Вистинските пријатели на Украина беа наградени со благодарници од Амбасадата на Украина за нивниот личен принципиелен став во однос на поддршката на Украина во борбата против руската агресија, како и за значителниот придонес во обезбедувањето хуманитарна помош за нашата држава како резултат на руската војна против Украина.
Меѓу наградените беше и претседателот на Цивил, Џабир Дерала, на кого амбасадорката Задорожњук му предаде благодарница за напорите кои ги вложуваат тој и организацијата за да се спротивстави на руската дезинформација и пропаганда за време на бруталната агресија врз Украина.
Амбасадорката Наталија Задорожњук по тој повод изјави:
„Им благодариме на искрените пријатели на Украина за вистинската практична помош. Украина се бори и задолжително ќе победи, вклучително и со ваша помош, која исто така е неопходна. Ние навистина го цениме тоа. Вистината е на наша страна. Заедно ќе победиме!“