните изборни процеси, го упатиле да се јави во МВР. Гласачите повторно ја слушаат старата приказна: секогаш некој друг е одговорен.

ЦИВИЛ ги повикува граѓанките и граѓаните да ја искористат можноста за увид во Избирачкиот список и да ги пријават неправилностите во ДИК, но и на ЦИВИЛ, со цел да се спроведе јавна контрола на процесот. Тоа може да се направи со порака на електронската адреса на ЦИВИЛ: civil@civil.org.mk, со назнака: Избирачки список. Во пораката наведете име и презиме на реално постоечките лица, адресата, а потоа имињата и презимињата на лицата што не живеат на таа адреса. На располагање е и тел. број: 02 / 520 91 76 од 9 до 17 часот, секој работен ден.

Ги повикуваме институциите да го поедностават процесот на решавање на случаите што ќе ги пријават граѓанките и граѓаните. Нема зошто гласачите сами да ја вршат работата на институциите, а притоа да бидат шетани од една врата до друга и, на крајот, пак да не се реши проблемот!

 


Оваа содржина е јавно соопштение на ЦИВИЛ и не подлежи на авторски права: може слободно да се преземe.

Print Friendly, PDF & Email
Share108Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result