• Latest

Туфегџиќ: Нема да дозволиме фалсификување на волјата на студентите на 30 јуни!

June 14, 2016

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Туфегџиќ: Нема да дозволиме фалсификување на волјата на студентите на 30 јуни!

June 14, 2016 17:03
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Студентскиот парламент на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, на 10-ти јуни распиша јавен повик за доставување на кандидатура за избор на Претседател на СПУКМ. Повикот е објавен на нивната официјална Фејсбук страна.

„Почитувани колеги, Ве известуваме дека со одлука на Изборната комисија, беше донесена одлука за распишување на избори за претседател на СПУКМ, во прилог на известувањето го имате и јавниот повик кој го има на сите факултети на УКИМ“, стои во соопштението на Фејсбук профилот на СПУКМ.

Јавниот повик е веќе 4 дена објавен на Фејсбук страната на СПУКМ, а има само 77 лајкови (допаѓања) и 2 шерувања (споделувања).

spukm

Од Студентскиот пленум велат дека повикот за кандидати за претседател на Студентскиот парламент е објавен минатиот петок, односно, на 10 јуни, а рокот за пријавување е до 19 јуни, до кога заинтересираните кандидати треба да соберат најмалку 3.000 студентски потписи.

Ивана Туфегџиќ од Студентскиот пленум за ЦИВИЛ Медиа изјави дека е скратен рокот и можноста за информирање на заинтересираните кандидати и e повредено правото на учество. Таа вели дека изборите се распишани само колку да може да се избере нов ректор на УКИМ.

ivana tufegdzik
Ивана Туфегџиќ, Студентски пленум

„Кирил Спировски распишал избори на 10-ти јуни, со рок за одржување на 30-ти јуни. Во овој академски календар за учебната година, одобрен од Сенатот, се вели дека втората испитна сесија се одржува од 15-ти мај до 15-ти јуни. Универзитетот повторно се реактивира на 15-ти август, со третата испитна сесија. Значи, Кирил Спировски со неговиот нелегален Парламент, се обидува на 30- јуни да фалсификува студентски избори, се со цел да стекне легалност и легитимитет на студентските претставници за да може да се избере ректор. Ние ќе побараме од кандидатите да си ја повлечат кандидатурата за ректор на УКИМ“, изјави претставничката на Студентскиот пленум.

Ваквото однесување на порнешниот претседател на Студентскиот парламент Спироски, според Туфегџиќ е скандалозно, бидејќи времето е кратко, а Правилникот за избор не им е достапен на студентите.

„Студентите се на студентски патувања, завршени им се сесиите и се вратени во своите места на живеење, со што се дискриминирани студентите што живеат во другите градови и не можат да учествуваат во постапката за кандидатура, во која за еден кандидат треба да се соберат три илјади потписи во просториите на Парламентот, за да може да поднесе кандидатура. Зошто само студентите од Скопје да имаат право на учество? Зошто им го ускратуваат правото на студентите што замина на work and travel?“, прашува Туфегџиќ од СП.

Студентите бараат Ректоратот и Сенатот на УКИМ да се вклучат во решавање на студентското организирање, бидејќи сметаат дека се случува груба злоупотреба и фалсификат на студентската волја.

Туфенџиќ не сакаше да открие кои се следните чекори на Студентскиот пленум, меѓутоа, нагласи дека студентски избори нема да има на 30 јуни.

Од Кирил Спироски не добивме одговор на пораката што му ја испративме на Фејсбук.

Д.М.

 

 

Tags: Ивана Туфегџиќ од Студентскиот ПленумКирил СпироскиНема да дозволиме да се одржат фалсификувани Студентски избори на 30 јунираспишување на избори за претседател на СПУКМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ