До 17.15 часот 160-те набљудувачи на ЦИВИЛ испратиле 115 извештаи за регистрирани неправилности на повеќе од 130 избирачки места.
Од досега обработените извештаи, најголем дел од неправилностите, или 63,5 отсто, биле проблеми поврзани со изборната администрација
На второ место по зачестеноста се изборни неправилности предизвикани од политичките партии, на што отпаѓаат 12 отсто од пријавените нерегуларности, а веднаш по нив следат неправилностите предизвикани од гласачите (11 отсто).
Според видот на прекршувањето на изборните процедури, најчести се неправилностите во работата на органите на ДИК, односно општинските изборни комисии и избирачките одбори, (43 отсто) , проблеми со избирачкиот список (12 отсто) и кршење на изборниот молк (11 отсто). Веднаш по нив се неправилности предизвикани со незаконито однесување на партиските структури, со 10 отсто зачестеност.
Во врска со последнотво, мора да истакнеме дека на ИМ 2452 во Кондово, општина Сарај, претседател на една политичка партија врши притисок на набљудувач на ЦИВИЛ.
На ИМ 2281 во ОУ „Гоце Делчев“ во Штип, според сведоштво на граѓани дадено на набљудувачот на ЦИВИЛ, се потврдува дека активист на една партија, овој пат со автомобил со друга регистрација,повторно довезува гласачи од населбата Балканска и ги чека за транспорт назад; Набљудувачката содозволана ЦИВИЛ, го пријавила случајот на полицаецот пред објектот каде се наоѓа избирачкото место. Според Избирачкиот одбор, лицето било набљудувач, но тоа кратко време си заминало и не се вратило, а по пријавата до полицаецот, во близина на училиштето се појавил координаторот на локалниот огранок на партијата.
– На ИМ 2316 во ОУ Страшо Пинџур во Карбинци член на политичка партија, чиј идентитет е утврден, агитира и со возило носи гласачи. На истото ИМ друг член на истата партија, кој бил прва смена на гласачкото место, останал на местото и агитира за еден од двајцата кандидати за претседател. Полицијата не реагирала
– Во Тетово од штаб на една политичка партија се праќаат СМС пораки во кои индиректно се бара да се гласа за одреден кандидат.
На ИМ 1251 во Наплатниот ценатр на Водовод во Охрид, член на Избирачкиот одбор води паралелни белешки, веројатно со податоци за излезеност на партиски членови.
На ИМ 93 и 93/1 во МЗ „Димитар Влахов“ во Битола, со автомобил чија регистрација ја забележал набљудувачот на ЦИВИЛ, се превезуваат граѓани, етнички Роми од Баир, на гласање.
Градоначалник на една скопска општина го крши изборниот молк со пост на ФБ.
На ИМ 2317 во ОУ „Страшо Пинџур“ во Карбинци, на триесетина метри од гласачкото место се поставени плакати на еден од претседателските кандидати.
На ИМ 1266 во приватен објект во Охрид, партиски набљудувач ги обележува гласачите со спреј.затоа што само двајца членови од ИО се присутни во избирачкото место.
На ИМ 1114 во Задружниот дом во селото Матејче, општина Липково, недостасува пултот за гласање за лица со попреченост.
На ИМ 1120 во ОУ во селото Отља, во Општина Липково, член на Избирачкиот одбор нема беџ за идентификација
На ИМ 1121 во селото Ропалце, општина Липково, нема пулт з агласање за лица со попреченост.
На ИМ 1110 во ОУ во селото, Умин Дол, во Куманово, членовитенаИОнемаатбеџевизаидентификација
На ИМ 2612 во ОУ „Владо Тасевски“ во Карпош, се наоѓанавториотспрат инемапристапзалица со попреченост, анатојкатимаоколудесетина ИМ.
На ИМ 1042 во ОУ „Наим Фрашери“, еден граѓанин го прашал ИО дали може да почне да пополнува ливчиња и да ги става во кутијата. Откако помислил дека се шегува, но им одговорил дека е сериозен. По реакцијата на ИО – си заминал. Истовремено, двајца членови на членовите на ИО чиј идентитет е познат на ЦИВИЛ, како и набљудувачнаедна партија, вршеле притисок на набљудувачката на ЦИВИЛ, прашувајќи ја кога ќе си замине
На ИМ 2891 во ОУ Лирија во Чаир четиричлено семејство влегло заедно на гласање, по заокружувањето му дале на детето да ги внесе ливчињата во кутијата, а другото дете го снимало со телефон.
На ИМ 737 во ОУ Санде Штерјоски во Кичево ниту еден член на Избирачкиот одбор не носи беџ
На ИМ 2706 во ОУ Ѓорѓија Пулевски во Аеродром гласач кој веќе го уфрлил ливчето во кутија, бил вратен назад да му стават спреј. На истото гласачко место нема паравани за лица со попреченост
На ИМ 2807 во Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ во општина Центар граѓанин пријавил дека членовите на избирачкиот одбор недолично и дрско се однесувале кон него и жена му, кои дошле со дете на избирачкото место. Детето било во количка и не го попречувало процесот на гласање. Избирачкиот одбор остро реагирал, прашувајќи ги зошто дошле со деца, и тврдејќи дека тие не смеат да бидат тука…. граѓанинот одговорил дека нема каде да го остави.
На ИМ 945 во ОУ Јоаким Крчовски во Крива Паланка на лице коешто завршило со гласање по грешка му е вратена л.к. од лице кое гласало во моментот. Второто лице кога завршило со гласање забележало дека му враќаат погрешна л.к. по што гласањето било во прекин 40 минути додека личната карта, со помош на дежурен полицаец, не била вратена од претходниот. Направен записник и известена е ОИК.
На истото избирачко место неписмен гласач дошол со придружба, но човекот кој бил во придружба веќе претходно му помогнал на друго лице и постојано се врткал околу ИМ. Откако бил опоменат
од ИО, нервозно се јавил некому на телефон и прашал колку пати може да помогне. Додека му помагал на неписмениот гласач не му ги прочитал кандидатите, туку со прст му покажал каде да заокружи.
На ИМ 2063 во ОУ Дервиш Цара во с. Долно Палчиште, општина Боговиње, починато лице го има на избирачки список,
На избирачките места во Месната заедница Димитар Влахов во Битола лице, чиј идентитет им е познат на набљудувачите на ЦИВИЛ, носи луѓе на гласање.
На ИМ 107 во битолското училиште Стив Наумов членовите на ИО немаат беџови. На соседното ИМ 108, едно лице, кое било пријавено како болно и изнемоштено лице, не гласало вчера затоа што никој не дошол на домашна адреса, а на истото ИМ гласач го заокружил и ливчето на сопругата.
На ИМ 78 во Месна заедница Стевче Патако во Битола член на ИО е постојано на телефон.
На ИМ 74, 75 и 76 во Месна заедница Вељко Влаховиќ гласачите на глас си ги кажуваат имињата
На ИМ 2684/1 во ОУ Блаже Конески во Аеродром само претседателот на ИО носи беџ, а еден член на ИО истовремено и го проверува избиракиот список, и дава ливчиња.
На ИМ 1638, 1638/1 и 1637 во Домот на културата Драги Тозија во ресенскиот Сарај сите избирачки места се на вториот кат, непристапни за лицата со попреченост и за постарите граѓани, кои се пожалиле дека тешко им оди качувањето до гласачкие места. На ИМ 1638 членовите на ИО не носат беџови, а на ИМ 1638/1 гласач не бил проверен со УВ ламба.
Огранокот на една партија во Ресен поднел приговор до ОИК дека билборд на кандидат кој го поддржуваат бил покриен со пропаганден материјал од друга политичка партија. Билбордот се наоѓа во центарот на градот пред општинската зграда . Од ОИК е препратен приговорот во ДИК.
На ИМ 2495 во ОУ Даме Крапчев во Гази Баба гласач уште во првиот круг не можел да гласа затоа што го немало во Избирачкиот список. Бил во ОИК му рекле дека неможат сега да го менваат ИС ќе гласа на следните избори. Сега пак бил да провери, пак го немало на ИС
Во ОУ „25 мај“ во Гази Баба пред сите избирачки места, внатре во училиштето, се пуши, ходниците се исполнети со чад од цигарите, нема знаци за забрането пушење
На ИМ 2933 во ОУ Панајот Гиновски во Бутел претседателката на ова избирачко место извикувала на самото место за гласање „ајдееее живот за сите„
На ИМ 2289 во с. Сушево, општина Штип, каде има 7 регистрирани гласачи, биле префрлени на ИМ 2284 во Три Чешми во Штип. Таму, на ИО им снемало батерии за УВ ламбите, па решиле подоцна самите да одат во продавница и да купат нови. На истите избирачки места, 10 лица не гласале бидејќи ги нема во избирачкиот список или им истекла важноста на личните карти, а во избирачкиот список стојат имиња на 4 починати лица.
На ИМ 0093 во Месна заедница Димитар Влахов во Битола една граѓанка недостига на избирачкиот список. На тоа ИМ две ливчиња се поништени бидејќи сопругот заокружил наместо сопругата, а случајот е пријавен во ДИК
На ИМ 107 во Месна заедница Коле Лачето во Битола набљудувач на една партија има список и се јавува на телефон да известува со име и презиме кој дошол да гласа
На ИМ 1720 во ЦОУ Никола Вапцаров во Струмица гласач тврдел дека сопругата му е неписмена и и помагал да гласа и покрај противењето на ИО. Спроти ова ИМ се наоѓа штаб на политичка партија, каде што во текот на целиот ден се собираат луѓе.
На ИМ 1728 во детска градинка во Струмица член на ИО не носи беџ, а на соседното ИМ 1729 гласач не бил проверен со УВ ламба.
Пред ИМ 1758, 1759, 1730 и 1731 во СОУ Никола Карев во Струмица е поставен билборд со ликот на еден од кандидатите.
На ИМ 1722 во градинката Детска радост во Струмица едно лице го нема во ИС