Во текот на изминатото деноноќие, на ден 20/21.08.2025 година, на територијата на Р.С.Македонија имаше вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се 3 пожари, под контрола / и изгаснати 15 пожари, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
АКТИВНИ: 3
1. Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума);
2. Општина Маврово и Ростуше: с. Церово (нискостеблеста дабова шума и сеча);
3. Општина Прилеп: с. Беловодица, место викано Ливада (букова шума);
ПОД КОНТРОЛА: /
ИЗГАСНАТИ: 15
1. Општина Гази Баба: ул. Перо Наков б.б (ѓубриште);
2. Општина Петровец: с. Средно Коњаре (ѓубриште);
3. Општина Петровец: с. Средно Коњаре (ниска вегетација и ѓубре);
4. Општина Струга: с. Драслајца (ѓубриште);
5. Општина Тетово: с. Сараќино (ниска вегетација);
6. Општина Желино: с. Стрмница (ниска вегетација);
7. Општина Чишиново-Облешево: с. Облешево (ниска вегетација);
8. Општина Неготино: с. Криволак, во близина на мостот пред касарна (ниска вегетација и напуштена нива со овоштарник);
9. Општина Тетово: на патот Тетово – с. Брвеница (ниска вегетација);
10. Општина Гостивар: с. Чегране (ниска вегетација);
11. Општина Гостивар: с. Дебреше (ниска вегетација);
12. Општина Крушево: с. Светомитрани (ниска вегетација);
13. Општина Радовиш: с. Раклиш (ниска вегетација);
14. Општина Студеничани: с. Драчевица (сува трева и грмушки);
15. Општина Долнени: с. Лажани (ниска вегетација);
М. Д.