ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема „Какви закони, такви избори“ во среда, 12 мај, со почеток во 13 часот во хотел „Парк&Спа“ (зад градски стадион) во Скопје. На панелот ќе учествуваат проф. Рената Дескоска, државната советничка при Министерството за правда, Радица Лазареска Героска, извршниот директор на МОСТ, Дарко Алексов, претседателката на здружението „Инклузива“ Благица Димитровска и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала. Покана е испратена и до Државната изборна комисија, за сега без одговор.
ЦИВИЛ активно се вклучи во процесите поврзани со реформите во изборните процеси со фокус на измените во Изборниот законик и изборниот модел.
Панел дискусија е дел од нашиот проект „Европски перспективи“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија од 1 април оваа година. Проектот обединува повеќе компоненти од кои едната е „Локални избори, следење и известување; придонес кон реформите во изборниот систем“.
Настанот ќе се одржи без публика и ќе се пренесува во живо на Фејсбук страницата и на видео каналот на ЦИВИЛ, а потоа ќе бидат објавени низа медиумски содржини на медиумската платформа ЦИВИЛ МЕДИА, на македонски, албански и англиски јазик. Преземањето на содржините е добредојдено, според лиценцата Creative Commons 4.0. Ќе биде овозможено и присуство на ТВ екипи, со молба строго да се придржуваат кон протоколите за заштита од КОВИД-19.
ЦИВИЛ