Затворениот базен во Струга, град што претендира да биде туристички центар, со години е срам за локалната власт, но и за сите граѓан(к)и.
Граѓанските новинари Горан Карафилоски и Амдија Емини од Кичево и Емин Рустемовски и Елзана Кадриеска од Струга, на семинарот во состав на проектот “Граѓански објектив“ што се одржа во Струга на 18-ти и 19-ти март 2017, на работилницата во практичниот дел од обуката, направија видео-прилог за состојбата во која веќе со години се наоѓа затворениот градски базен во Струга, за неисполнетите ветувања и за невидениот резил.
Тие разговараа со Ацо Ѓуроски, професор и пливачки тренер од Струга, кој се осврна на последиците за пливачкиот спорт во Струга и Македонија, како и за бројните таленти од струшкиот пливачки клуб, поради долгогодишното нефункционирање на базенот.
Новинар: Горан Карафилоски
Фото и видео: Елзана Кадриеска