• Latest

Цукерберг: Целосната приказна на интернетот сé уште не е напишана – 2021 со фокус на креирање нова компјутерска платформа

February 1, 2021

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
Фото: На 7 мај, Јодл потпиша безусловен „Акт за воено предавање“, Wikipedia

Историски факти: Кога е Денот на победата над фашизмот

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НАУКА ТЕХНОЛОГИИ

Цукерберг: Целосната приказна на интернетот сé уште не е напишана – 2021 со фокус на креирање нова компјутерска платформа

February 1, 2021 14:30
in ВЕСТИ, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Марк Цукерберг на својот Фејсбук профил ги сподели заклучоците и квартални резултати на Фејсбук. Цукерберг истакнува дека во фокусот за оваа година ќе бидат четири големи теми заедници, приватни пораки, трговски алатки за мали бизниси и градeње на следната компјутерска платформа.

„Нашата заедница и нашиот бизнис имаа силен крај на годината. Како што Ковид продолжи да не држи повеќето од нас одвоени еден од друг и дома, луѓето и бизнисите продолжија да се потпираат на нашите услуги за да бидат во контакт и за да создаваат економски можности. 2,6 милијарди луѓе сега користат една или повеќе од нашите апликации секојдневно и над 200 милиони бизниси – претежно мали бизниси – ги користат нашите бесплатни алатки за да допрат до потрошувачите.

Тие бројки даваат претстава за опсегот, но некои од приказните што ги слушаме го покажуваат и влијанието. Формирани се групи каде луѓе со долготрајни Ковид симптоми си помагаат едни на други низ застрашувачко искуство низ кое поминуваат во моменти каде нема  кон што друго да се осврнеме. Наставниците им испраќаат задачи на учениците преку WhatsApp. Локалните книжарници и кафулиња го користат Инстаграм за да ги информираат посетителите дека се отворени за да подигнат нарачка. Луѓе се собраа за да соберат преку 1,8 милијарди долари за непрофитни организации и лични каузи преку нашите алатки за собирање средства – вклучувајќи 175 милиони долари само за каузи поврзани со Ковид. Горд сум на улогата што нашите услуги ја имаа во помагањето луѓето да се подржат едни со други во ова тешко време.

Поминав доста долго време на неодамнешните конференциски повици зборувајќи за нашите напори за изборен интегритет, така што нема да зборувам долго за тоа денес, но би сакал да истакнам дека, според нашите проценки, ние лесно ја надминавме нашата цел да им помогнеме на 4 милиони луѓе да се пријават за гласање, како дел од најголемиот напор за дистибуција на авторитативни информации за гласање во поновата историја – и би сакал да им се заблагодарам на сите во нашите тимови и пошироко вклучени во тој напор.

Денес ќе се фокусирам на нашите излезни резултати и конкретно ќе се фокусирам на четири теми за кои сум возбуден за годината што следи: заедници, приватни пораки, трговски алатки за мали бизниси и градење на следната компјутерска платформа.

Да започнеме со заедниците. Мислам дека помагањето на луѓето да градат заедници претставува една од најважните нешта што можеме да ги направиме. Нашата социјална структура се состои од повеќе различни слоеви низ кои ја добиваме нашата општествена поддршка. Прво, сите имаме пријатели и фамилии. Тоа е најличниот слој. Потоа имаме заедници во кои сме дел – каде имаме чувство на припадност и цел, истражуваме интереси, развиваме вештини, растеме како поединци и запознаваме нови луѓе. И на крај ја имаме мрежата за безбедност која општеството и владата ја обезбедуваат. Во многу делови од светот, постои пад на учеството на заедницата во изминатите неколку декади – тоа е тој втор слој. Ова не е нешто што можеме сами да го решиме, но сметам дека можеме да помогнеме. Значи, кога сме им помогнале на милијарди луѓе да бидат поврзани со пријателите и семејствата, да им се помогне на сите да најдат и учествуваат во заедници што им се значајни на нив е нашата следна цел. Ние дури ја ажуриравме нашата мисија пред неколку години за да го рефлектираме она што сега гласи: „дајте им на луѓето моќ да изградат заедница и да го зближат светот“.

Денес, повеќе од 600 милиони луѓе се членови на некоја група на Фејсбук која сметаат дека е значајна во нивниот живот. Ова низ годините полека растеше – а постојано слушам од луѓе кои се во групи за родители дека тие се главен извор при навигирање на одгледувањето на децата, или од луѓе кои нашле група која ја споделува истата здравствена состојба и можат да се потпрат на таа заедница за знаење и поддршка, или од луѓе кои се преселиле на ново место и се приклучиле на локални групи за да запознаат луѓе и да се ситуираат.

Нашиот фокус сега е да се развие оваа инфраструктура на заедница пошироко од фидови(feeds – можност за известување на корисниците на блогови или други често ажурирани веб страници за додадени нови содржини) и пораки за да им се помогне на луѓето да градат и водат целосно самоодржливи институции на заедницата. Така што градиме алатки за да им се помогне на групите да ги завршат работите заедно и обезбедуваме поддршка за повеќе луѓе кои користат пораки, видео чат и дури сопствени вебстрани на заедниците. Исто така, истражуваме и различни начини за собирање средства, вклучувајќи донации, стока и членарина, за да им се помогне на лидерите на групи да ја поддржат работата на нивната заедницата и да вработат луѓе за различни улоги потребни за градење на оддржливи заедници долгорочно.

Како што продолжуваме да се фокусираме на ова, треба да се осигураме дека заедниците со кои луѓето се поврзуваат се здрави и позитивни, а тоа е нешто на што сме фокусирани веќе некое време. Еден начин  на кој што тоа го правиме е со отстранување на групи кои ги прекршуваат нашите правила за работа, како што се насилство или говор на омраза. Во септември, споделивме дека имавме отстрането над 1 милион групи само во изминатата година. Но постојат и многу групи за кои можеби не сакаме да ги охрабруваме луѓето да им се приклучат, иако не ги прекршуваат нашите политики. Така на пример, престанавме да препорачување граѓански и политички групи во САД во пресрет на изборите. Продолжуваме да го прилагодуваме функционирањето на ова, но сега планираме да ги држиме граѓанските и политичките групи надвор од препораките долгорочно и планираме да ја прошириме таа политика глобално. Да појасниме, ова претставува продолжување на работата што ја правиме некое време за обезхрабрување на разговори и заедници кои разединуваат.

Сега, во истата насока, моментално размислуваме за чекори што би можеле да ги преземеме за намалување на количината на политичка содржина и во „News Feed“. Сé уште ги разработуваме најдобрите начини како да го сториме тоа. И да бидеме јасни, секако дека сé уште ќе им овозможуваме на луѓето да се вклучат во политички групи и дискусии доколку сакаат. Тие често можат да бидат значајни и од помош. Тоа можат да бидат начини за организирање основни движења, да се проговори против неправда или да се научи од луѓе со различни ставови. Значи, ние сакаме овие дискусии да продолжат и понатаму. Но, она што како главна повратна информација ја слушаме од нашата заедница во моментов е дека луѓето не сакаат политиката и борбата да го преземе нивното искуство на нашите услуги.

Оттука, една тема за оваа година е тоа што ќе продолжиме да се фокусираме на помагање на милиони луѓе да учествуваат во здрави заедници и уште повеќе ќе се фокусираме на тоа да бидеме сила во зближување на луѓето.

Понатаму, ајде да зборуваме за приватните пораки. Како што зборувавме претходно, додека луѓето уживаат да се поврзуваат со пријатели и заедници во дигитален еквивалент на градски плоштад во апликации како Фејсбук и Инстаграм, најбрзо растечките социјални искуства се однесуваат на приватно поврзување во дигитален еквивалент на дневна соба во услуги како WhatsApp и Messenger. Затоа и вложивме голем напор пред неколку години за да повторно замислиме како би изгледала модерна социјална платформа ако ја изградите од долу нагоре со приватноста на прво место.

Идентификувавме неколку основни принципи. Треба да се изгради приватна социјална платформа околу најинтимните интеракции што ги имаме, а тоа се разговорите еден-на-еден. Најважниот аспект на приватноста и безбедноста е тоа дека разговорите треба да останат помеѓу вас. Тоа значи дека вашите разговори треба да бидат „end-to-end“ криптирани и да исчезнат кога ќе завршите со нив. Безбедноста и намалувањето на спам се исто така важни, а тоа значи дека треба да оддржуваме минимален износ на метаподатоци за да изградиме софистицирани алатки за спречување лоши актери да го користат овие услуги. А треба да имате и избор за тоа кои услуги ги користите, така што треба праќањето пораки да го направиме што е можно поинтеперабилно низ нашите апликации. И конечно, без разлика на сé, треба да ги чуваме податоците на луѓето само во земји каде што знаеме дека можеме да ги чуваме безбедно – и треба да продолжиме да се спротивставуваме на локализацијата на податоци во земји со слаби евиденции за човекови права и приватност.

Имаме многу конкуренти кои изнесуваат тврдења во однос на приватноста кои често се погрешни. Apple неодамна објави т.н. етикети на храна кои во поголем дел се фокусираат на собирање на метадата апликации откоколку на приватноста и безбедноста на самите пораки на луѓето. Но, iMessage зачувава „non-end-to-end“ криптирани бекапи на вашите пораки по автоматизам, освен ако не го оневозможите iCloud, така што Apple и владите имаат можност да пристапат до пораките на повеќето луѓе. Значи, кога станува збор за што е најбитно – заштита на пораките на луѓето, мислам дека WhatsApp е јасно супериорен.

Сега, бидејќи се обидувам да ги користам овие конференциски повици за дискутирање на аспекти на деловната стратегија што јас сметам дека се битни инвеститорите да ги разберат, сакам да истакнам дека сé повеќе го гледаме Apple како еден од нашите најголеми конкуренти. iMessage е важен дел на нивниот екосистем. Доаѓа прединсталиран на секој iPhone и му имаат дадено предност со приватни интерфејси за програмирање апликации и дозволи, поради што iMessage е најчесто користена услуга за праќање пораки во САД. А сега, исто така, гледаме како бизнисот на Applе сé повеќе зависи од добивање удел во услуги против нас и други девелопери. Apple ги има сите стимулации да ја користат нивната доминантна позиција на платформата да се мешаат со тоа како нашите апликации и други апликации работат, што и редовно го прават за да дадат предност на нивните. Ова влијае на растот на милиони бизниси низ светот, вклучително и со нивните претстојни iOS 14 промени, така што многу мали бизниси не ќе можат повеќе да допрат до своите клиенти со таргетирани реклами. Apple можеби ќе каже дека ова го прават за да им помогнат на луѓето, но потезите јасно ги следат нивните конкурентски интереси. Мислам дека оваа динамика е битна за луѓето да ја разберат, бидејќи ние и други ќе се соочиме со ова во догледна иднина.

Нашите услуги за пораки продолжуваат да растат, но тоа е тешка битка и нашите услуги треба да бидат дотолку подобри како приватни социјални платформи за да успееме. За да бидеме сигурни дека ќе останеме најдобри, пред неколку години започнавме со бројни долгорочни напори што неодамна започнаа да се испорачуваат, а повеќе од овие проекти околу зајакнување на криптирањето, брзата минливост, интероперабилноста и нудењето на други алатки ќе бидат испорачани во текот на оваа година.

Сега, да зборуваме за трговија. Нашата цел тука е да му се даде на секој поединечен претприемач и мал бизинс пристап до истите видови алатки до кои што историски имале само големите компании. Ние секогаш сме воделе грижа за ова, но пандемијата ја направи уште поитна целата ситуација.

Порано беше случај само големите компании да можат да си дозволат да имаат аналитики или таргетиран капацитет за рекламирање за да допрат до нивните клиенти. Беше скапо да се изградат овие капацитети и често беше потребно да се градат тимови и да се складираат големи количини на податоци во организацијата, што повеќето мали бизниси не можат да го прават. Една од работите за која што сум најмногу горд е тоа што ние ги градиме алатките за да можеме да ги нудиме овие исти способности на малите бизниси, често безплатно. Па така кога ќе слушнете како луѓето велат дека ние држиме многу податоци, тоа е затоа што стотици милиони бизниси, кои инаку би морале сами тоа да го прават и не би имале лесен начин како тоа да го сторат, сега ги користат нашите услуги за полесно да допрат до своите клиенти. Кога ќе слушнете луѓето како велат дека ние поврзуваме податоци од многу извори, тоа е за да им се помогне на бизнисите да допрат поефикасно до клиентите. Големите компании ова често го прават самите, но малите бизниси често пати не можат, така што ние го правиме тоа за нив. Кога ќе слушнете како луѓето аргументираат дека ние не би требало да ги правиме овие работи – или дека треба да се вратиме во старите денови на нетаргетирани телевизиски реклами –мислам дека она за што вистински аргументираат е регресија каде што само најголемите компании го имаат овој капацитет, малите бизниси се сериозно загрозени, а конкуренцијата ослабена.

Со нашите трговски алатки, ние тоа го направивме на таков начин што еден бизнис може веднаш да постави продавница, а потоа да има онлајн излог и на Фејсбук и на Инстаграм веднаш, а со тек на времето, исто така, и на WhatsApp и Messenger. Ние од неодамна го проширивме наплаќањето за сите бизниси во САД, правејќи го процесот на купување многу полесен. А како што продолжија карантините, забележавме повеќе мали бизниси и креатори како го користат и „Paid Online Events“ за да заработат пари.

WhatsApp е исто така важен дел на нашата стратегија тука. Над 175 милиони луѓе секојдневно испраќаат пораки преку бизнис WhatsApp, а градиме и нови карактеристики со цел трансакцијата помеѓу бизнисите во апликацијата да ја направиме уште полесна. Воведовме кошници, што им овозможува на луѓето да пребаруваат каталози, да избираат повеќе продукти и да ја пратат нарачката во вид на порака до бизнисот.

Колку повеќе луѓето вршат интеракција со бизниси, толку подобри алатки ќе треба да обзбедиме за бизнисите за да им помогнеме да ги поддржуваат своите клиенти. На многу бизниси им е потребно повеќе од телефон за да ги управуваат своите услуги за клиентите, па така градиме алатки за да им овозможиме на бизнисите да ги чуваат и управуваат со своите WhatsApp разговори со користење на нашата безбедна инфраструктура за хостирање доколку сакаат. Во процес сме на ажурирање на политиката за приватност и условите за користење на WhatsApp за да се одразат овие необврзувачки искуства.

Сега, за да се разјаснат одредни конфузии што се забележани, ова ажурирање *не* ја менува приватноста на ничии пораки со пријатели и семејството. Сите овие пораки се криптирани „end-to-end“ – што значи дека ние не можеме ниту да видиме, ниту да чуеме што зборувате и никогаш нема да ги споделиме, освен ако лицето на кое му праќате порака не избере да сподели. И бизнис пораките ќе бидат хостирани на нашата инфраструктура само доколку бизнис субјектот така избере. Сакаме сите да знаат до кој степен одиме за да ги заштитиме вашите пораки, така што го поместуваме датумот на ова ажурирање за да им дадеме на сите време да разберат што ова ажурирање значи.

Конечно, да разговараме за нашата работа за изградба на следната компјутерска платформа. Ова е една од областите за кој сум највозбуден околу нашиот прогрес навлегувајќи во 2021 година. Доколку ја погледнете историјата на компјутерите, на секои 15 години излегува по некоја главна платформа што ја интегрира технологијата поприродно и посеопфатно во нашите животи – започнувајќи со мрежни сервери, па персонални компјутери, потоа мобилни. Сметам дека следниот логичен чекор е компјутерска платформа што ќе го испорачува ова магично чувство на присуство – дека навистина сте таму со друго лице или на друго место. Нашите телефони не можат да го обезбедат тоа, а ниту било која друга технологија пред тоа. Ова ќе ги отклучи видовите на социјални искуства кои сум сонувал да ги изградам уште како дете, а тоа се стремиме да го направиме во Facebook Reality Labs.

Го лансиравме Quest 2 во октомври и на пат е да биде првиот мејнстрим хедсет за виртуелна реалност. Го дизајниравме за да може секој да се вклучи – со најдоброто и најизвонредното искуство – и по цена што го прави достапен за што е можно поголем број луѓе. Мислам дека Фејсбук има направено повеќе од било која друга компанија во доведување на виртуелната реалност до мејнстримот. Огромно задоволство е да се видат толку многу луѓе како го прифаќаат ова, особено оваа година за време на пандемијата. Ги гледаме луѓето како го користат за играње игри со пријатели кога не можат да бидат лично заедно, како вежбаат во своите дневни соби или имаат состанок со колегите додека работат од дома. Постојат многу причини зошто Quest 2 беше еден од топ подароците за празниците оваа година.

Исто така, гледаме растечки екосистем на девелопери кои развиваат извонредни нови искуства за платформата. Моментално, повеќе од 60 Oculus девелопери генерираат милионски приходи – скоро двојно повеќе од пред неколку месеци.

Во претходните квартали, зборував за нашите долгорочни, идни цели кога се работи за виртуелна реалност, но мислам дека резултатите од овој квартал покажуваат кон што треба да се стремиме во иднина.

Augmented reality glasses ќе бидат клучен дел и од оваа визија. Сé уште работиме на фундаменталната технологија за да ги поддржи – и крајниот продукт е сé уште неколку години пред нас. Но, оваа година ќе дадеме првичен поглед на она што ќе биде кога ќе го лансираме нашиот прв пар паметни очила од Ray-Ban, во партнерство со Luxottica.

За време на оваа пандемија, сведоци сме дека Portal се покажа како одличен начин луѓето да бидат поврзани – а особено за време на празниците бидејќи семејствата мораа одвоено да прославуваат. Оваа година, фокусирани сме на проширување на улогата на Portal и присуството на виртуелната реалност на работното место – воведувајќи повеќе карактеристики кои го подобруваат присуството, соработката и продуктивноста од далечина.

2021 има многу непознати. Не знаеме кога вакцините ќе бидат нашироко достапни, кога нашите тимови ќе се вратат во канцеларија или кога нашите животи ќе почнат повторно да течат нормално. Но, она што го знам е дека ќе продолжиме да инвестираме во и иновирање на големите теми за кои зборував тука за да се стави поголема моќ во рацете на луѓето и малите бизниси. Лично верувам дека технологијата може да донесе напредок и можности – и дека целосната приказна на интернетот сé уште не е напишана.

Фејсбук статус на Марк Цукерберг

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ