• Latest

Успешно заврши Главната планирачка конференција за 19-тата НАТО вежба „Република Северна Македонија 2021“ во Охрид

June 17, 2021

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Успешно заврши Главната планирачка конференција за 19-тата НАТО вежба „Република Северна Македонија 2021“ во Охрид

June 17, 2021 10:29
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со успешното завршување на Главната планирачка конференција за 19-тата НАТО вежба „Република Северна Македонија 2021“, Македонија на есен ќе ја има таа чест да биде домаќин на вежбата, а Центарот за управување со кризи (ЦУК) организатор во партнерство со Евроатланскиот координативен центар за одговор на катастрофи (ЕАДРЦЦ).  На Конференцијата при штабните и теренските активности активно учествуваа во работа за планирање на вежбата околу 140 претставници од 17 држави и од три меѓународни организации.

Вклученоста во претстојната НАТО вежба во нашата држава би требало да претставува привилегија за сите учесници, бидејќи претставува одлична можност за поддршка на националните власти и градење на нашите капацитети преку подобрување на готовноста за реагирање и менаџирање на кризи предизвикани од природни катастрофи и катастрофи предизивикани од човек, подобрување на планирањето, превенцијата и одговорот, и со тоа ќе се зајакнат националните капацитети за одговор при итни ситуации. Тоа го потенцираше и в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов и при своето официјално обраќање, нагласувајќи дека во овој контекст, Центарот за управување со кризи постојано работи за зголемување на ефикасноста систем за управување со кризи, истовремено обезбедувајќи функционално единство на националните институции, локалната самоуправа, невладиниот сектор и академската  заедница, а дека ваквите меѓународни вежби за справување со кризи се и долгорочниот придонес кон регионалната и евроатлантската безбедност и стабилност

Претставниците на главниот планирачки тим на НАТО како и националниот тим, на крајот од Планирачката конференција во Охрид, како што нагласи директорот на вежбата од македонска страна,  д-р Урим Вејсели, според теренските и конференциски согледувања на сценариските вежбовни задачи ги декларира и силите и ресурсите коишто ќе ги ангажираат од своите земји за претстојната голема вежба за заеднички одговор при природни катастрофи.Притоа, на конференцијата и преку теренски и преку конференциски опсервации се планираа и глоблалните менаџирања на раководења, а и деталите за барање и спасување, поддршката и логистиката, цивилно – воената координација, искуствено осознавање и работа преку виртуелната реалност, можностите за прекуграничен транспорт во спасувачки мисии, координација на заеднички воздушни активности со воздухоплови без екипаж (квадкоптери – дронови) и други можности и ситуации важни при координирана акција при катастрофи. Во таа насока е и заедничката меѓу тимска интернационална вежбовна употреба на НИКС – Напредна генерација на команден систем за управување со инциденти (NICS) што Центарот за управување го развива и е носител на оваа НАТО активност во Македонија и во Регионот.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ