• Latest
фото: Би-Би-Си / Демонстрантите излегоа во Истанбул во саботата под слоганот „Никогаш нема да шетате сами“

Турција се повлекува од Истанбулската конвенција за борба против насилството врз жените

March 21, 2021
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Турција се повлекува од Истанбулската конвенција за борба против насилството врз жените

March 21, 2021 12:53
in ВЕСТИ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
фото: Би-Би-Си / Демонстрантите излегоа во Истанбул во саботата под слоганот „Никогаш нема да шетате сами“

фото: Би-Би-Си / Демонстрантите излегоа во Истанбул во саботата под слоганот „Никогаш нема да шетате сами“

Share on FacebookShare on Twitter

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја повлече својата земја од меѓународниот договор за заштита на жените преку претседателскиот указ издаден во раните утрински часови во саботата.

Овој потег предизвика шок во една земја која изобилува од високо-профилни случаи на семејно насилство и фемициди. Турција беше првата земја што ја потпиша Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство во 2011 година.

Истанбулската конвенција, именувана по најголемиот турски град, се обидува да спречи насилство врз жени, вклучително и семејно насилство и да донесе крај до законска неказнивост за сторителите.

Нејасно е зошто Ердоган донесе одлука да се повлече од конвенцијата. Турските бранители на женските права протестираа против повлекувањето, додека некои конзервативци тврдат дека тоа им штети на традиционалните семејни вредности, пренесува Си-Ен-Ен.

фото: Би-Би-Си

Јавната дебата околу конвенцијата го достигна врвот во август кога религиозните и конзервативните групи започнаа интензивно лобирање против конвенцијата, жалејќи ја за деградирање на семејните вредности и застапувајќи се за LGBTQ заедницата.

Кабинетот на Ердоган излезе да ги увери луѓето дека повлекувањето од конвенцијата нема да значи заостанување на регулативите околу семејното насилство и правата на жените. „Гаранцијата за правата на жените е присутна во нашите сегашни закони и особено во нашиот устав. Нашиот судски систем е доволно динамичен и силен за да може да спроведува нови регулативи по потреба“, рече на Твитер министерката за семејство и социјални политики Зехра Зумрут Селчук.

Главната турска опозиција овој потег го нарече обид за потиснување на „жените во граѓани од втор ред“ и вети дека ќе ја врати земјата на конвенцијата, велејќи дека сегашната влада не успеа да ги обезбеди правата на жените и децата. „Вие не успевате да го заштитите правото на живот“, рече Гокче Гокчен, опозициски парламентарец на Твитер.

Коалиција на женски групи соопшти дека претседателскиот указ за повлекување од конвенцијата се чувствува како „кошмар“ и со повлекување од конвенцијата владата објави дека повеќе нема да ги штити жените од насилство.

„Очигледно е дека ова повлекување ќе им помогне на убијците, насилниците и силувачите на жените“, се вели во соопштението на коалицијата.

Во Турција нема бројки за фемициди издадени одделно, но невладина десна група на жени вели дека 78 жени се убиени во 2021 година

Насилството врз жените во Турција е „огромна криза со човековите права“ која „ескалира“, изјави турскиот романсиер и активист за правата на жените, Елиф Шафак, во петокот за Кристијан Аманпур на Си-Ен-Ен.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ