Во последниот извештај за пожари на отворен простор, од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат за состојбата со пожари до 12:30 часот.
Според соопштението, има вкупно 10 пожари на отворен простор. од кои активни се 9 и тоа во општините Прилеп – с. Бешиште (приземен во мешана шума); 2 во Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево и с. Слатин (дабова шума и грмушки) и с. Самаково (лесно запалив материјал); Велес – поранешна фабрика Порцеланка (ниска вегетација); Чашка – под Солунска Глава, Изворите на Бабуна – Бабина Дупка (само чад во карпест предел); Пробиштип – с. Петршино (ниска вегетација и стрниште); Чучер Сандево – помеѓу с. Блаце и с. Чучер (мешана шума и ниска вегетација); Шуто Оризари – Њу Стар Хотел (депонија) и во општина Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума)
Има 1 локалозиран пожар во Општина Делчево кај Градската депонија. Нема неутрализирани.