• Latest

Учебната година ќе почне онлајн, освен за децата од прво до трето одделение и за училиштата со помалку ученици

August 18, 2020

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Учебната година ќе почне онлајн, освен за децата од прво до трето одделение и за училиштата со помалку ученици

August 18, 2020 16:12
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Учебната 2020/2021 ќе почне со онлајн-настава освен за  учениците од прво до трето одделение и во училишта со помал број ученици и паралелки во средини со стабилна епидемиолошка состојба, за што општините ќе добиваат согласности од  Владата. Ова беше и конечен предлог на Комисијата за заразни болести, а одлуката денеска на седница ја донесе Владата.

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција рече дека според протоколот, во училницата нема да има повеќе од 20 деца, распоредени на растојание од  1,5 метри, со носење заштитни маски. Наставникот  цело време ќе треба да биде со учениците, нема да излегува на одмор, а почетоците на часовите по паралелки ќе бидат со десет минути разлика за децата да не се среќаваат во ходници и на влезовите од училиштата. За протоколите се веќе информирани наставниците, рече Филипче, додавајќи дека  тие  обезбедуваат мнимален ризик за ширење на вирусот.

Појасни дека инциденцата кај најмалите ученици е околу 3,4 проценти и тие имаат сосема лесна форма на болеста и често се асипмтоматски носители.  Сепак, родителите ќе имаат  можност да изберат нивните деца што се на таа возраст наставата да ја следат и онлајн, зашто во некои  семејства има хронично болни членови (родители, баби, дедовци) или се во категорија од висок ризик.

Вториот исклучок каде што ќе се организира настава со физичко присуство се училиштата со мал број ученици во средини со стабилна епидемиолошка состојба. На барање на општините односно основачите на улилиштата  ќе им се дава согласност, откако барањата ќе се разгледаат во министерствата за здравство и за образование и во Владата, И тука ќе има можност за согласност на родителите.

 

„И покрај крајната цел децата да се вратат во училиштата, се додека  сме соочени со вирусот, мора максимално да бидеме свесни и внимателни да се намали ризикот и  образовниот процес да биде безбеден за децата, наставниот кадар и за семејствата. Образвнието е неспорно, но не треба да го занемариме здравствениот аспект и ризикот од трансмисија во училиштата“, истакна Филипче.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми  посочи дека најмалите ученици ќе следат настава со присуство во училниците и поради важноста на нивниот социоемоционален развој.

„Освен овие два исклучока, ученици од прво до трето одделение и училишта со мал број ученици, за другите ученици наставата ќе биде онлајн со двонасочна комуникација. Продолжува да се надградува платформата Едуино.мк, на која се ставаат видеолекции и ќе има теми и материјали во согласност со наставната програма за првото полугодие и тримесечје. Во меѓувреме, со Министерството за информатичко општество и администрација се работи на унифицираната национална платформа за учење од далечина“, рече Адеми, нагласувајќи дека ова било тешка одлука и донесена низ бројни  консултации и со инклузивен пристап за најбезбедно решение.

Додаде дека за почетокот на учебната година и за наставните часови, за кои се подготвени предлози да  траат по десет минути пократко од регуларните (30 минути во основно и 35 минути во средно образвание) дека треба да се направат измени на законите за што е потребно да функционира Собранието.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ