• Latest

ЦИВИЛ: Организиран превоз на гласачи, недостапност за лицата со попреченост, насоки за гласање…

May 5, 2019

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЦИВИЛ: Организиран превоз на гласачи, недостапност за лицата со попреченост, насоки за гласање…

May 5, 2019 13:49
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Втора прес конференција на ЦИВИЛ во 12:30 часот

Во ОУ „Гоце Делчев“ во Тетово, на сите ИМ нема ознаки  за забрането внесување оружје, забрането сликање и снимање.

На ИМ 2767, 2769 и 2761/1 во ОУ „Круме Кепески“ во Кисела Вода членовите на ИО немаат беџ, а пултот за лица со посебни потреби не е достапен или воопшто го нема.

На ИМ 2281 во ОУ „Тошо Арсов“ во населбата Македонка во Штип, во координација со набљудувач на една партија, автомобил чија регистрација ја забележал набљудувачот на ЦИВИЛ, превезувал гласачи од населбата Балканска. Еден случај на организиран превоз на гласачите е нотиран и во Битола.

На ИМ 730 во Интернатот „Мирко Милески“ во Кичево, параванот за лица со посебни потреби е пред кутијата, околу 9 часот немало ниту еден член на ИО. По неколку минути, набљудувачот на ЦИВИЛ ги пронашол сите членови вон објектот, биле на колективна пауза.

На ИМ 2290 во ОУ „Тошо Арсов“ во селото Чардаклија, во Штип, параванот бил лошо поставен, така што не обезбедувал тајност на гласањето.

На истото избирачко место, двајца членови на ИО разговарале со партиски набљудувач за гласач кој најавил дека ќе биде надвор од државата. Потоа, му се јавиле на гласачот да го прашаат каде и му побарале да им испрати фотографија како доказ дека е отпатуван вон државата.

На ИМ 2688 во објектот Изворче на градинката Срничка во Аеродром, гласачка на глас прашала: „Значи, треба да заокружам број 2?“, по што, членот на ИО одговорил дека тоа е нејзино право и дека не треба гласно да кажува за кого ќе гласа.

НА ИМ 2241 во ОУ „Тошо Арсов“ во Чашка, наместо повозрасна гласачка, гласала нејзината снаа, која го заокружила ливчето. Реагирал ИО и настанот е влезен во записник.

На ИМ 2850 во ОУ „Гоце Делчев“ во Центар, лицето кое се претставило како претседател на ИО, имало легитимација со друго име и презиме.

На ИМ 1065 и 1068 во Техничкото училиште „Наце Буѓони“, немало вкупно тројца граѓани во Избирачкиот список.

На ИМ 2858 во гимназијата „Јосип Броз“ во Центар, членовите на ИО не носат легитимации.

На ИМ 2173/1 во Централно основно училиште „Благој Кирков“ во Велес, четири гласачи ги немало на Избирачкиот список, Според изјавата на еден од нив, во првиот круг и тој и сопругата гласале на тоа избирачко место, а сега двајцата не можат да гласаат.

На ИМ 1565 во ОУ „Кирил и Методиј“ во Пробиштип, на гласач му било дозволено да помогне на својата сопруга да гласа, по што, зад параванот тој гласно ѝ кажал кој број да го заокружи, и ѝ покажал со прст каде да заокружи, а никој од ИО не реагирал.

На ИМ 2884 во ОУ „Адем Јашари“ во Чаир, влегле двајца гласачи, а трет граѓанин сакал да ги фотографира додека гласаат. Членка на ИО им објаснила дека смеат да се фотографираат само надвор од ИМ, по што еден од гласачите јавно – пред сите членови на ИО, заокружил на ливчето и им се заканил со зборовите: „Ај ќе завршат изборите, па ќе се видиме ние потоа!“

На ИМ 1730 во ОУ „Никола Вапцаров“ во Струмица, двајца гласачи со важечки лични карти, извадени во март, ги нема на Избирачкиот список и не успеале да гласаат.

На ИМ 737/1 во ОУ „Санде Штерјоски“ во Кичево, вратата на ИМ била постојано затворена и немало параван за лица со попреченост.

На ИМ 748 во истото училиште во Кичево, имињата на гласачите се читале на глас.

На ИМ 2680/1 и 2683/1 во ОУ во ОУ „Блаже Конески“ во Аеродром, немало знаци за забрана на внесување на оружје и забрана за користење телефони.

На ИМ 1108 во Опае, во општина Липково, тројца членови на ИО немаат беџови.

На ИМ 2318 село Горни Балван, Карбинци, гласач со важечка лична карта го немало во Избирачкиот список.

На ИМ 2280/1 во ОУ „Гоце Делчев“ во Штип, пет лица ги немало на Избирачкиот список.

На ИМ 2900/1 во ОУ „Иднина“ во Чаир, поставеноста на параванот за гласање на лицата со посебни потреби е таква што не обезбедува тајност на гласањето.

На ИМ 2242 во МЗ во селото Мартолци, во Чашка, сите членови на ИО се без беџови.

На ИМ 2176/1 во ОУ „Александар Македонски“ во Аеродром, на граѓанка која е во процедура на вадење на нова лична карта не ѝ било дозволено да гласа, иако ја има во Избирачкиот список, затоа што со себе ја немала потврдата од МВР. И било објаснето дека ќе и биде дозволено гласање, ако ја донесе потврдата.

ИМ 731 и 732 во Јавното претпријатие за становање, во Кичево, се на вториот кат и не се достапни за лица со попреченост. На самите избирачки места нема поставени паравани за гласање на лица со попреченост.

 

Share97Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    172 shares
    Share 69 Tweet 43
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ