Твитер заедницата традиционално веќе седум години спроведува уште една иницјатива, која освен што има натпреварувачки има и хуманитарен карактер.
„Целта на #твитерНагради е да се собереме, подобро запознаеме и да се одберат најдобрите на социјалните медиуми. Минатата година воведовме Фејсбук и Истаграм категории, а она што е во зародиш е влогерството, односно луѓе што снимаат видеа, „Јутјуберите“ кои зимаат силен замав на интернет… Самата иницијатива трае во неколку фази. Има отворени номинации, секој може да се номинира колку сака или да номинира кој сака, на крај се сомираат од секој од 24 категории. За 10 најдобри во категорија се гласа, имаме апликација за гласање на twitternagradi.com еднаш од Гугл и еднаш од Твитер профил. На крај тие добиваат награда“, изјави Виктор Гичев (@vikohyeah), еден од организаторите на оваа иницијатива.
Твитер наградите ќе се доделат на 22 декември, сабота, Кино Милениум, со почеток во 20:30 часот. Мотото останува исто „Од заедницата, за заедницата“, како и претходните шест години.
„Твитер награди никогаш не наплаќале влез. Ставаме кутии за донации со цел кој колку сака да донира. Тие финансии ги донираме на луѓе на кои им е потребно. Се надеваме дека оваа година ќе им помогнеме на повеќе дечиња со здравствени проблеми“, изјави Виктор, зборувајќи за хуманитарниот аспект на #твитерНагради.
Биљана Јордановска
Камера и фотографија: Дехран Муратов