• Latest

Туфегџиќ: На полициските видео-снимки Чавков може да види дека ЕБР ги тепаше студентите!

July 29, 2016

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Туфегџиќ: На полициските видео-снимки Чавков може да види дека ЕБР ги тепаше студентите!

July 29, 2016 13:30
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

„Да бев на местото на министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, добро ќе размислев дали ќе кажам дека немало употреба на сила врз студентите на 30-ти јуни, за време на студентските избори и дека полицијата, односно ЕБР, се однесувале во рамки на своите ингеренции и надлежности“, вели за ЦИВИЛ Медиа, Ивана Туфегџиќ од Студентскиот пленум.13552576_1278745482153632_505341580_n

„Ние студентите бевме со кратки маички и рацете ни беа во вис или на земја, додека припадниците на ЕБР беа дојдени со цела борбена опрема и насилно не отфрлија од местото кое што ни припаѓа. Го повикуваме Чавков да ги прегледа снимените материјали кои ги снимаа неговите полицајци, сигурно ќе види дека имало употреба на сила и вулгарно однесување кон студентите“, додаде Туфегџиќ.

На пратеничкото прашање на Стефан Богоев од СДСМ, кој и зошто издал наредба да се тепаат студентите за време на студентските избори на 30-ти јуни 2016 година, министерот Чавков одговори дека наредбата за распоредување припадници на Единицата за брзо распоредување ја издал командирот на полициската станица којшто е избран од Советот на општина Центар. Иако Богоев  побара одговор и колку пари од буџетот беа потрошени за акцијата во која, според него, полицијата на министерот Чавков, тепаше студенти во доцните ноќни часови и директно го прозва министерот дека најмалку што им должи на студентите и на граѓаните е да одговори, зашто, во спротивно, „фрлате сомнеж дека ние или Никола Груевски сте директните нарачатели на ова брутално тепање на студентите од универзитетот ‘Кирил и Методиј’“.

download

„Одговорно тврдам дека не е употребена физичка сила, со присуство на полициските структури е обезбедена заштита на младите луѓе, независно од која страна биле“, рече Чавков.

Туфегџиќ од Студентскиот пленум појаснува дека ЕБР интервенира само за време на вооружена терористичка група или кога има хулигански нереди. „Утре ќе им ја пуштат ЕБР и на децата од градинка, ако решат да протестираат. Се поставува прашањето која е функцијата на обичната полиција, ако за наједноставна работа се ангажира ЕБР“. Таа вели дека Студенскиот пленум ќе ги преземе сите правни надлежности за да се расчисти случајот со студентските избори и со употребата на прекумерна сила од ЕБР.

Веднаш по скандалозното однесување на полицајците, ЦИВИЛ Медиа разговараше и со Јана Нашулова од Студентскиот пленум, која се осврна на тензичната атмосфера, на неправилностите и нерегуларностте и кражбата на гласачките кутии, која кулминираше со интервенција на специјалната полиција од ЕБР пред канцеларијата на СПУКМ, по што Пленумот побара  а сега бараат поништување на изборите за студентски лидер и  демократски избори наесен. Нашулова тогаш ни изјави: „… Седевме со кренати раце и викавме ‘Стоп за полициска бруталност!’, а на тоа ни беше вратено со удирање по нозете, затоа што се трудеа да не истуркаат, не влечеа за да не тргнат, и на крај, бевме одбиени од нивните штитови, па некои од студентите имаме модринки“.

Дехран Муратов

Tags: ЕБРИвана ТуфегМитко Чавков немаше тепање на студентиСтефан Богоев пратеничко прашањестуденсти пленумтепање студенти
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ