• Latest

Цукерберг најавува потиснување на политичките содржини од Фејсбук

February 5, 2021

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025

Во Црна Гора уапсени осум лица поради насилство и поттикнување национална и верска омраза

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НАУКА ТЕХНОЛОГИИ

Цукерберг најавува потиснување на политичките содржини од Фејсбук

February 5, 2021 11:44
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТЕХНОЛОГИИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Марк Цукерберг неодамна најави дека оваа година можеме да очекуваме промени во начинот на функционирање на социјалната платформа Фејсбук, пред сѐ од аспект на зајакнување на принципите на работа, со заштита не само на приватноста на корисниците, туку и допир со информации кои поттикнуваат насилство или шират говор на омраза, особено ако се инволвирани политички групи или субјекти или пак граѓански групи и страници.

„Нашиот фокус сега е да се развие оваа инфраструктура на заедница пошироко од фидови(feeds – можност за известување на корисниците на блогови или други често ажурирани веб страници за додадени нови содржини) и пораки за да им се помогне на луѓето да градат и водат целосно самоодржливи институции на заедницата. Така што градиме алатки за да им се помогне на групите да ги завршат работите заедно и обезбедуваме поддршка за повеќе луѓе кои користат пораки, видео чат и дури сопствени веб страни на заедниците. Исто така, истражуваме и различни начини за собирање средства, вклучувајќи донации, стока и членарина, за да им се помогне на лидерите на групи да ја поддржат работата на нивната заедницата и да вработат луѓе за различни улоги потребни за градење на одржливи заедници долгорочно.

Како што продолжуваме да се фокусираме на ова, треба да се осигураме дека заедниците со кои луѓето се поврзуваат се здрави и позитивни, а тоа е нешто на што сме фокусирани веќе некое време. Еден начин  на кој што тоа го правиме е со отстранување на групи кои ги прекршуваат нашите правила за работа, како што се насилство или говор на омраза. Во септември, споделивме дека имавме отстрането над 1 милион групи само во изминатата година. Но постојат и многу групи за кои можеби не сакаме да ги охрабруваме луѓето да им се приклучат, иако не ги прекршуваат нашите политики. Така на пример, престанавме да препорачување граѓански и политички групи во САД во пресрет на изборите. Продолжуваме да го прилагодуваме функционирањето на ова, но сега планираме да ги држиме граѓанските и политичките групи надвор од препораките долгорочно и планираме да ја прошириме таа политика глобално. Да појасниме, ова претставува продолжување на работата што ја правиме некое време за обесхрабрување на разговори и заедници кои разединуваат“, вели Цукерберг во својата објава на Фејсбук.

Но, Цукерберг најавува и нешто, кое е во фаза на подготовка, но за земји како нашата каде Фејсбук е доминантна социјална платформа, може да значи целосно или делумно пренасочување на другите социјални платформи Твитер и Истаграм, и тоа во фокусот на намалување на политичките содржини.

„Моментално размислуваме за чекори што би можеле да ги преземеме за намалување на количината на политичка содржина и во „News Feed“. Сé уште ги разработуваме најдобрите начини како да го сториме тоа. И да бидеме јасни, секако дека сé уште ќе им овозможуваме на луѓето да се вклучат во политички групи и дискусии доколку сакаат. Тие често можат да бидат значајни и од помош. Тоа можат да бидат начини за организирање основни движења, да се проговори против неправда или да се научи од луѓе со различни ставови. Значи, ние сакаме овие дискусии да продолжат и понатаму. Но, она што како главна повратна информација ја слушаме од нашата заедница во моментов е дека луѓето не сакаат политиката и борбата да го преземе нивното искуство на нашите услуги“, вели Цукерберг.

Оваа изјава на Цукерберг, на некој начин, од една страна пласира одговор или делување како реакција на Фејсбук заедницата и нивните интереси, односно одлука за потиснување на политичките содржини со оглед дека луѓето сметаат дека има премногу политика, премногу политички содржини и премногу поделби.

Доколку потиснувањето оди во насока на претходно кажаното од Цукерберг, здраво и позитивно поврзување на луѓето, наспроти придонесување кон градење заедници кои разделуваат, се наметнува прашањето колку и на кој начин ваквиот начин нема да влијае негативно на сите обиди на мобилизација на граѓанското општество за теми кои што се важни за човековите права, граѓанските права, важни за учеството на граѓаните во донесување одлуки, за иницијативи на локално, национално ниво или глобални иницијативи. Дали Фејсбук ќе успее секогаш и во секоја земја да обезбеди правичност во однос на одлуките за исклучување или потиснување на одредени профили, групи или Фејсбук страници, кои безбедносни механизми ќе ги воспостави, што сѐ ќе подразбира под политички содржини или граѓански иницијативи, кои теми ќе бидат дозволени, а кои не…

Иако промените на овој план се најавени за тековната година и останува да се види како и со кој интензитет Фејсбук ќе ги имплементира, самата најава остава простор на резерва и дискусија колку ова пред сѐ ќе наштети на корисниците –граѓански организации, иницијативи, активисти, особено оние што се занимаваат со граѓанско право, човекови права, медиуми, па дури и екологија и заштита на животната средина, со оглед дека, барем кај нас, се работи високо политички теми, тесно поврзани со одлуките кои се носат на локално или национално ниво.

ЦИВИЛ во периодот што следи ќе отвори дискусија токму за овој аспект од користење на социјалните платформи, пред сѐ Фејсбук, но и алтернативните, како Твитер, и начинот на кој тие ги и ќе ги администрираат политичките содржини. Како учесници во дискусијата се поканети сите заинтересирани граѓанки и граѓани и засегнати страни.

Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ