• Latest
Добро утро со Орданоски

Умри машки?!

March 18, 2019
Фото: Скриншот ЦИВИЛ Медиа

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Умри машки?!

March 18, 2019 07:28
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]М[/dropcap]ене ми личи дека апелите на професорката Силјановска СДСМ да не ѝ ги извртува изјавите во негативен контекст се, всушност, пораки до нејзините политички покровители од ВМРО-ДПМНЕ да ја намалат екстремноста на својот пред-политички речник. Јасно ѝ е и нејзе дека е непримерен речникот на Мицкоски за судењето на насилниците од 27 април со споредбите со Нирнбершките процеси – токму во деновите кога се одбележува годишнината од Холокаустот во Македонија – како и на Јанушев дека, додека македонските „патриоти“ ќе лежат в затвор, убијците од „Монструм“ се шетале на слобода – како тоа да има врска едно со друго, особено што и „Монструм“ е уште еден, маркантен случај во кој замешателствата на претходната (како и во случајот со „Диво насеље“), вмровско-дуиевска власт се сè уште под правосуден третман?!

Тој вид на потпалувачки, крајно-десничарски вокабулар, кој претходно ескалираше со валканата пропаганда за „крвавите раце на Заев“ и со изоставувањето на етничките албански гласачи во повикот да се гласа за Силјановска, се исклучително опасен развој на предизборната конфронтација на која инсистира ВМРО-ДПМНЕ. Дури и Американците и Германците мораа да му закачат две-три заушки на лидерот на опозицијата, за тој малку да се совземе и да се „симне на земја“ во својот предизборен занес.

Па и самиот изборен слоган на Силјановска – „Гордана Силјановска Давкова е жената која во април машки ќе се бори во претседателската трка“ – е една типична десничарска, силеџиска, мизогена глупост според која не може жена од ВМРО-ДПМНЕ, евентуално, да победи на избори, доколку не покаже машки хормони или барем тетоважа со кама и нагант на бицепсот. Тиквари. „Умри машки“, работава. А изборниот спот ѝ се вика „Една жена ветува промени“… На што? На полот?

Мицкоски непромислено, заради свои партиски потреби, ја притиска Силјановска да го застапува „груевизмот“ во судирот со „заевизмот“ на претседателските избори. Затоа е речникот хистеричен, за да се „набилда“ контрапунктот на „груевизмот“, оти се свесни дека на тој наратив за „заевизмот“, со сите глупости на СДСМ и самиот Заев во власта, ќе му треба уште многу „квасец“ за да узрее како изборна понуда. Сепак, Силјановска тоа го голта со кутлача, иако со оглед на нејзината биографија и на општата интелектуална појава сосема не ѝ прилега, па мораат да ѝ додаваат политички тестостерон за да може тој товар предизборно да го „подигне“.

Но, многу ме интересира дали г-ѓа Силјановска ќе го повикуваше својот противкандидат Пендаровски на ТВ-дуел, за да ги расчистеле прекршувањето на „процедуралните правила“ од судењето за 27 април, доколку се случеше следново: на повик на Заев, од која било причина, да не се седи дома „во папучи“, да се собереше толпа од неколку илјади негови празноглави поддржувачи пред палатата на ВМРО-ДПМНЕ и, во организација на високи безбедносни и партиски структури, со асистенција на Муковски од внатре, да влезеа, да искршеа сè пред себе и да премлатеа дваесетина видни и помалку видни функционери на опозицијата, а Мицкоски да го влечеа онесвестен и целиот во крв по мермерот, мислејќи дека го отепале, во немо присуство или активна асистенција на десетици маскирани и немаскирани полициски службеници…

Дали и тогаш, наместо јасно и недвосмислено да го осуди тоа, хипотетичко, ужасно насилство, Силјановска ќе се занимаваше со „травестијата на правдата“ заради евентуалните процедурални пропусти на судењето на злосторниците? Или професорката мисли дека правдата е концепт којшто единствено зависи од почитувањето на правото, без потребата од јасни морални позиции за она што е добро и лошо во општеството? Тоа, можеби, би доликувало за избори на декан на правен факултет, а не на претседател на држава.

Многу е провидна замената на тезите да се разговара за процедурата во судењето на обвинетите за тероризам, без директна и недвосмислена осуда на нивните насилства. Дури и без разлика што ќе се случува со неправосилните пресуди од овој судски процес кај повисоките судови во земјава.

Се чини дека и на Пендаровски би му било попаметно да не влегува во заострување на својата реторика. Тоа не значи да не се занимава со ставовите на конкурентот, но да не се впушта во здодевната, а интензивна партиска престрелка помеѓу вмровците и сдс(м)овците, со речник кој наликува на осиромашен ураниум.

Има уште надеж дека овие претседателски избори нема да се претворат во вербална и политичка „граѓанска војна“. Од тоа би имале корист само оние кои сакаат што помалку граѓани да излезат на гласање на денот на изборите.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share421TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ