ЦИВИЛ продолжува со активностите за граѓанска едукација за борба против дезинформациите во неколку локации во Скопје.
Активист(к)ите на ЦИВИЛ дистрибуираа едукативна брошура со наслов „Ослободи го умот“ која содржи основни информации за поимите поврзани со дезинформациите, пропагандата и хибридните закани, на плоштадот „Македонија“ и во „Градски парк“ во Скопје.
Брошурата може да послужи како одличен водич во препозанавањето и справувањето со дезинформациите и другите штетни влијанија од пропагандата и хибридните закани во јавната комуникација.
Брошурите се на македонски, албански и ромски и објавени се, освен во печатена, и во електронски формат во Дигиталната библиотека на ЦИВИЛ. Истовремено, во тек е и објавувањето на едукативни видео спотови на трите јазици на медиумската платформа на ЦИВИЛ, во рубриката ЕДУКАЦИЈА.
ЦИВИЛ