• Latest

Уште два дена за приближување на ставовите со Бугарија

November 15, 2020

Реакции: „Благодарниците се за да не си даде оставка“; „Катастрофа, за нерешени убиства, пожарот во Кочани, секој ден сообраќајки?“…

May 15, 2025
ФОТО/ Претседател на Собрание на Северна Македонија Африм Гаши

Гаши: До Собранието не е доставена оставка од Таравари, ниту предлог за гувернер на Народната банка

May 15, 2025
Фото: скриншот Х

(Видео) Инциденти меѓу демонстранти и полицијата на влезот на судот во Нови Сад

May 15, 2025

Медиумски takeover ден посветен на важноста на семејството во животот на секое дете

May 15, 2025

Тирана домаќин на европскиот Самит; Ќе присуствуваат 47 лидери од целиот континент

May 15, 2025
Фото: ФБ meKreshnik Bekteshin

Бектеши во куќен притвор

May 15, 2025

Косовските партиски лидери на конултативен состанок кај претседателката Османи

May 15, 2025
Додик/Стевандиќ

Политичка симбиоза во Република Српска: Вето врз одлуките на Претседателството

May 15, 2025
Фото: МИА

Претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски

May 15, 2025
Фото: Претседател на Украина

Руте: Мировните напори меѓу Украина и Русија би можеле да постигнат напредок во рок од 2 недели

May 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Уште два дена за приближување на ставовите со Бугарија

November 15, 2020 10:24
in ВЕСТИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

До одржувањето на состанокот на Советот на министри на ЕУ во вторник Северна Македонија и Бугарија ќе разговараат за да се избегне вето за нашиот почеток за преговори со ЕУ и одржување на меѓувладината конференција. Засега се уште не може да се предвиди каква ќе биде одлуката на Советот во вторник, пренесува МИА.

– Се уште се пред нас уште три дена, ќе работиме до последниот момент да аргументираме дека процесот на европските интеграции не е процес којшто е важен само за Република Северна Македонија, туку и за Бугарија и за сите земји – членки на Унијата, пред се и за кредибилитетот на Унијата, но и за регионалната динамика, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој не откри кои иницијативи се прават или ќе се прават наредните три дена за да се прибилижат ставовите со Бугарија и да се најде решение, но нагласи дека останува ставот оти нема да се откажеме од овој процес до последниот момент. Според Османи, постигнат е напредок во многу прашања, дури, како што посочи, седум-осум што биле сензитивни за едната или за другата страна.

Во моментот, истакна, немаме конкретна иницијатива, меѓутоа МНР ја подготви платформата за комуникација во овој период и ги создаде каналите. Османи подвлече дека сепак одлуките ги носи државниот врв, Владата заедно со другите чинители.

Според шефот на дипломатијата, има простор да се објаснуваат прашањата како што е дека краткото име не претставува референца кон историскиот регион Македонија, туку кон државата Северна Македонија, и не е спорно дека краткото и долгото име на државата, рече, се реферираат на овие државни граници на Северна Македонија. Прашањето за рехабилитацијата на жртвите од комунизмот, прашањето за немешање во внатрешните работи на соседите, на економската соработка, создавање акциони планови за инфраструктурното поврзување помеѓу држави, се прашања за кои има простор да се разговара. За овие прашања досега немало разговори, рече, но да оставиме овие три дена да видиме дали ќе се најде заеднички јазик.

– Мислам дека со тој начин се постигнуваат заеднички позиции, но не може да предвиди дали тоа ќе биде доволно за да се подолжи европскиот процес понатаму. Тоа сепак не зависи од нас, ние направивме и правиме се што е во наша моќ. Имаме одличен извештај на ЕК, оценети сме како најдобри кандидати во регионот, изјави Османи.

Оцени дека никој не може да очекува оти во три дена ќе се надминат разликите што траат со децении помеѓу двете држави, туку, појасни, враќањето на довербата во процесот почнат во 2017 година дава резултат.

Османи рече дека не може да предвиди што ќе бидат одлуките на Советот за општи работи во вторник,.

– Бидејќи во моментот нема договор, не можам да предвидам дали ќе има договор до вторник кога ќе се организира конференцијата, рече Османи.

Не сакаше да ги коментира бугарските позиции и истакна дека нашите позиции се јасни, а целта е пријателство, добрососедство, меѓусебно  почитување, имплементација на одредбите и инструментите од договорот, гаранција дека овој дговорот е единствениот механизам за надминување на разликите.

Во однос на комисиите, потсети дека е утврдена агенда за наредните пет средби во текот на идната година, со тоа што една од тие средби би била уште оваа година во декември со одредени нови технички правила во функционирањето на Комисијата. Османи изрази надеж дека оваа агенда ќе се реализира.

Шефот на дипломатијата вели дека во изминатите три месеци имаше интензивна комуникација на сите можни нивоа, не само во Скопје, туку и надвор, за постигнување заедничко решение со Бугарија.

Бугарија на последниот состанок на амбасадорите на ЕУ на 6 ноември се спротивстави на усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија. Софија го изсвести Брисел дека не е во можност да ја прифати предложената рамка за преговори и придружната нацрт-декларација со образложение дека не ги даваат потребните гаранции за исполнување на поставените бугарски услови. Бугарија има забелешки за неспроведување на Договорот за добрососедство, за историски прашања, но и за македонскиот јазик и идентитет.

Советот за општи работи на ЕУ на кој треба да се усвои преговарачката рамка, првично беше закажан за 10 ноември, но беше одложен за 17, што им даде дополнително време на Скопје, Софија и на германското претседателство како медијатор да ги приближат позициите и да постигнат заеднички прифатлив договор, со што би се отстраниле бугарските резерви.

Во меѓувреме бугарската Влада ја утврди позицијата за преговарачката рамка 

Бугарската Влада во петокот на вонредна онлајн седница го утврди ставот на официјална Софија за преговарачките рамки за пристапување на Северна Македонија и на Албанија во ЕУ, што треба да бидат разгледани на состанокот на Советот за општи работи на 17 ноември, соопшти владината прес-служба.

– Бугарија е меѓу најсилните застапници на процесот на проширување на Европската унија. Нашата земја ја крена темата високо на агендата на ЕУ за време на нејзиното претседателство со Европскиот совет во 2018 година. Европската перспектива е најсилната мотивација за транзиција кон демократско владеење и пазарна економија на Западен Балкан, се вели во кусото соопштение од владиниот состанок.

Повеќе информации не се соопштуваат, ниту пак детали во врска со утврдената позиција.

Бугарскиот претседател Румен Радев, пак, бара да се отвори посебно поглавје во преговарачкара рамка за Северна Македонија во кое ќе бидат содржани сите критериуми за добрососедство.

Според него, Бугарија пред се мора да ги брани својата историја, јазик и идентитет.

– Никој освен ние самите не можеме да го направиме тоа. Убеден сум дека отворено соработувајќи со нашите соседи и браќа, ќе го најдеме вистинското решение, но бидејќи Договорот за добрососедство не води кон нив, имаме право да бараме други средства. Бугарија не е кандидат за членство, туку Република Северна Македонија. Таа мора самата да одлучи дали ќе продолжи со идеологиите на омраза од минатото или ќе започне демократски развој, изјави Радев за БНТ.

Тврди дека тој ја убедил Владата на Бојко Борисов дека не може да има безрезервна поддршка за Скопје и оти на негов предлог во Парламентот во Софија е усвоена националната рамка со „црвените линии“.

На прашањето дали е можно Бугарија и Северна Македонија да најдат решение до вторник за кога е закажан состанокот на Советот за општи работи на ЕУ, Радев вели дека е збнувачки молкот на бугарската Влада.

– Таа нема јасно изразено противење. Има правилни позиции, но нема јасни механизми со кои треба да да се постигне целта, рече бугарскиот претседател.

Политичкиот аналитичар и основач на Европската иницијатива за стабилност, Гералд Кнаус во интервју за Бугарското национално радио изјави дека Република Северна Македонија е единствената земја за која Европската комисија е категорична дека може да започне преговори.

-Ако земјата за која ЕУ верува дека е најдобро подготвена да го започне преговарачкиот процес повторно е блокирана поради билатерални проблеми, тогаш целиот регион ќе страда, оцени Кнаус.

Колку е опасно кога политичарите во регионот ќе престанат да веруваат во европската перспектива може да се види на друго место, источно од ЕУ, каде се водат војни и каде националистите тврдат дека ЕУ е „фата моргана“, додаде тој.

Кнаус нагласува дека ако Бугарија инсистира Република Северна Македонија да го прифати бугарското толкување на историјата во последните 100-150 години, треба да знае дека тоа е „изгубена работа“. А, ако тоа навистина стане услов за почеток на преговори, тогаш нема да има преговори.

Според него, владата во Скопје има само една опција – и покрај блокадата, да продолжи со реформите, да продолжи со соработката со ЕУ за да се приближи до членството. Во спротивно, земјата ќе западне во политичка безнадежност.

– Бугарија нема да добие ништо друго освен непотребна напнатост со соседот и недоразбирање од страна на европските партнери. Нема победници во овој спор. Нема македонска влада што признава дека идентитетот на нејзиниот народ е комунистичка измислица, истакнува Кнаус.

За тоа дали Германија како претседавач со ЕУ и најмоќна земја во ЕУ, може да помогне да се решат отворените историски прашања, тој смета дека Берлин е од помош, но не со притисоци.

– Единствениот излез е сите да признаеме дека Бугарија има свое читање на историјата, што е различно од толкувањето во Република Северна Македонија. Ова не значи дека бугарското гледиште е погрешно или невистинито. Ниту, пак, дека Бугарија треба повторно да ја пишува својата историја. Но, тоа сигурно значи дека Бугарија не може да побара од својот сосед да прифати бугарско толкување на историјата. Актуелната македонска влада е најдобриот можен партнер за Бугарија. Обратната страна на медалот е намерната и бесецелна манипулација со историјата што ја видовме во времето на Никола Груевски, вели Кнаус.

Компромисот, според него, треба да се бара во соработката на сите полиња и повеќе контакти меѓу луѓето од двете страни на границата.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ